Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 494842 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2852
  • Слобода или смрт
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #660 на: 02 Октомври 2014, 14:19:35 pm »
Му кажувам денес на татко ми дека казната е зголемена и тој мртов ладен нека зголемуваат еден куп луѓе изгинаа од тоа брзо возење. Синот на кумот (една година постар од мене) од на мајка ми страната 3 ден е во кома на апарати во скопје од сообраќајката пред некој ден на патот велес-штип со голф 4 и комбе. Претпоставувате која е причината за сообраќајката а уште повеќе која е причината за таквите фатални последици.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6195
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #661 на: 02 Октомври 2014, 14:42:08 pm »
Се зависи од темпераментот и карактерот на човекот-возачот. Јас сум Ѓиѓи-живац, дежурни кривац (обележен и негативац) и возам према условите на патот, а не по знаци. Да, свесно ризикувам да бидам казнет и лично сум погоден од висината на казните. Ова не значи во ниеден случај дека лудувам кога возам, туку дека е крајно време да се направи ревизија на постоечките сообраќајни знаци кои се поставени во едно друго време, под други услови...
Во Југославија кога возев, си имав одвоено НОРМАЛНА сума за да си ја платам казната на лице место и тоа е тоа. Мислите дека мене ми се гине или на фамилијата што ја возам или пак сакам некој трет да го (пу пу не дај Боже, скраја да е) ?
Ова се бурни времиња, турбо се живи, стрес од сите страни, притисоци, проблеми на работа, дома... Симнувам капа и му се дивам на тој што покрај се' ова може мртов ладен, смирен, присебен и без око да му трепне да си вози онака лангзам 40км/ч. По мене, или е дрогиран или тешка флегма или не е човек (можда од Охрид е) :)


Јасно.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #662 на: 02 Октомври 2014, 15:18:16 pm »
Да се умешам малку.
Јас па проблемот не го гледам во ограничувањето на брзината, они може и 200 да стават јас ако мислам или ако се осеќам сигурно на 100, толку ќе возам.
Проблемот е во непочитивање на другите сообраќајни знаци и правила, таму нека ги зголемат десеткратно казните.
Поминување на полна лента, токлу редовна појава на Стража, на Д.Капија - Удово, од Велес према Струмица и Кочани, на овие патни полна или испрекината линија стои за украс.
Низ град не правиме муабет, вози кој како сака и кај сака застанува, помиува на црвено
Ова е многу поголем проблем и причина за сообраќајќи, Кими жалосно за детето што е во кома, ама еден куп како него се повредени и гинат секојдневно поради тоа што некој му текнало да тица на непрегледна кривина на полна лента, или да застанува кај што него му текнало, зошто он го има ослободено тоа место или град па може да прави што сака.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29801
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #663 на: 02 Октомври 2014, 15:29:05 pm »
Јас па проблемот не го гледам во ограничувањето на брзината, они може и 200 да стават јас ако мислам или ако се осеќам сигурно на 100, толку ќе возам.

Благодарам.

Therein lies the point, ladies & gentlemen. Можеме да вергламе до 101 и назад, реалноста во Македонија е следната:

- Имаме страшно лоши патишта, на кои се работи. Се надевам дека наскоро ќе можеме да возиме по нови, мазни и убави патишта.
- Имаме страшно не-апдејтирани лимити и ограничувања.
- Имаме страшно педерски играња - како на пример местото на автопат кај Гевгелија каде што порано беше двонасочен патот, сега е автопат. Арно ама, знакот 80 стои (на автопат, без никакво приклучување од страна) и џандарите стојат 50 метри после знакот и штанцаат казни.

Нека биде совршено јасно - не е дека ако се направи ограничувањето 150, сите ќе возат 150, исто како што не е дека ако се легализираат геј бракови, сите ќе станеме педери. Аман, надминете го тоа глупаво размислување.

Ви демонстрираат научни истражувања каде се покажува дека со зголемување на лимитите за 10 километри на час се намалуваат сообраќајките и смртните случаи.. Вие не, па не, ограничувањето па ограничувањето.

Фино што има казни. Нема проблем. Нека се казнува за технички неисправни возила. Нека се казнува за непроменети плочки или гуртни, или па изедени дискови. Нека се казнува за нелегално измазнети гуми, нека се казнува за милион други работи, нема проблем.

И нека се казнува и во Чаир, Арачиново, Тетово и Гостивар, па ќе праиме муабет.

