Фило абе пред некое време стави слика дека сте возеле со Кадетот со скршен дел во предница незнаете ни вие колку време. Којзнае колку такви коли поминуваат на технички кај нас,и се милион пати поголема закана за безбедноста отколку возење со 140 на саат.
Од Германија ми стигна казна од 35е за возење со 27 над дозволено,ај спореди со нас. Споредете ги казните во Европа и кај нас,споредете таму на кој начин се зголемува безбедноста,а како кај нас.
Висината на казната веќе ги надминува границите кога е правопропорционална со безбедноста.
Ти можеш да имаш став за што ти душа сака,ама немаш доволно искуство за да толку си самобендисан.
ај сега, да дискутираме за висината на казнаите? но сепак и да дискутираме за возачката култура, дали треба или не толкави казни? мвр и државата наназад во годините ја крева цената на казните постојано, но тоа не е (на прво место) заради полнење буџет, иако и тоа има улога, сепак е за да се достигне лимитот-нивото каде што ке почнат да има тенденција за надолна линија на жртви во сообраќајот. иако не ми се свиѓа 500 евра казна, иако сметам дека тоа е премногу, сепак гласам ЗА толкава па ако треба и поголема казна. само на тој начин “тркачите“ на автопат ке се смират...
инаку.. cuoresportivo159... подобро кажано амин... ни јас поубаво немаше да најдам компарација... или еве една од прекуокенаска земја. во нов зеланд максимална дозволена брзина е 100 на саат... да.. на автопат е 100. има причини зашто е така... тоа е миграциска земја. половина и повеке возеле волани од лева страна (како кај нас) а таму се вози обратно и затоа е толкав лимитот, мада мислам дека им е глупа таа логика ама ајде... поентата ми беше имав казна за возење 40 над дозволеното (возев 140) која кошташе 60 новозеландски долари, апроксиметрично беше околу 30 евра. или уште поубаво за да доловам колку е вредноста на таа казна би било во временска работа.. таму се плаќа на саат работењето, т.е. 60 новозеландски долари се ПОМЕЃУ 2 и 4 РАБОТНИ СААТИ.. значи денес од 8 саати рабтно време (а 90% се, поише т.е. 10 до 12 саати) ти ке изработиш просечно 3 саати за да платиш казна за пребрзо возење (40% над дозволеното)
секако... имајте на ум, дека културата на возење во таа земја, нема никаква допирна точка со џганов кај нас.. кај нас од култура на возење нема ни К... на многу бедно ниво сме... но и сообраќајните правила и прописи се многу поразлични кај нив одколку кај нас...
кај нас на пример, ако се паркираш во тревата, која што расте веднаш покрај тортоарот пред твојата куќа, ке ти ја собере пајак и ке си платиш 2500+казна(или бодови).. таму ако се паркираш на асвалтот-тротоарот а не си се паркирал во тревата (значи мораш во трева) тогаш ке добиеш казна од 50 НЗ долари за попречување при движење на пешаци во пешачка зона... обратен закон од нашиот, но сепак, видете ја казната.. кај нас е 45 евра+казна кај нив е 25 евра... или 1,5 саат работа...