Автор Тема: Правила на форумот  (Прочитано 170768 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29629
    • CARclub.mk
Правила на форумот
« на: 14 Ноември 2010, 21:07:07 pm »


1. Администраторите и модераторите управуваат со форумот. Коментар или забелешка може да се даде во форумот за комуникација со администратори, или преку приватна порака.

2. Секакво навредување по пол, верска, сексуална, политичка или било каква определба е забрането. Тука сме да се дружиме, да се сакаме и да се држиме за раце. При вакви ситуации, прво опомена, па после бан. Колку ќе трае банот зависи од администраторот. Ако администраторот заборави дека ве банирал - траен бан!

3. Пишување на кирилица не е обавезно, али е препорачано. Нема да мрчиме ако некој пишува на латиница.

4. Пред нешто да напишете, размислете. Обидете се да користите големи букви, интерпункциски знаци и останати граматичко-синтактички помагала за полесно читање.

5. Забрането линкување кон тројани, вируси и останати штеточини. За ваква работа се добива перманентен бан.

6. Линкови во потпис се дозволени, како и линкање до други страници/форуми. Не сме како некои други форуми, меѓутоа, да не се злоупотребува ова.

7. Намерно спамирање со цел зголемување број на постови се казнува. Можеби со бан, но сигурно со исмевање на следниот собир.

8. Забрането е регистрирање повеќе јузери. Ако приметиме нешто такво, соодветни мерки ќе бидат применети.

9. Забрането е ставање несоодветни слики за аватари и во потписи.

10. За лични муабети постојат приватни пораки.

11. Оф-топик е забранет. Се дозволува одредено избегување од оргиналната тема, но не претерано.

12. Гледајте да пишувате точни и проверени информации, особено кога станува збор за технички дискусии. Може да се случи член да ги следи вашите совет и да дојде до оштетување на неговото возило.

13. Забрането е договарање на нелегални трки.

14. Кога ќе се поднаполни форумов, ве молиме користете ја Search опцијата пред да поставите ново прашање. Можеби вашето прашање е веќе одговорено.

15. Не морате да ги презентирате вашите возила на форумов, али поставување на слики и опис од вашите коли се смета за лепо понашање.

16. Забрането е пишување со вклучен CAPS LOCK т.е. пишување само со ГОЛЕМИ БУКВИ. Големите букви значат викање, а никој не сака кога некој друг му вика, нели?

17. Доколку копирате / постирате содржина ископирана од друга веб-страница или форум, обавезно наведете го изворот. Така се заштитуваме ние, а и тие кои ја напишале оригиналната соддржина.

18. Забранет е double-posting. Ако веќе сте напишале мислење, и сакате да го дополните, можете да ја искористите опцијата „Измени“. Одговарање на вашиот пост веднаш откако сте го напишале ќе се смета за double-posting и ваквите постови ќе бидат избришани доколку е потребно.

19. Кога одговарате на пост, нема потреба од цитирање ако одговарате веднаш по постот. Ако одговарате после неколку постови, можете или да цитирате, или да напишете @тојитој. Нема потреба да цитирате ако на пост од 20 реда одговарате со 2 реда текст. Полесно е да напишете @тојитој или да го цитирате само релевантниот дел од постот.

20. Ако сметате дека некој пост или тема не е во ред, можете да ја пријавите. Коментарите од типот на „јас мислам дека ова треба да се избрише“ се непотребни. Модераторите ги читаат сите постови и теми на форумот, и иако може да ни се случи да ни кидне нешто, воглавно следиме што се случува.

21. Приватни муабети во јавни теми и муабети од типот „еј, абе каде учиш, го знаеш ли овој или оној“ не се потребни во јавни постови, па уште бетер ако тераат оф-топик во теми во кои што не припаѓаат. За такви постови ја имате Рекла-Казала темата, а уште подобро имате приватни пораки.

22. Сите корисници користат никнејмови (кориснички имиња), кои ни даваат одредена доза на анонимност, барем пред луѓето кои го читаат форумот а не се редовни и не ги знаеме од собири и дружења. Можеби некој не сака да го викате по име јавно, кога веќе си има избрано надимак. Пред да му се обратите на некого по име, прашајте по ПП дали може да му се обратите по име јавно.

23. Максимални дозволени димензии за слики во потпис се 500 х 100 пиксели, со мала толеранција. Доколку потписот е преголем (во димензии, или во мегабајти) ќе биде отстранет со или без претходна најава.

24. Забрането е поставување експлицитна содржина.

25. Забрането е линкување кон пиратски софтвер и содржини (торенти, итн).

26. Забрането е повикување кон насилство.

27. Бидете фини и расположени.

Правила за Пријателите на CARclub:

1. Доколку постои конкуренција помеѓу некои од пријателите на CARclub, ве молиме да не пишувате во форумите/тредовите на конкурентите. Тоа е нефер однесување, и сите такви постови ќе бидат бришени.

2. Ви оставаме самите да изберете дали побараните цени ќе ги испратите во јавна тема, или по приватна порака.

3. Слободно рекламирајте ги вашите продукти и проекти, но во сопствените форуми.


Нели, можеме да ги менуваме правилата без претходна најава (али ваљда нема да има потреба). Се надеваме дека ќе се придржувате до правилата, и сите ќе имаме убав и пријатен престој.
« Последно менување: 15 Октомври 2015, 14:45:39 pm zeroSignal »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29629
    • CARclub.mk
Одг: Правила на форумот
« Одговори #1 на: 09 Февруари 2011, 13:37:55 pm »
Измени во правилата на 09.02.2011. Додадени се правила за Пријателите на CARclub.mk - благодарам на вниманието.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29629
    • CARclub.mk
Одг: Правила на форумот
« Одговори #2 на: 02 Март 2011, 11:38:17 am »
Измени во правилата на 02.03.2011. Додадено е правило за копирање соддржини од други извори. Поздрав!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29629
    • CARclub.mk
Одг: Правила на форумот
« Одговори #3 на: 17 Октомври 2011, 12:11:58 pm »
Измени во правилата на 17.10.2011. Додадено е правило за double-posting. Благодарам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29629
    • CARclub.mk
Одг: Правила на форумот
« Одговори #4 на: 12 Февруари 2012, 14:04:18 pm »
Измени во правилата на 12.02.2012. Додадени се неколку правила околу културно однесување на форумот. Благодарам.
« Последно менување: 13 Февруари 2012, 08:50:37 am velestrumf »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29629
    • CARclub.mk
Одг: Правила на форумот
« Одговори #5 на: 06 Април 2013, 16:18:23 pm »
Измени во правилата на 06.04.2013. Додадено правило за големина на потпис.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29629
    • CARclub.mk
Одг: Правила на форумот
« Одговори #6 на: 15 Октомври 2015, 14:29:56 pm »
Измени на правилата на 15.10.2015. Додадени правила за експлицитни содржини, линкување кон пиратски софтвер и содржини, и повикување на насилство.
« Последно менување: 15 Октомври 2015, 14:37:36 pm velestrumf »