80 на Тетово-Гостивар е моронизам, направен и наменет исклучиво за штанцање казни и полнење буџет. Ништо повеќе.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #664 на: 02 Октомври 2014, 15:36:16 pm »
Бреееј будала народ,го утепаа од казни,го сардисаа од давачки и уште не им е доволно. У др држава народот ќе споулавеше на вакво понашање на властите.
Качија патарини,патиштата благо кажано СОЛ,сигнализација НИКАКВА,обележаност на коловозите НУЛА(дури и таму каде што работат) и причината ќе се барала во возачите. Море не за џабе кажале каков народ-таква држава.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2852
  • Слобода или смрт
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #665 на: 02 Октомври 2014, 16:14:39 pm »
Да се умешам малку.
Јас па проблемот не го гледам во ограничувањето на брзината, они може и 200 да стават јас ако мислам или ако се осеќам сигурно на 100, толку ќе возам.
Проблемот е во непочитивање на другите сообраќајни знаци и правила, таму нека ги зголемат десеткратно казните.
Поминување на полна лента, токлу редовна појава на Стража, на Д.Капија - Удово, од Велес према Струмица и Кочани, на овие патни полна или испрекината линија стои за украс.
Низ град не правиме муабет, вози кој како сака и кај сака застанува, помиува на црвено
Ова е многу поголем проблем и причина за сообраќајќи, Кими жалосно за детето што е во кома, ама еден куп како него се повредени и гинат секојдневно поради тоа што некој му текнало да тица на непрегледна кривина на полна лента, или да застанува кај што него му текнало, зошто он го има ослободено тоа место или град па може да прави што сака.



Брзото возење е еден од главните фактори за престигнување на непрегледни места.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55053
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #666 на: 02 Октомври 2014, 16:16:55 pm »
Спорото возење е еден од главните фактори за престигнување на непрегледни места.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6928
  • French diamond
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #667 на: 02 Октомври 2014, 16:26:27 pm »

Значи еднаш имаш шанса да бидиш "простен" и да јадиш 65 негативни... поарно него дирек казна 500 е

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43939
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #668 на: 02 Октомври 2014, 16:33:10 pm »
Нема да бидеш „простен“, туку ќе ти ја земат возачката на барем 6 месеци.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55053
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #669 на: 02 Октомври 2014, 16:46:52 pm »
На 3 ако е прв пат, на 6 ако е втор. За во град тоа. Проверено.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #670 на: 02 Октомври 2014, 16:50:37 pm »
80 на Тетово-Гостивар е моронизам, направен и наменет исклучиво за штанцање казни и полнење буџет. Ништо повеќе.

Глупости. Sorry.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10990
  • 430i
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #671 на: 02 Октомври 2014, 16:53:03 pm »
100-ка може комотно да биде ограничување на Те-Гв

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #672 на: 02 Октомври 2014, 16:57:46 pm »
Со 100ка на Те-Гв џандар не те ни приметува не па да те застане и да те казни макар и онаа минималната. Така да пак не гледам проблем според мене.
« Последно менување: 02 Октомври 2014, 17:10:04 pm achtung »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34160
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #673 на: 02 Октомври 2014, 17:53:01 pm »
80 на Тетово-Гостивар е моронизам, направен и наменет исклучиво за штанцање казни и полнење буџет. Ништо повеќе.

Глупости. Sorry.

Agreed. Во таа котлина често дува многу ветер, често има мраз, често има густа магла, патот е во лоша состојба, пешаци претрчуваат, животни претрчуваат.
Но сепак, метеоролошките услови низ поголемиот дел од годината овозможуваат безбедно крузање и со 120-130 км/ч. Но не и зимно време, не и ноќно време.

100-ка може комотно да биде ограничување на Те-Гв

Колку и да биде, ако е под 150, соодветната група „граѓани’ со соодветната класа возила, секогаш ќе го пречекорува тоа ограничување.

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3892
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #674 на: 02 Октомври 2014, 20:21:42 pm »
Ако не ви е јасно зашто кај клучката кај марино е 80 сетете се дека и некој друг треба да се приклучи на автопатот дека не сте само вие на тој пат. А да, и сетете се дека од другата страна пред година дена баш на таа кривинка погинаа трите деца од штип.

Децата од Штип не загинаа таму. Загинаа на мостот пред Петровец патарината, таму нема никакви приклучоци. На лева страна од автопатт 50-100м пред мостот автопатот е како свлечен и се собира вода кога врне поинтензивно, кој не го знае тоа може доста лошо да го изненади аквапилингот.

Што се однесува до ограничувањава нека се решат првен 50 случаи на возење во спротивни насоки, вртење на раскрсници лево па после сечење на полна лента и продолжување на десно со причина да не се чека 40сек на семафор, возење коли со Еуро 1-2 кој загадуваат ненормално, нека казнуваат за неисправни кочници на кој им требаат 60м за да застанат од 100км/х, претицување цели колони за стасување прв на семафор и раскрсница и сл што не се спомнуваат никаде.
А да се ситите дека на некој што возел брзо наместо 300 ќе му земат 500 евра е малце глупаво, како божем 300 евра се малце пари па 500-1000 нека зимаат. Сигурен сум дека тој што ќе го пишат 300 еу и уште полошо ќе му ја земат возачката му е доволна казна. Но секој со неговите гледања.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA