Не те интересира што појавувањето на тешки, често смртоносни болести се намалило на двоцифрен број на случаи, а претходно било во висока петоцифрена бројка, туку те интересира на колку луѓе таа вакцина им предизвикала некои компликации?
Или нека не примаат луѓето вакцина, нека си боледуваат од полио, кашлици и којзнае друго што, само компликација од вакцина да немаат?
Не глуми и ти сега butt-hurt...
Фичо не вика да нема вакцинирање. Претпоставувам дека поентата на муабетот му е да има вакцинирање ама да не се кријат фејловите поради истите под тепих по цена на човечки животи а во корист на богатите капиталисти од фармациската индустрија.
Кога ќе изгори некоја зграда и кога ќе дојдат пожарникарите да ја гасат, не се пакуваат и да си одат дома после тоа, туку спроведуваат истрага, што настанало, зошто настанало, се преземаат акции, се менуваат стандарди и така натаму. Тие што тврдоглаво се нарекуваат антиваксери во најголем број случаи се луѓе што бараат одговори и имаат за цел да се земе дел од тешкото богатство на капиталистите и да се вложи во понатамошни испитувања и подобрувања, а не да се елиминира вакцинирањето.
Овие инфографици што ги поставувате тука се ноторна глупост, тоест се офтопик. На сите ние е јасно кој е позитивниот ефект од вакцинирањето, нема потреба да се црта како на мали деца. Поентата е друга, да не се преќутува пред феиловите.