Ќе живеам под кирија во стан во Пролет, но без купопродажен договор на нотар. Пред зградата има резидентски паркинг. Не сум жител на Скопје
Не можам да извадам официјален документ/налепница за резидентскиот, па кои ми се опциите? Каде најблиску околу Веро/Анхоч дирекција/Железничка има див паркинг или паркинг каде што можам да купам месечна карта?
Дали во Веро паркингот има опција за месечно? Дали можам на друг станар да му платам за моето возило да го пријави како второ возило? Кои ми се опциите, ништо не знам
Личи дека Градски Паркинг (кој претпоставувам стопанисува со тие паркиралишта таму) има опција за физичко лице без некои посебни обврзувања со адреси итн итн. Ако е ПОЦ, со среќа, ништо нема да постигнеш.
Кога живеев како станар, и со договор на нотар не успеав да извадам резидентна карта, бидејќи бараа да си пријавам адреса по ЛК на тоа место (разбирливо, иако зашто би рентал стан и би бил пријавен во катастар како корисник ако не планирам да живеам таму).
Еве што вика сајтот на Градски Паркинзи, ама поарно јави се и прашај си за оваа конкретна опција (не спомнувај што ти е конкретното сценарио). Ако праша, имам потреба да паркирам често, ќе си платам све што треба.
КАТЕГОРИЈА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
Важечка лична карта - на увид
Сообраќајна дозвола
Со оваа категорија право на стекнување има секое физичко лице што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона на јавните површини т.е јавните паркиралишта наменети за паркирање.