Не знам дали имате деца, мислам спомнав некој пост погоре, одење по родендени речиси секој викенд, кај другарче од школо, еве сеа почнаа во градинка (мада глупост ми е ова со градинките ама ајде), чокладо да земеш е 300-400 денари. Значи 500че од дете. Еден викенд тоа ти е 1000че само за роденден.
3-4 родендени месецов, отидоа 4000 денари.
Поголемиот еве оди на Кликер тоа е 2500 денари месечно, плус 1500 денари карате, помалиот и тој на карате 1500. Плус англиски за големиот 1500.
Значи за вакви работи 10-12 000 месечно одат, ќе ставиме ете 180 евра.
Кредит што вика Филип 300-400 евра е минимум.
Сметки околу 200 евра.
Значи без храна и транспорт тебе ти летаат 700-800 евра.
Храната безобразно скапа ја направија и еве за четиричлено семејство 1000 евра не те расправаат, збораме за нормално храна. Едно одење во маркет под 1000-ка не си за основни потребштини. Зборувам за Стокомак, КАМ, таквите маркети, не дај Боже Тинекс да влезеш или Веро.
Кај е гориво? Кај е регистрација?
Сакаш да одиш на одмор, треба гуми да смениш на колата, годишен сервис, голем сервис... се расипало нешто по дома, мајстор треба да викнеш за нешто ...
И ми кажувате 2К ви требало за кафани ако одите.
Ако ако на ова треба плус кредит да го средите станот? Сте ги виделе цените за една кујна да направиш? Спална? Да купиш гарнитура?...