Според мене тотално е промашен приодот во решавањето на проблемите со сообраќајната некултура.
1. Првата грешка е што властите се поставуваат како превоспитувачи.
На пример: многу е полесно да ги намалиш нервозата и опасните претекнувања кај одреден дел од возачите преку доближување на границите за максималната дозволена брзина, до брзината со која најчесто се вози по таа делница, одколку да ги натераш сите да ја почитуваат твојата граница и да не бидат нервозни.
Веќе неколку пати е покажано, каков ефект има оваа многу едноставна и евтина промена:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
2. Таму пак каде што е неопходно превоспитување, се користат тотално погрешни методи.
Најлошите примери за родител/воспитувач е некој што цело време ги игнорира грешките на детето, за во даден случаен момент (кога ќе им прекипи), да реагираат со преголема сила која може да донесе трајни последици.
Истото го прави полицијата. Седи на гз најголем дел од времето, па во повремени големи акции или кога ќе треба да исполнат квота, излегува и прави пуздер со казни поголеми од просечната плата, со тоа оставајќи трајни последици на случајните среќници.
Не треба да се фалат дека направиле акција и казниле многу прекршители, туку да се срамат што цело време не си ја работат така работата.
Казните пак треба да бидат воспитни, доволно големи за да здоболат, но да не остават дупка во домашниот буџет кога ќе се покрива неколку месеци. Казнените поени треба да бидат задолжителни. Подобро е да му се одземе дозволата на чест прекршител, одколку да се остави на пат, нервозен зашто отишол во минус од казни.
Поради вакви работи ќе излегуваат муабети дека тоа е така поставено само за полнење на буџетот, ќе се креира аверзија кон целиот систем, ќе се предизвика желба за бунт и непочитување на правилата. Истиот епилог како со лошо воспитано дете.
3. Се казнува таму каде што им е полесно, не таму каде што има поголем удел во безбедноста.
Техничкиот преглед сеуште е формалност, а е под нивна надлежност. Сеуште е поважно преку ден да ти се вклучени светлата, одколку истите да бидат убаво подесени...