Да би бил искрен, нит сум фраер, уште помалку фраерка, ама сум бил приморан да ги малтретирам жителите на К4, поради тоа што паркингот во Сити Мол е очајно решен, да не речам, не е решен воопшто. Во многу, многу наврати сум бил приморан да се пишманам од чекање у дупла редица, па свирење, па нервози, пцуење, пи**е материне, само поради тоа што влезот во паркингот во Сити Мол е срање. Во сите тие ситуации сум одел негде во непосредна близина да паркирам, не од што нејќам да дадам пари за паркинг, туку за да се поштедам од нервози.