Меморија имаш ко слон! Така е, сменив! Ама тоа не е поврзано со мотор, плус рачунај дека го купив со 28Kkm од девојче кое не знае да вози и нога држи на кумплуг.
Свеќици на Mazda-та сменив откако стави плин на 55-60Kkm, а по пропис треба на 80Kkm.
Па просечниот животен на степ моторите, ламбдите и бобините е 100-150к, а коштаат 100-150 евра од парче. Тротл бадито е 600 евра но нема правило сеуште за тоа на колку црка, но мојот мајстор често ги менува. Твојата имала помала километража, не е дошло на ред за овие работи.
Инаку сите мали косилици арчат ламела на ниска километража. Јариси, Фордчиња, Пежовчиња....
Дизелот нема ламда сонда ни степ мотор, дизелот ја контролира работата на моторот на сосема поинаков начин.
Се гледа колку ги разбираш моториве. Иако ја контролира работата на поинаков начин, и едното и другото постојат на дизел мотор.
Знам дека си писмен чоек, едуцирај се малку: http://www.natef.org/NATEF/media/NATEFMedia/VW%20Files/2-0-TDI-SSP.pdf
Види колку ламбда сензори има и види дали постои тротл боди. Има тротл боди и на усис и на издув.
За тие што не сакаат да се замараат со глупостите, си има дизелчето две ламбда сонди и две клапни со степ мотор (и на усис и на издув). А во книгава може да се пребројат сите милион сензори што ги има повеќе од бензинецот, како на пример, сензор за вода во нафта, сензор за запушеност на ДПФ, сензор за темп. на кулерот на ЕГР, сензори за притисок за секој цилиндер интегриран во грејачите, сензор за позиција на на свирл флапсовите во усисна грана и да не набројувам уште што не.
Јас мислев дека ќе се развие паметна дискусија со размена на знаење и информации.. овде само глупости.....
BTW, за траењето на грејачите едно муабетче од пред нецел месец:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Инаку, свеќици се менуваат кај мене на 70.000км.
Поздрав Лошко, баш ми е жал што мора да се убедуваш дека си ја избрал подобрата технологија за твоето возило. Јас немам намера бадијала веќе да си го арчам времето, барем додека не почнеш да вадиш по некој аргумент со основа. Овие неосновани нафрлани муабети ти се, за жал, тресење од ракав..
Да си бидам искрен немам многу време во моментов да го расчитам книжено. Дај копи паст напрај на тоа што сакаш да го докажеш.
Инаку мојот дизел нема ламда сонда, степ мотор ниту пак тхротле бади. МИслам такви беа сите, но ете, дошло ред да се усложни и тоа. (да видиме првин, докажи..)
Инаку тротл бади е беснислено затоа што дизелот ја контролира работата на моторот со инјекторите а бензинецот со воздухот(тротл бади), па мислам дека нешто си се збунил, ама оставам да се искажеш.
Смешни се муабетите за греачите, дечките купуваат бош греачи од 500 денари и им цркаат по 10.000км. Но не е ни чудно да менуваат греачи пошто просечна километража на возилата што се увезуваат е 350.000км.
Јас на сите дизели што сум ги имал не сум сменил ниту еден греач, дизна,бош, турбо. Никогаш немам отворано дизел мотор.
https://www.youtube.com/watch?v=X2hsF6wDMMAМоето најизвозено возило имало 350.000км.
Онак, и порано имаше бензинци што имаат повеќе од една бобина. Денес сите се такви. Греачи тераат мнимум 200.000км, неретко цел живот. ДИзделот е замислен да не го поправаш до крај. Свеќици се менуваат на 30.000, бобините цркаат на 100к и на 640i. Дизелот нема ламда сонда ни степ мотор, дизелот ја контролира работата на моторот на сосема поинаков начин.
значи стварно појма немаш што зборуваш... сериозно... информирај се прво па после ке мериме муда со информации... дизелот во нај мала рака има двојно повеќе и исто толку поскапи сензори одошто било кој дизел... седни, научи, информирај се, па после траскај зелени на форум.. затоа и ти пишав погоре, мислејки дека тролаш, да не лажеш со информации да не ти поверува некој... ама сега по овој пост сваќам дека си смртно сериозен со муабетов, и дека всушност не тролаш туку ти стварно така мислиш.. го повлекувам лажењето што те обвинив, ама затоа нема више да дискутирам со тебе додека не се информираш и научиш што е што...
п.с. 200.000 километри дизел со еден сет греачи? дај молим те биди сериозен... сеуште не сум видел ниту една кола со толку многу пројдени километри и оригинални греачи.... не заборавај дека секој ден сум во авто сервис... 14 години нананзад...
Посложени се дизелите, тоа се гледа и по почетната цена.
Е сега дека се толку кварливи не се согласувам.
