Ако местата се купени од станарите нема што ПОЦ да ги стопанисува тие паркинзи, туку станарите сами ќе си ги заградуваат, чуваат, чистат и слично, и нема да плаќаат на ПОЦ за да си паркираат на свое паркинг место.
Во Љубљана направија зградите паркинзите да си ги затворат со рампа и не смее никој да влезе освен станарите, што е исто како резидентен, дури не ни можеш физички со кола да влезеш на тој паркинг, не па да се паркираш. Истото го има и кај нас на неколку места низ градов, и тоа одамна пред да го уведат зонското па никој не се буни.
Друго е ако некаде лошо е решен паркингот, за кого е за кого не е резидентен, како примерот на фичомк. Али како концепт е сосема ок, според мене.