Ете ја конечно.
Генерални технички податоци:
Мотор: 1750cc, 4cyl, turbo benzina.
Максимална снага: 147KW (200hp)/5000rpm
Максимален врт. момент: 320nm(32.7kg/m)/1400rpm
Директно бензинско вбризгување.
Мануелен менувач со 6 брзини, погон на предни тркала.
Преден овес со двојни вилушки, заден мултилинк.
Предни кочници: 4-клипни Brembo алуминиумски шепи со 330x28mm вентилирачки дискови
Задни кочници: 292x22mm вентилирачки дискови.
Забрзување до 100км/ч: 7.7s
Максимална брзина: 235km/h
Потрошувачка (градска/отворено/комбинирана): 11.8/6.0/8.1
Си ја купив и си ја донесов од северот на Германија (Seevetal, близу Hamburg), од прв сопственик, со 87.000км. Колата е произведена во 2010 година, прва регистрација е 10 месец 2010.
Одлично е сочувана со некои минимални естетски надворешни и внатрешни оштетувања.
Од (битна) опрема има:
17“ алу бандаши со 225/50/17 all season гуми.
Кожен салон во комбинација со платно (тапацирот на покривот е црн, што мене посебно ме бендиса, бидејќи мислев дека нема да ми се свиѓа).
Темпомат.
И тоа е воглавно. Сликите ќе кажат повеќе:
Крукче не давам, освен со донација од 500 денари у резервоар, во облик на безоловно 98 октанско гориво
, и пред да искоментирате за патосници - фали само предната шоферска, ќе се набави и тоа, само бараме со сличен квалитет како останатите