Доколку бензинските мотори се во секој поглед подобри(поевтини за одржување, подобри перформанси, можност за поевтино гориво-плин) ќе се вградуваа и во комбињата, камиончињата, камионите и слични возила предвидени да поминат 500 000 - 1 500 000км.
дизел моторите во комбиња, камиончиња и камиони само кај нас и во европа се тураат... секаде кај што бев низ белиов свет, бензински мотори има и во комбиња и камиончиња... америка, канада, нов зелнад, австралија... буквално секаде се такви.. само кај нас поради заебот балкански на времето со тракторите и гоЉфовите дизелски, се цени толку многу дизел технологијата, па по цена и на уништување на околината
Онак, пак си ти онај неискусниот, те читам чесно како буквар. Немаш ти никакво искуство од модерните дизели. Се што знаеш за нив е од тој праисториски ровер трактор дизел со 8000 кубици и 17 кс, со 2 милиони км и 200кг корозија. Другото го повтораш од Симо. Пробај повеќе, или немој, звучиш ко дете, а возрасен човек си што ги фали бензинците а напаѓа дизелите, богзнае зошто, ни ти не знаеш самиот. Ама психологијата секогаш има одговор за се. Најверојатно во твојата долга шоферска кариера, на секојдневна база на автопат те дуваат дизели, ти се правиш дека не ги забележуваш ама те нервира, посебно заради тоа што на хартија се можеби и дупло послаби а во пракса те летаат. Не можеш да ги смислиш. Има нешто и од детството што те мачи, другпат за тоа.
дизел моторите во комбиња, камиончиња и камиони само кај нас и во европа се тураат... секаде кај што бев низ белиов свет, бензински мотори има и во комбиња и камиончиња... америка, канада, нов зелнад, австралија... буквално секаде се такви.. само кај нас поради заебот балкански на времето со тракторите и гоЉфовите дизелски, се цени толку многу дизел технологијата, па по цена и на уништување на околината
Пошто пишував проектна задача на факултет за комерцијални возила и нивната употреба, нешто сум научил на таа тема па ќе ти кажам зошто кај нас се ставаат дизел мотори во комерцијални возила а на други места во светот бензински.
Неколку факти:
1. Атмосферскиот дизел мотор како концепт навистина е поедноставен од бензинскиот
2. Дизел моторот може да расте до енормни големини (од автомобили до танкери) од причина што процесот на запалување на горивото е самоодржлив поради спротивноста на циклусите на компресија и експанзија. Кога едниот клип експандира, со истата енергија другиот клип компресира што значи дека не е потребен надворешен извор на енергија за запалување. Ама затоа па дизел моторите не можат да се изведат во сетап со два клипа или еден клип (може два клипа но само ако е двотактен). За да се изврши запалување на горивото во бензински мотор со димензија на огромен дизел од брод на пример потребно е големо количество на надворешна енергија (струја за палење на смесата).
3. За да се постигне потребната компресија цилиндарот треба да биде висок, односно клипњачата на клипот да е долга, а радилицата да е со голем радиус. Ова е принцип на секој концепциски дизел кој има голема предност а тоа е поголем торк по експлозија на горивото во споредба со бензинецот. На товарните возила им треба торк нели?
4. Дизел моторот е за 20% поефикасен од бензинецот и за приближно исто толку (се зема во предвид разликата во калоричност на самото гориво, кај дизелот е нешто поголема), па со тоа се троши и помал ВОЛУМЕН на гориво.
Разликата во употребата на дизелот и бензинот во Европа и Америка во голема мерка се должи и во искуството со самите мотори. Америка има далеку помало искуство и традиција во производство на дизел мотори, а не заборавајте дека кај нив уште од сам старт капиталистичката култура беше на далеку повисоко ниво одошто во Европа, а бидејќи бензинскиот мотор е поефтин за производство ете уште еден фактор плус зошто во америка во минатото имаше повеќе бензинци во комерцијални апликации.
За мене употреба на дизел во комерцијални апликации е пологичен избор од бензински мотор од аспект на тоа дека во фокусот на комерцијалните апликации е економичноста. Дизелот дава повеќе енергија, троши помал волумен на гориво, поедноставен е за сервисирање и следствено помалку се расипува.
Меѓутоа во поново време е грижата и за екологијата и за здравјето пошто теоретски и практично дизел горивото потешко гори и емитува повеќе честички во воздухот. Тоа ги направи модерните дизел мотори подложни на многу повеќе компромиси и компликации што им ги намали иницијалните предности во споредба со бензинците, односно помала им е ефикасноста (во пракса, поздрав до Фолксваген), помалку сила даваат (Фолксваген), порасипливи се и поскапи се доколку сакаат да се компримитираат на еколошките норми. Еколошките норми во минатото ги немаше
Добар си Џони. Основни познавања за дизелот, што секој би требало да ги знае.
Eдит:
Сепак сум имал Ламбда сонда. Буууу!