Не знам за вас, ама јас во нов стан (во градба) ќе ставам барем 25% повеќе штекери. Посебно во кујна, кај што имаш 2-3 штекети, а над 5 апарати во секој момент. Ова зборам за оние што стојат на кујна, не шпорети, фрижидери и слично. И ако сеуште не е направен во тек на зидање дополнителна звучна изолација на гранични зидови и сите кабли од главна кутија до сите електрични места ќе ги ставам во пластични црева како што е во секоја нормална земја (читај ЕУ). По 10 години, сакаш да смениш електрика за еден ден правиш се и имаш комплетно нова електрика (вадиш стари кабли од црева и ставаш нови). Ова е глупост кај нас. Градба 2025, а по 10 - 15 години ќе мора да го демолираш цел стан за да смениш електрика или да се молиш да не се запалиш.