Автор Тема: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017  (Прочитано 33386 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« на: 30 Декември 2021, 15:16:16 pm »
Да го паркирам во гаража новото возило како што е ред  :)

На кратко:

Возило гледав, барав меркав скоро цела година, поинтензивно од мај/јуни. Логиката велеше дека ќе треба СУВ, ама пресековме (јас и жена ми, децата појма немаа) дека не е тоа за наша фамилија. Видовме, пробавме по нешто, ама ц, не ја бива. РАВ 4 и Стелвио беа во потесен избор.

Јас се водев по приоритет турбо бензин, автоматски менувач, погон позади (ептен ако се погоди пакетот па да биде погон на 4).

Изборот кај нас е/беше очаен.
За ново возило рок на испорака 9-12 месеци, цените не заслужуваат ни да се коментираат. Лагер, само тој и тој пакет со тој мотор и менувач и таа опрема и боја, сакаш пепељара плус, ќе чекаш.
Половни, 99,9% дизел, сомителна историја, многу километри, високи цени.

Затоа следев возила на пазарот во Германија, Швајцарија, Холандија. Учев како се увезува возило, која е процедурата.
Проблемот со изборот на возилата горе беше што, било што и да паркирав во гаража како потесен избор, после една недела веќе го немаше на оглас. Тоа се интензивираше после Август (дури имаше објава и продажба во ист ден), а цените на исти возила почнаа да одат 5-10% нагоре со цена.

Изборот го сведов на Алфа Ромео Џулија (прва љубав) и БМВ серија 4 (втора љубав, која од како излезе како модел ме боцкаше во око). Си реков, што ќе испадне од овие две како подобар пакет, ќе се зима.

Мнооооооогу ме одвраќаше помислата дека Џулија треба да земам со мотор кој не бил во понуда кај нас и со овластен сервисер каков што нажалост има. И знаев дека ќе треба да живеам со помислата дека ќе треба да се учат на неа, како што е впрочем и случајот со Џулиетата.

Затоа пак, повеќе ме влечеше бембарата. Петта врата, да видам како е да поседуваш БМВ, како вози, beemve sie beemve i odi na snek, башка субјективно повеќе ми се свиѓа на лик.

Па така и испадна. Го начекав огласот во пакет што ми одговара и боја која многу ретко се начекуваше, од Unterberger дилерот на БМВ во Германија и тоа од BMW Premium Selection, што ми влеваше сигурност дека возилото ќе биде во состојба како што беше опишано. Реагирав брзо, пратија доиполнителни информации и што им побарав, се погодивме, пратија фактура, платив, па требаше да најдам начин да се донесе колата. По препорака од повеќе познаници и гледајќи по слики, ги ангажирав Скендеровски, ама јас не ги препорачувам, делуваа крајно непрофесионални и ја завлечкаа работата месец дена.

Да прејдам на главното.

BMW 430i Gran Coupe M Sport (F36):
  • Turbo Petrol
  • 1998 cm3
  • 252 PS, 249 bhp, 185 kW @ 5200 rpm
  • 350 Nm @ 1450-4800 rpm
  • RWD
  • Auto 8ZF
  • Top Speed : 250 km/h
  • 0-100 km/h: 5.9 s

Произведено 10.2017, прва регистрација 11.2017
Поминати километри: 62.900км.

Покрај стандардната опрема она што би издвоил е:

  • боја: Estoril Blue Metalic
  • ConnectedDrive Services - BMW Connected (не сум проверил што и дали функционира тука), BussinessPackage, NaviProffesional, Hotspot
  • безжичен полнач
  • full LED, автоматски долги светла
  • M пакет внатре/надвор, подвозје, шепи
  • Driving Assistant
  • Sport Steptronic 8 брзински, со Launch Control, Sport+ и Paddle Shifters
  • Аналогни инструменти со проширен дисплеј за информации
  • Внатрешност во Алкантара со хексагон штоф и хексагон алу детали
  • Comfort Entry
  • паркинг сензори со Parkassistant (автоматско паркирање)
  • Hi-Fi со 205W појачало и 9 звучника
  • бандажи Style 403M, 225/40-19 напред, 255/35-19 позади, Bridgeston RFT
  • без моделски ознаки

Колата ја имам до сега возено нешто под 300км, претежно градска и нешто на обиколница. До сега, ги надминува очекувањата. Уживање кога сакаш уживање, ѕвер со притискање на копче. Одлична изолација, тврда заради подвозјето, а сепак комфорна (седиштата, т.е. седењето е неописливо). Летните ран-флет гуми се многу гласни кога се незагреани, после се само гласни. И тврди.

