Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 286185 пати)

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Барав ваква или слична тема (не мислам на темата: куќа или стан) и не можев да најдам, ако има ваква тема админот нека ја префрли таму.
Тргнувајќи од мене, како и многу други, оваа тема ме преокупира веќе доста време. Со сопругата и ќеркичката живееме во гарсоњера во Скопје но мора да се прошируваме. Едно време дилемата беше дали тоа да биде Куманово (по потекло сум од таму) и потоа да патуваме со сопругата секој ден Куманово-Скопје-Куманово (го јадев тој стап како „беќар“ едно 5 години) или да платиме (доста) поскапо за стан во Скопје. Сепак решивме дека ќе биде пренапорно кога би патувале од Куманово.
Пред 3 години за малку не исполнивме услов за купи куќа купи стан, во зградата на Дабар позади Веро и Тинекс на бул. Борис Трајковски, тогаш сопругата не работеше.....да не должам многу, сега полека се активираме на тоа поле.
Цените (најверојатно поради побарувачката) се соленки и затоа секој совет, пред се од лично искуство или искуство од други е добредојден и тоа во поглед на неколку работи:
- Во која банка има најповолен кредит (мада двајцата сме приматели на плата од НЛБ)?
- Дали да се гледа вселив (завршен) стан со повисока цена или да се „брка“ нешто во фаза на проект, пред се заради лимитираниот буџет (кој би се движел околу 55.000-58.000 евра, ако даде банката :) )?
- Плаќањето би било технички во готово (банката си ги префрла сите средства на фирмата и после ти си имаш работа со банката, барем така ми кажаа од банката, а и од некои други слушнав дека е така).
- Станот да биде со 2 спални, квадратура околу 54-60, во Аеродром, Карпош или Кисела Вода.

Еве го моето некое исксутво, во Настел новата во Тафталиџе пред 2 години ми бараа 1150 е/м2, а пред некој ден бев во ЗСФ (Сити Гарден) за зградата (спорна) кај Мајчин дом и во фаза на „ископана недокопана дупка“ бараат 1050 е/м2. Во Кисела Вода (помала фирма) за поткровје ми бараа 1000 е/м2.

Сметам, не мора да сум во право, дека во Аеродром за стан/зграда во фаза на проект или почеток на градежни активности цената не би требало да биде повисока од 900 или плафон 950 е/м2. За Кисела Вода 850-900 е/м2, за Карпош не сум сигурен.
Затоа ја отворив темата, добредојдени се совети и искуства, а може и на некој друг (што е во моја состојба) ќе му помогне.

Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8644
  • Пичлеме
Затоа ја отворив темата, добредојдени се совети и искуства, а може и на некој друг (што е во моја состојба) ќе му помогне.

Имаш ПП.

:)

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
во моментов НЛБ имаат најдобри кредитни услови, ама да си очекуваш дека процедурата си трае 2-3 мисеци
мислам дека треба и учество да имаш (15% најмалку) за да може да подигнеш кредит

во градба е поефтино, но очекувај дека рокот кој ќе ти го кажат ќе биде пробиен во најдобар случај 3-4 мсесеци, во полош 2 години
било кај и да гледаш, гледај за паркинг место или гаража

кисела вода 1000еур/м2 е лудост, секоја чест за тој што би ја одвоил таа сума за таму, па уште и поткровје
пази со имотни листови

ЗСФ прават зграда во Тфталиџе во редот „касарни“ (Гранд престиж, Импексел...), мислам дека ти е подобар избор од Аеродром.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Само немој да се заебеш стан да купиш во К.Вода. Па полоша населба мислам дека не постои, особено ако си во стан. Што подалеку од таму.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Ако купуваш во градба направи си добар преддоговор, затоа што како напиша Марјанот, во секој случај инвеститорот ќе го пробие рокот.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3060
Купувањето недвижност е комплицирана работа каде што повеќе фактори се земаат во предвид:

1. Локација - близина до Центар, близина до супермаркети, близина до градинки/основни/средни школи, близина до големи сообраќајници (брз проток на сообраќај, чистење снег во зима, брдовитост), близина до автобуски постојки...
2. Катност
3. Нова/стара градба
4. Наместен/празен
5. Греење/Ладење/парно
6. Паркинг
7. Зелени површини/кеј

Со секоја од овие точки цената рипа.

