А како е уредно паркирана колата ако е на резидентен паркинг? Јас да сум резидент таму и кога ке дојдам да нема место пошто тројца/четворица решиле дека треба да се паркираат таму и јас би викнал пајак, што треба да правам, да идам подоле и да плаќам паркинг од саат кога веќе сум платил за некој друг да се паркира?
На работа имаме платени 8 паркинг места и се обележани дека се на фирма, а има и рампи кои повремено ги креваме ама некад остануваат спуштени ако си искочил на кратко или да завршиш нешто и погоди што? Редовоно доаѓаат вакви ликови се паркираат на самите места (ако не е заклучена рампата си искачаат и си ја спуштаат), се паркираат попреку, и блокираат две коли и уште еден тон комбинации, а во една ситуација се имаше паркирано некој шупак заради што колегата мораше да ја остави колата на улица и повторно погоди што? МУ ЈА СОБРА ПАЈАК! Иначе за да биде трагедијата уште поголема, пајак не собира од приватни паркинзи, т.е. кога ке се паркира на нечие место кое е приватно не е поц или моц, тогаш не доаѓаат, само ако е на улица.
Јас мислам дека треба повеќе пајаци, пошто има еден куп идиоти што паркираат кај сакаат и кај ке стигнат, ако можам јас да си плаќам, нека си платат и другите, а не сите сакаат да се паркираат до гз да им биде што и да им треба. Абе околу зелено пазарче има 300 коли паркирани по улици и тротоари и кочат и сообраќај и се, а катната гаража дреме празна. Зашто? Затоа што кога Станко сака да испазари пола саат ке ја остај на улица колата, наместо да даде 30 денари за паркинг. Исто и кај Сити Мол, абе луѓе, 40 денари е за 4 саати паркинг и пак сите по тротоари и околни улички пред згради и блокираат и влезови и пролази и се.