Барав да скрпам зимски сет. На огласи продава и шуто и рогато. Ај што нема избор и тоа што има е гребено, исправано, па со некои гуми 7-годишни кои се продавале заедно итн. Нови, изборот е сведен на минимум, еден модел 17-ки, два модела 18-ки во цело Скопје. Кинески има какови сакаш и во која димензија сакаш. Гуми многу слабо избор (освен кинески), потрошиле тоа што набавиле и само тоа што останало се продава. Сте до еден ми кажаа дека пд 01.01.2022 цените одат нагоре 20-30%, па ми отпадна варијанта да порачувам.

Составив во Мотоцентар сет со 18-ка GMP и Nokian Snowproof P 225/45-18. Мрзам двобојни бандажи, ама нека се тркалаат 3-4 месеци во годината.
Али комфор со зимските, лаѓа  ;D

Ај и некое сликиче што фотнав до сега иако не се потрудив нешто посебно  ;D































Посебна благодарност до @Luki Junior @Sase_91 @Спенсер @zlatkoa за одвоеното време и советите кога беше потребно :)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #1 на: 30 Декември 2021, 15:23:23 pm »
врло веома лепо. 5ра врата е закон.
 За убаво да си ја возите

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #2 на: 30 Декември 2021, 15:28:57 pm »
Цицка! И мотор и боја и опрема си одбрал како што треба. Со здравје да се вози.

Впрочем во исчекување беше форумов на вакво описно гаражирање после пуштањето на сликите пред 1 недела :D

п.с ремап?  ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #3 на: 30 Декември 2021, 15:31:45 pm »
Одличен избор на возило и тајминг. Точно пред да се забрани БМВ. Супер избор на боја и мотор и првите бандажи. Со здравје да се возите.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #4 на: 30 Декември 2021, 15:33:04 pm »
Бооо!
Колиште
Со здравје да се вози.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #5 на: 30 Декември 2021, 15:36:54 pm »


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7064
  • хаУс мајстор
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #6 на: 30 Декември 2021, 15:46:53 pm »
 :-* :-* :-* :-*
Со здравје да се возите!
Пре-убава!!

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1504
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #7 на: 30 Декември 2021, 15:50:22 pm »
Честита !
УбавО бмв :)

Sent from my SM-A525F using Tapatalk


Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #8 на: 30 Декември 2021, 16:05:36 pm »
Auuuuuu auto upuckumatersevozbudiv........... :-*

Brao so merak da se vozi  :)

Adaptivna suspencija?

ps. kolku kosta obuka za uvoz na vozilo :)
Povratok na DDV moze da se napravi so ogled deka e kupeno od BMW diler?
« Последно менување: 30 Декември 2021, 16:17:34 pm M3V8 »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #9 на: 30 Декември 2021, 16:06:34 pm »
Со здравје да се вози !

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #10 на: 30 Декември 2021, 16:07:15 pm »
А-у, страотно! Со здравје да се вози!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #11 на: 30 Декември 2021, 16:23:28 pm »
п.с ремап?  ;D

нема потреба :)

Auuuuuu auto upuckumatersevozbudiv........... :-*

Brao so merak da se vozi  :)

Adaptivna suspencija?

ps. kolku kosta obuka za uvoz na vozilo :)
Povratok na DDV moze da se napravi so ogled deka e kupeno od BMW diler?

нема адаптивна, М подвозје е
сакав и јас адаптивна, ама во минатите 3-4 месеци само една 340i ми излезе со адаптивна
кога се зема половно, не може сите точки да се штиклираат ;D

обука гратис
ДДВ воопшто не платив во Германија за да правам поврат, платив фактура на нето износ, па после тука сатарот

доколку ја носев сам, тогаш се плаќа ДДВ и се прави поврат на излез од ЕУ
доколку се зема на фирма, исто се плаќа ДДВ и се прави поврат

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #12 на: 30 Декември 2021, 16:24:15 pm »
Златен, почнува да ми се допаѓа како размислуваш. :)))

Честитки, до нови успеси и ќефови во Новата, со ваков одличен lowrider :))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #13 на: 30 Декември 2021, 16:30:51 pm »
Мојот нов фаворит на форумов!

Честитам повторно, да уживате во секој момент со колата!

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3844
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #14 на: 30 Декември 2021, 16:38:21 pm »
@marjanot Баш ми е мило што можев да помогнам, особено за овакво возило :) И тука да ти честитам, со здравје да се вози. Само на убави места да ве носи. Одлична комбинација на возило, мотор и менувач, како што и ти кажав :) Предобро е!
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA