Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 601765 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8460
  • Плинаш!!!
Ќе стават надворешен

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Се осеќа пловење зошто не знаат да направат рамна кошулица, а и нема да се научат. Инаку тој тип на паркет е направен да се мести на филц.  Но, за да немаш нервози подобро да се залепи.

Во што се кладиме дека не се осеќа пловење?

Ако се залепи е секако најдобра опција, но ако не се залепи, а има добра кошулица, што и да сакаш да правиш во иднина немаш проблем.

Не пловење ама ќе крцка како старо бифе. Треба ептен добра кошулица за да биде ок. Не велам дека нема да биде, ама се сомневам дека кошулицата ќе биде 100% рамна посебно кај врати, радијатори и слично. Должината
на едно парче е 1.5 метри и некаде ако е нерамно ќе крцка, а нема да се оправи брзо дека е дрво и не се деформира како ламинат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55367
  • Махер
А кој менува инсталација по 10-15г. Такви промени може да се потребни по 40-50 години.

Ако станот користи централно парно (не се грее на струја) и по толку години може инсталацијата да е читава т.е. изолацијата на каблите да е ок.
Секако веќе сите се на инвертери кои влечат 300-1100w така да и над тоа ќе тера.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Смешно е тоа. 15 м2 за 9000 евра во Штип, па и за Скопје е многу. До 5-6 илјади е ајде да речеме ок, но барем 17м2 .

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7957
Мал парадокс. 2019-та платив поефтино квадрат стан, отколку сега квадрат за паркинг место.


Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
А квадратура на паркинг место како сите југо 45 да возат, да не можеш од кола да излезеш ако комшијата е паркиран.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11907
  • Архитект
Сум пишал неколку пати, ќе пишам пак.
Таа е цената за подземен паркинг било каде. Во Скопје, во Штип или Битола.

Никој не прави ќар на подземните паркинзи, ги продаваат колку кошта да се изгради подрумот.
Толку кошта да се направи подрум -2/-3 нивоа.

Еве еден пример од една малечка зградичка во Центар на Скопје.
Основа на зградата е 120м2 - подрумот за паркирање е од прилика 130м2. За да го изградам тој подрум ќе ме кошта околу 40-50 000 еур. Кога ќе се додаде лифт за возила и сите тракатанци. Стигаме до сума од 60 - 70 000 еур.
Таму собира само 3 возила.
Значи еден паркинг ќе биди 20к+ еур. Среќа не се оди длабоко па да се појават проблеми од вода или да се прави заштита на комшиите затоа што се е лепенка.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7957
А квадратура на паркинг место како сите југо 45 да возат, да не можеш од кола да излезеш ако комшијата е паркиран.

Нема поголеми, и да сакаш. Среќа е што најдов 2 места, едно до друго, без комшии лево и десно.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
Кога ќе ми текне дека во 2019 за 12к евра зедов 36 квадрати гаражно место, и тогаш тоа се водеше за скапо, подобра инвестиција од самиот стан испаднаа.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9268
  • Пичлеме

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Мултикукер фор д вин. Ер фраер е за луѓе што сакаат помфрит и пилешки крилца. Мултикукер е за луѓе што сакаат телетина под сач.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
Релна за на маса, греач и вентилатор има исто како и секој нормлен нов шпорет. Тој е процесот на готвење. Релната ќе загрее 5-10мин побавно, ако се немаат 5-10 мин време значи немаш време за печена работа.
За немање време е микробранова и индукција.
Единствена практичност гледам за некој самец или пар што се дупка од готвење колку да се израдуваат дека помфрит од готовиот испеклњ во ерфраерот и виџис со парче стекче или риба.
Или пак за на одмор, каде што повеќето студиа имаат само рингла за кафе и супа.
Ако веќе мора да се купи некој гаџет многу попаметна опција е Мулти Кукер бидејки ако не грешам е експресен лонец со греач и програми. Исто може да се готви свашта по одмори и со него.
Цената мислам е идентична како некој просечен експресен.

Во нашиот ер фраер ставаме цела кокошка за печење.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6486
Го вадиш пилето па ставаш пол кило компир, па вадиш тоа ставаш ориз и така два три саата после вадењето на кокошката ручекот е спремен :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
Го вадиш пилето па ставаш пол кило компир, па вадиш тоа ставаш ориз и така два три саата после вадењето на кокошката ручекот е спремен :D

Кокошката во ер фраер, компирот во рерна. Различно време на готвење им треба. Или спремаме месо во недела за да има за неколку дена, па после гарнир си спремаме ден за ден.

Имам и sous vide апаратче, и тоа е топ за meal prep.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6486
Различно време сака ако си модерен, ако сакаш оризот, компирот да потсеќа на она што бабите ни го готвеле како деца, се во една тава, тоа малце послабо со фраерот.
Али добро е, чим го користиш како втора рерна, тоа е тоа :D Су вид е убав ќеиф.
Јас во станот сум на две рерни, обични работи како компир дома, мирижливи во шпоретот на балкон :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html