Денес го потпишав пред-договорот, па до банка за апликација за кредит (ми фалат само уште некои документи/заверка кај мене на работа), па да се процесира официјално.
Земав и три листа за пред-бележување (станот, подземното паркинг место (16m2) и подрум(5m2). Подрумот е во продолжение на гаражата, на крајот од паркинг местото има заградено, со врата. Супер е за носење работи од кола у подрум и обратно.
Ќе пишам подоцна што бидна од тоа што сакав да прашам.
@balanar Прво и најбитно - честитки најголеми, слатки маки се овие, со среќа нека ти е, помалку нервози и помалку трошоци и што побрзо да се вселиш!
Топ тип што мислам дека не е спомнат претходно - претпоставувам дека со либето ќе си се вселуваш, али за мир во куќа, слушај ја шефицата како сака да биде опремено
In other news - после години под кирија во Скопје, ми дојде и мене редот да си барам прв стан за купување.
Веќе некое време сум под кирија во центарот на центарот на градот, во Градски ѕид, па откако газдата ја одби понудата да му го купам овој, решив да барам во друга општина.
Барам главно во Кисела Вода, границата отприлика би била до кај Супер Тинекс/Никоб осигурување на Борис Трајковски, па ако вие продавате, или имате ваши луѓе, сторете ми абер во ПП.
За нови станови признавам дека сум уште налбат, па учам паралелно како што барам.
Пример, по читањето назад за Баланар, денес ве обвинувам вас дека ќе си барам и подземно паркинг место
Додуша и муабетот за второ вц ме замисли и сосема има смисла.
Вчера преку Кацкар бев да гледам стан од Трим и Љум кај техничкиот преглед во Кисела Вода, и баш му фрлив око, со таркети, со радијатори, со сите нишани, ама да не се залетувам веднаш.
Паралелно гледам и некои станови во постари згради околу Дом за слепи, за кои надежно нема да има потреба да им влегувам со зоља за реновација.
Имам репетирани луѓе и мајстори nga Gostivare (поздрав
@MartinAlfista 
) само уште станот да се најде.