Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 471061 пати)

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Се осеќа пловење зошто не знаат да направат рамна кошулица, а и нема да се научат. Инаку тој тип на паркет е направен да се мести на филц.  Но, за да немаш нервози подобро да се залепи.

Во што се кладиме дека не се осеќа пловење?

Ако се залепи е секако најдобра опција, но ако не се залепи, а има добра кошулица, што и да сакаш да правиш во иднина немаш проблем.

Не пловење ама ќе крцка како старо бифе. Треба ептен добра кошулица за да биде ок. Не велам дека нема да биде, ама се сомневам дека кошулицата ќе биде 100% рамна посебно кај врати, радијатори и слично. Должината
на едно парче е 1.5 метри и некаде ако е нерамно ќе крцка, а нема да се оправи брзо дека е дрво и не се деформира како ламинат.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8242
  • Плинаш!!!
Некој од форумов да користи мулти-сплит?

Прееска рачунав - излегува 2000€ за надворешна од 8KW и една внатрешна од 5, една од 3.5
Додека две клими, една од 5.5KW и една од 3.5 излегува 1500€
Vivax Aeri гледав, мада не ми игра улога, за две години којзнае што цени ќе се.

Повеќе ми е дали да им кажам да стават еден држач за клима или два :)
Ако можеш избегни мултисплит. Причините се веќе познати. Поскапа е од колку 2 клими посебно, многу полесно расипливи а поскапа за поправки и најбитното ако се расипе и двете единици не работат. Исто битна работа е цревото колку е подолго од надворешната до внатрешните единици ( а до едната сигурно ќе биде долго) ќе имаш загуби. Така секогаш едната клима ќе грее или лади повеќе од другата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
А кој менува инсталација по 10-15г. Такви промени може да се потребни по 40-50 години.

Ако станот користи централно парно (не се грее на струја) и по толку години може инсталацијата да е читава т.е. изолацијата на каблите да е ок.
Секако веќе сите се на инвертери кои влечат 300-1100w така да и над тоа ќе тера.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Луѓе, од Штип сум јас, тука е и станот.

Немам потреба (а ни 9000€ вишок) за да ги дадам за подземно место кога самата зграда, а и околината/маалото каде се гради - веќе има многу простор за паркинг (и ќе има). Без разлика што се гради зградата и ќе има нови станари со коли.

Ќе си го уредам станот пиц-пец за таа сума.

Чекааај чекај чекај...

9000 евра е паркинг место во Штип?

What the actual...

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4288
Толку се и Битола, 7 до 9 илјади.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2363
Луѓе, од Штип сум јас, тука е и станот.

Немам потреба (а ни 9000€ вишок) за да ги дадам за подземно место кога самата зграда, а и околината/маалото каде се гради - веќе има многу простор за паркинг (и ќе има). Без разлика што се гради зградата и ќе има нови станари со коли.

Ќе си го уредам станот пиц-пец за таа сума.

Чекааај чекај чекај...

9000 евра е паркинг место во Штип?

What the actual...

Си видел колку се во Скопје?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Centar ima od 15 do 30k €

Ja da imav 40 ke go davav 😂

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Абе 8000 евра летоска во нова зграда ми нудеа во Скопје. Во овие кај ФОН.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2765
Чекааај чекај чекај...

9000 евра е паркинг место во Штип?

What the actual...

И јас се чудев и уште се чудам.
Ама мислам дека ова со цените нема запирање.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Смешно е тоа. 15 м2 за 9000 евра во Штип, па и за Скопје е многу. До 5-6 илјади е ајде да речеме ок, но барем 17м2 .

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7788
Мал парадокс. 2019-та платив поефтино квадрат стан, отколку сега квадрат за паркинг место.


Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
А квадратура на паркинг место како сите југо 45 да возат, да не можеш од кола да излезеш ако комшијата е паркиран.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11880
  • Архитект
Сум пишал неколку пати, ќе пишам пак.
Таа е цената за подземен паркинг било каде. Во Скопје, во Штип или Битола.

Никој не прави ќар на подземните паркинзи, ги продаваат колку кошта да се изгради подрумот.
Толку кошта да се направи подрум -2/-3 нивоа.

Еве еден пример од една малечка зградичка во Центар на Скопје.
Основа на зградата е 120м2 - подрумот за паркирање е од прилика 130м2. За да го изградам тој подрум ќе ме кошта околу 40-50 000 еур. Кога ќе се додаде лифт за возила и сите тракатанци. Стигаме до сума од 60 - 70 000 еур.
Таму собира само 3 возила.
Значи еден паркинг ќе биди 20к+ еур. Среќа не се оди длабоко па да се појават проблеми од вода или да се прави заштита на комшиите затоа што се е лепенка.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7788
А квадратура на паркинг место како сите југо 45 да возат, да не можеш од кола да излезеш ако комшијата е паркиран.

Нема поголеми, и да сакаш. Среќа е што најдов 2 места, едно до друго, без комшии лево и десно.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2363
Кога ќе ми текне дека во 2019 за 12к евра зедов 36 квадрати гаражно место, и тогаш тоа се водеше за скапо, подобра инвестиција од самиот стан испаднаа.