Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2790430 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Дали новиве камери ќе ги фаќаат шерифиве со веспи што сечат по пешачки, филтрираат сообраќај и возат во контра смер за да скратат пат, или самото тоа што немаат предна табличка не може да ги детектира? Сметам дека може уште еден буџет да наполнат ако се санкционира неодговорно возење, вклучувајќи ги ваквите сабвеј сурверс на скутери, тротинети, точаци па и коли, иако со кола треба ептен амеба да си за да возиш така.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3918
Ќе има многу коли без задна/предна таблица од 1ви Јануари. Исто може и да почната да се крадат таблици и да се вози со нив на друга кола :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1735
Дали новиве камери ќе ги фаќаат шерифиве со веспи што сечат по пешачки, филтрираат сообраќај и возат во контра смер за да скратат пат, или самото тоа што немаат предна табличка не може да ги детектира? Сметам дека може уште еден буџет да наполнат ако се санкционира неодговорно возење, вклучувајќи ги ваквите сабвеј сурверс на скутери, тротинети, точаци па и коли, иако со кола треба ептен амеба да си за да возиш така.
Traffic filtering не е нелегален доколку се прави безбедно, во смисла стојат коли на семафор а моторот минува меѓу нив со мала брзина (до 30кмч) и нема ништо спорно тука. За сѐ останато си во право.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1191
Не е баш се прифатливо. Неможе да е еднаш шак еднаш кола.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7475
Дали новиве камери ќе ги фаќаат шерифиве со веспи што сечат по пешачки, филтрираат сообраќај и возат во контра смер за да скратат пат, или самото тоа што немаат предна табличка не може да ги детектира? Сметам дека може уште еден буџет да наполнат ако се санкционира неодговорно возење, вклучувајќи ги ваквите сабвеј сурверс на скутери, тротинети, точаци па и коли, иако со кола треба ептен амеба да си за да возиш така.

Да, стварно најголем проблем се шерифите со веспи. Да умрат до 01.01 најубаво ќе е, да се раатисате од најголемиот проблем во скапаниот сообраќај. ;D

Една скапана кола заглавена на раскрсница на црвено што влегла прави 100 пати поголем проблем од веспите. Сообраќајот се распаѓа во секој можен аспект, баш веспите сега проблем се.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5798
Во неполн месец два пати кокошки ќе ме изгазеа за влакно на пешачки во Битола, едниот пат на пешачки кај Шик Лавци на мое зелено ја нагази од горе едвај прерипав на другата страна од улицата.
Вториот пат кај Водовод, врвам на сред пешачки сум, ја гледам во пунтото се гледа лево десно дали има возила и ја нагази за на кај фонтаната, отскокнав малце и само со ретровизорот ме удри, милисекунда да бев побавен вероватно ќе ме возеше на хауба.
За престројување рандом од една во друга лента веќе не е ни за муабет. Ако видам коса почнав да се маткам во моја лента оти немојш да знајш кога ќе и текни да повози во другата.
Стварно не знам како земаат возачки, нешто со ботоксот во муцките има врска изгледа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34225
  • Таков е животот... јебига
Traffic filtering не е нелегален доколку се прави безбедно, во смисла стојат коли на семафор а моторот минува меѓу нив со мала брзина (до 30кмч) и нема ништо спорно тука. За сѐ останато си во право.

Како бе мала брзина до 30км/ч за меѓу коли? Да не сакаше 300 да пишеш ебаго?
Таков еден морон меѓу коли се утепа и ми го изгреба прагот и полумесецот на Спаркот и го скрши ретровизорот на Аудито од карши, од што е безбедно.

Прав си, 30кмч ми се виде мала како бројка, но кога ќе размислам воопшто не е за спровирање меѓу ретровизори. Поентата ми беше дека ако има простор нема логика да се чека назад и може да се помине помеѓу возилата. Што се однесува до безбедна брзина веројатно не би надминала 15-20, ќе проверам утре и ќе пишам :)

Sent from my SM-S928B using Tapatalk

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9181
Jas pominuvam nonstop ne sum videl so koja brzina ama so nekoja na koja sum stabilen, ako lazam poveke moze ds se slaknam vo nekoj za da odrzam ramnoteza