Јас лично стан во градба не би земал, а кај нас за жал нема можност да се купи карабина па сам да си го средуваш станот како што сакаш, со каква санитарија/позиција на штекери/каблирање сакаш ти, а не како некој архитект ти наредил да биде.

И преддоговор и све е џабе ако инвеститорот те извиси, ти рата и понатаму ќе си плаќаш а нема да го добиеш тоа што треба, а судовите нормално се спори како судбина + ќе треба да плаќаш адвокат, а нервозите ќе ти се бонус.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Јас кога барав ми понудија опција сам да си бирам санитарија, позиции на штекери, па и внатрешни зидови каде да бидат. Фала богу не може да мењам позиција на носечки стубови, прозори и слично.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Најбитна е локацијата, кон која тежнеете повеќе?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Колку ти е битно да си во центар и колку ти се брза. За таа цена може да се најде и куќа малце понастрана.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1664
Имај на ум дека кај недвижност најголем дел од работите можеш да ги смениш, но локацијата никогаш.
Планирај долгорочно и земи ги во предвид сите работи во секојдневието.
Градинки, школи, маркети, паркови, конекција и слично.
Направи листа на приоритети, за да можеш полесно да прецртуваш во зависност од понудата.


Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Колку ти е битно да си во центар и колку ти се брза. За таа цена може да се најде и куќа малце понастрана.

Пример на локации.?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Добра/лоша населба....не знам све е срање и јас гледав интензивно периодов, секаде е гужва, секаде се гради, секаде е прљаво и загадено, никаде нема доволно зеленило, за паркинг не мора да ти кажувам ако возиш знаеш дека освен сопствена гаража никаде нема гаранција дека ќе најдеш а постои веројатност и да ти ја блокира некое копито гаражата/пристапот па да се расправаш да викаш пајаци полиција итн, ми се случува да се паркирам на километар од дома кога има утакмица во салата Русија пошо дебилите направиле сала со капацитет за 5000 луѓе а направиле паркинг за 100 коли, д.маало, центар, капиштец, козле ужас, по тротоари по ивичњаци, греота мештаните.

Јас би те советувал да си земеш стан во постара зграда, моментално се вратив во стариот стан градба 1989...светлосни години поквалитетна градба и инсталации а и подобро искористен простор, модерниве станови бутаат 3 соби во 50м2 ни ходник ни ништо од влезна врата влагаш во кујна/дневна, тераси или минијатурни за украс или воопшто нема.

Живеев 6 години во 2 различни станови во новоградби една Р.Ц. Аеродром, друга Тафталиџе, се разбира зависи кој е изведувачот на градбата ама новиве што се 700-1000е квадрат се ѓубре, имавме проблеми со електрична и водоводна канализација и инсталација, лифтот се заглавуваше 3 пати на ден (нов ама кинезарија), влезната врата можда 50 пати ја поправаа и пак не се затвараше. Топлотна изолација беше добра ама звучна изолација меѓу становите беше непостоечка до тој степен што се слушаше телефонот на комшијата на вибрации оставен на маса. Дебили што имаа празни станови во зградата не плаќаа за заеднички трошоци па ни гасеа струја во влез па најмивме фирма да го води тоа па и тие искочија неспособни и така.

За купување во изградба....каснеа со клуч на рака 7 месеци, парното се приклучи дури по 1 година, изведувачот според проектот требаше да асфалтира/бетонира паркинг обезбеден со рампа позади зградата, не го направи тоа и ден денес е кал и нема рампа, ова е среќна приказна во споредба со тоа што сум слушал.

Стара веќе населена зграда е најдобар избор според мене. Повеќето приватни продавачи цените ги тресат од ракав, пример стан огласен 75.900 после преговори дојде до цена 67.000....исто како со коливе.


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Браво за предлогов.
Колку ти е битно да си во центар и колку ти се брза. За таа цена може да се најде и куќа малце понастрана.

Отсутен mambo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
covekot prasuva so kredit da kupi stan. znaci stara zgrada ne moze.
pogledaj vo nlb i komercijalna na sajtot ima 10-20 firmi izveduvaci. ako kupis preku niv, duplo pomalo ucestvo ce dades, sto i ne e malku ako nemas vo start dovolno.
jas zemav vo centar kaj univerzalna i moze da ti kazam deka se zeznav. guzva e golema, drvo nikade nema....sega da  zemam bi zel vo djorce. pred mesec bev tamu...milina....se ima