Сум пишал неколку пати, ќе пишам пак.
Таа е цената за подземен паркинг било каде. Во Скопје, во Штип или Битола.
Никој не прави ќар на подземните паркинзи, ги продаваат колку кошта да се изгради подрумот.
Толку кошта да се направи подрум -2/-3 нивоа.
Еве еден пример од една малечка зградичка во Центар на Скопје.
Основа на зградата е 120м2 - подрумот за паркирање е од прилика 130м2. За да го изградам тој подрум ќе ме кошта околу 40-50 000 еур. Кога ќе се додаде лифт за возила и сите тракатанци. Стигаме до сума од 60 - 70 000 еур.
Таму собира само 3 возила.
Значи еден паркинг ќе биди 20к+ еур. Среќа не се оди длабоко па да се појават проблеми од вода или да се прави заштита на комшиите затоа што се е лепенка.