Дај боже да беше така како што викаш, али не е. Бар не е кај мене, можеби на други паркинзи така прават. Искрено не знам како им е тоа решено законски, односно со некој акт на ПОЦ.
Кај мене од 50 коли 2-3 се со казна. Пајак имам видено 10 пати, а можда ни толку, а казни гледам скоро секој ден.
Мене ми е идиотски да направат платен паркинг во Ченто да кажеме само дека имало и во Центар, а таму во Ченто нема никаков проблем за паркирање. Како што во некои делови на Аеродром реално нема проблеми за паркирање, односно проблемите не се решаваат со зонско, затоа што 90% од паркираните коли се на станарите, па и после зонско пак истиот број на коли ќе се паркира на тој паркинг. Друго е околу трговските, таму имаше проблем, не знам дали после зонсково се растерети ситуацијата.
Јас сум за паркинзи со рампа каде што е изводливо, па само станарите да си имаат даљинско. Гледам тоа не ви ни пречи, така да ете и помалу незадоволни граѓани

Така имам паркинг на 2 места низ Скопјево и мирна глава, иако и таму нема место понекогаш дека капацитетот е несоодветен на објектот.