Ти благодарам
@Simo - Carrier159 , да ви се враќа по дома се што ви треба.
------
Како што пишав, денес бев до изведувачот за пред-договор.
Бидејќи со станот доаѓа ова подолу пишано, ова ми беа забелешките:
Туш кабина - нема да се монтира. Ќе ставам мој стаклен панел.
Обичен бојлер - нема да се монтира. Ќе пуштат кабел за проточен бојлер, секако водоинсталацијата е поврзана со кујната, па ќе има топла вода и таму во секое време.
Мијалник со долен елемент и чешма - нема да се монтира. Ќе се монтираат мои купени.
WC школка - нема да се монтира. Исто моја купена.
Туш-батерија со чешма - нема да се монтира. Моја купена.
Е сега, спомнаа дека работиве погоре ќе се монтираат од нивни мајстори без надокнада што е супер. Само треба да ги набавам и однесам кога ќе дојде време. Не сум сигурен дали за стаклениот панел ќе сакаат, мада ќе видиме.
Дополнително - во нивната понуда имаат 4 вида ѕидни и 2 вида подни плочки кои ќе ги понудат кога ќе дојде време. Исто важи и за ламинатот.
Доколку ништо од понудените плочки и ламинат не ми се допаѓа, да им однесам мои (квадратурата ќе ми ја кажат) и ќе се монтираат од нивни мајстори без надокнада.
За сето она што нема да го искористам од понудената опрема, ќе се раздолжиме пред примопредавањето.
Прашав и за електричната инсталација (локација/количина на штекови, прекинувачи за струја и плафонски кабли).
Може да се смени и тоа, само треба да му ја смислам деновиве бидејќи ми стои на глава, а секако е многу рано.
Овде штековите ми се најбитни да ставам што повеќе во разумна количина и на добри места.
Прекинувачите исто не сакам да не се на бош места. За плафонските кабли генерално знам каде сакам.
Што се однесува за инсталација на клима - држач ќе стават тие на определено место, ќе се избуши за цевките, како и да се стави штек соодветно горе до внатрешната единица.
Е сега овде имам дилема. Тие ќе стават држач на надворешната страна на зградата каде што се прозорците на дневната и тоа е ОК позиција за климата во дневната, но мене ми треба и клима за во спалната. Спалната излегува директно на тераса. Од лево е дневната (која исто излегува на терасата), а од десно е ѕид со комшиската тераса.
Ќе треба терасата да ја „затворам“ со ставање на надворешна единица (и онака е 4m2), а ова повлекува и бучење на надворешната единица веднаш до спалната.
Ми предложија да размислам за мулти сплит со две внатрешни единици.
Ми текна додека го пишував постов - да се стават две клими една до друга на надворешната фасада, на различни држачи. И да се пушти црево од едната до спалната?
Некако со multi split, ако се заебе надворешната, немаш ништо внатре
