@balanar Гледам имаш горе доле конкретен план, мој совет е да пресечеш што побрзо, пред се заради инфлацијата, а и да не плаќаш кирија. Штом ќе почнеш твој стан да исплаќаш, секако си во поповолна позиција со секој изминат месец.
Нормално јас кога земав кредит не очекував ваква драстична инфлација, 2019 година, на плата од 30.000 ден рата ми беше 20.000 ден (нормално ја земаа во предвид и платата на сопругата во скоро ист износ како мојата плата, инаку немаше да ни дадат кредит). Не за џабе е вицот „Се поскапува ама среќа кредитот ми е ист“.
Уште еден понов пример, имавме гарсоњера во Скопје, ја продадовме за поголем стан како инвестиција, решивме да реагираме и да го решиме тоа прашање пред одморите лани. За овие 4 месеци, само по цена на квадрат што се качи за 200 евра, сме во „условно кажано добивка“ 9000 евра, како и на паркингот (сега е поскап за 2000 евра). Зградата уште се гради, до вселување уште најмалку 200 евра од квадрат ќе се покачи. Ама тука е друга ситуација, доста средства имавме од гарсоњерата, не беше од 0 како за станот во кој живееме, па може да се каже малку покомотна ситуација.
Во однос на дискусијата за месечни расходи за 4 члено семејство, посебно во Скопје, во последно време 2000 евра се некоја минимална сума со пренесено салдо 0 за нареден месец, секако и ние сме со кредит од отприлика 350 евра. И тоа во момент кога поголемото дете веќе не слави родендени како порано, а помалото е уште мало да слави по игротеки, дома готви сопругата да има за барем 2 дена храна (ова го потенцирам затоа што храната е мислам најмногу поскапена). Зборам да се помине месецот без ресторани, кино, театар, кафиња и сл., со просечен одмор 7-10 дена во Грција во студио/апартман и без зимување. Нормално не се стискаме за секој денар, како што кажа некој да не им пренесуваме транзициски лузни на децата, па и на нас возрасните, ама доста е поскапено се, од стока до услуга.