Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 437801 пати)

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 377
Помеѓу два стана ставаат блокови, камена волна (тервол) и двослоен гипс картон.

Ова знам дека не е само на хартија напишано, туку го имплементираат и што се распрашував кај луѓе што имаат станови од истиот инвеститор (и исто реализирано) - викаа дека се задоволни од звучната изолација. Дали ме лажат - појма неам.
Покриен си тогаш прашај само колку цм е камената волна да не ставаат ептен тенок слој

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 660
Помеѓу два стана ставаат блокови, камена волна (тервол) и двослоен гипс картон.

Ова знам дека не е само на хартија напишано, туку го имплементираат и што се распрашував кај луѓе што имаат станови од истиот инвеститор (и исто реализирано) - викаа дека се задоволни од звучната изолација. Дали ме лажат - појма неам.



Кај мене станот мислам дека така беше, комшијата до мене е со дневна/кујна, исто и јас... и двајцата со деца и не се слушаме воопшто со него.... од другата страна спалната ми дели ѕид со дневна на една баба, ја немам слушнато никогаш....

Внатрешно собите се со 2 гипс табли, па камена волна, па уште 2 гипс табли и прилично задоволен од изолацијата. Мнооогу подобро од куќата што ми е само со блокови и малтер....
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2681
Така мислам дека треба и да е овде т.е се гледа на сликите.
И помеѓу становите и помеѓу станот и ходникот на зградата.

Две гипс табли споени - камена волна - блокови - камена волна - две гипс табли.