Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 494442 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20144
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #705 на: 03 Октомври 2014, 14:57:57 pm »
300 евра малце да не се.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6676
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #706 на: 03 Октомври 2014, 14:59:42 pm »
До 50 ти е 45 евра или 25 поени, ете ти, вози до 49+ од ограничувањето, вози на тетово гостивар 129 км/ч и решен проблем.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20144
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #707 на: 03 Октомври 2014, 15:04:42 pm »
Под 170 не се признава таму. Пречка во сообраќајот си и ја загрозуваш безбедноста на другите учесници. :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14180
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #708 на: 03 Октомври 2014, 15:12:48 pm »
Јас не знам кој будала би се осмелил да вози 170 на Тетово-Гостивар.

Да прав е патот, ама бегај бе...таа банкината ...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29797
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #709 на: 03 Октомври 2014, 16:02:57 pm »
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=83049#.VC6rwvmSziF

„Нацрт законот на МВР предвидува мандатни казни и за брзо возење, возење под дејство на алкохол, непрописно зголемување на брзина или паркирање, како и за возачите кои зборуваат на мобилен телефон или не носат сигурносен појас.“

Ај нека го објасни некој ова.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #710 на: 03 Октомври 2014, 16:06:21 pm »
Тркање меѓу семафори, стартање, шлајфање итн итн.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29797
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #711 на: 03 Октомври 2014, 16:11:56 pm »
За шлајфање/стартање си има пропис, во законот стои нешто како „пролизгување на погонските тркала“ и забрането е.
Ако се тркаат меѓу семафори, ќе го надминат ограничувањето и за тоа нека казнат.

На крају краева, ограничувањата на максимална брзина се токму тоа - ограничувања на максимална брзина. Ако е 60 во град, како ќе пресметаат дали непрописно сум забрзал до 60? Ќе има некоја формула по која ќе се пресметува?

Ова ми делува just as generic as прописот за „технички неисправно возило“ по кое казнуваат за што им дојде. Имаше и на форумов случај, а и од страна знам за уште еден што добил казна 120 евра за цркната сијаличка од фар, што јебига, се дешава.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #712 на: 03 Октомври 2014, 16:16:31 pm »
Ако е денски, требало да пројде само со опомена, пошо јебем ли га, откај да знаеш дека ти е цркната сијаличката.
Ако е ноќе, веројатно и ја би казнил. Задолжително е да имаш резервни сијалички, а и да не е, не гледам причина зашто не би имал.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • Бенве сие бенве
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #713 на: 03 Октомври 2014, 16:20:10 pm »
Дури и да немаш резерва има бензиска на секој 30км по било кој пат и да се движиш

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29797
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #714 на: 03 Октомври 2014, 16:21:26 pm »
И ноќе се случува да не приметиш дека ти е цркната сијаличка, особено ако се движиш по добро осветлени улици. Се случува, јебига. Во конкретниот случај, човекот кој го познавам го застанале, му кажале дека не му работи едното светло, он им се заблагодарил и рекол дека ќе отиде до најблиската бензинска да си купи и смени сијаличка.

Му рекле нема проблем, еве ти и казна, за секој случај.

Јас со задоволство би ги казнувал тие што возат низ град со дугачки светла затоа што едното кратко им е цркнато. Би ги казнувал и тие што имаат ненаштелувани светла. Све тоа ок, ама се случува да ти цркне сијаличка и да не приметиш. На крају краева, можда ти цркнала во возење и возиш да си купиш.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #715 на: 03 Октомври 2014, 16:21:55 pm »
Пола од новите коли мора до пола да ги расклопиш за да смениш обична сијалица.
И сума сумарум државата ја заболе таквото за зголемување на сигурноста. Единствена цел се повеќе пари во буџетот. Очај

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #716 на: 03 Октомври 2014, 18:27:57 pm »
Вчера слушнав нешто што доста ми се засвиѓа.
Пред недела дена на патарина тетово-скопје, застанати биле 30-40 возила и сите морале да одат на вонреден технички преглед. прекрасно нешто :) Нормално напишани биле 10тина казни за се и свашта, ама некако убаво ми е да слушнам дека конечно се казнува за нешто што треба да се казнува а не за се и сешто. Добро знам дека првичната намена на сето тоа е полнење на буџет и апсолутно ништо друго, али ипак.

А од друга страна вчера бев да регистрирам кола и оваа година требаше колата да помине технички. отидов дадодв документи, идам да ми ја поминат на технички, давам тоа барањето, ми вика ок, ми вади ПОТВРДА за поминат технички (да додека колата беше на другата страна на паркингот) ми ја даде ми рече готово. Му викам а технички? да ја прегледавте. Да да ми рече сега, каде е колата му викам ете пред вратата рече ок. Колата помина побрзо технички него мене што ми требаше пешки да поминам 25 метра. Мислам несериозност ми издаде потврда па тек после ја земаа колата за на "технички" срамота. Ок знам гледа релативно нова кола, ама па што ако. И да 5 години стара кола се расипува и можно е да не помине техники, не е по дифолт дека е ралативно нова и ај сеа. Срамота

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #717 на: 03 Октомври 2014, 18:35:15 pm »
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=83049#.VC6rwvmSziF

„Нацрт законот на МВР предвидува мандатни казни и за брзо возење, возење под дејство на алкохол, непрописно зголемување на брзина или паркирање, како и за возачите кои зборуваат на мобилен телефон или не носат сигурносен појас.“

Ај нека го објасни некој ова.

Непрописно зголемување на брзината се однесува на случајот кога почнуваш да претекнуваш а моронот тогаш стиска на гас. Истото се однесува и на недржење на растојание кај товарните возила. Значи тој треба да зголеми брзина каде што е безбедно, да изврши претекнување или заобилокување. Ако се залепи за тој пред него и пола саат чека место за претекнување тогаш тоа е непрописно зголемување на брзината. Во таков случај мора да успори и да држи 25 или 40 метра растојание.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7887
  • Плинаш!!!
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #718 на: 03 Октомври 2014, 19:46:53 pm »
За цркната сијаличка, на колега во понеделникот по сабајле му пишаа казна во висина од 200евра, односно 100 евра во рок од 7 дена. Сијаличката најверојатно му цркнала  идејки накај работа, предходниот ден работела.
Ги замолил полицајците да замени пред нив сијалица, но пак му пишале казна.

Ова е СРАМОТА што го прават.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #719 на: 03 Октомври 2014, 21:31:45 pm »
За цркната сијаличка, на колега во понеделникот по сабајле му пишаа казна во висина од 200евра, односно 100 евра во рок од 7 дена. Сијаличката најверојатно му цркнала  идејки накај работа, предходниот ден работела.
Ги замолил полицајците да замени пред нив сијалица, но пак му пишале казна.

А чива обврска е проверување на техничката исправност на возилото? На баба му на возачот? На свекрвата? На комшијата?

Ако он не провери дали работат сите сијалици - кој ќе провери?

Ова е СРАМОТА што го прават.

Како џандарот да разликува „ми цркна сијаличето пред два саати“ од „ми цркна пред месец дена ама ме мрзеше да ја сменам, иако до сеа 4 пати предизвикав опасна ситуација заради тоа од кои еднаш за влакно не се учукав директ со камион на магистрален пат пошто не ми работи десниот фар“? На жими мајка? Да гледа на гравчиња? Психо-тест за лажење да прави на лице место?

Целата поента на законите и владеењето на правото е во индискриминативно казнување.

Она што е срамота е вашето имплицитно инсистирање дека законите некогаш треба да важат а некогаш не.