400 евра да заработуваш во Скопје, во 2027ма, треба да имаш некакви здравствени проблеми. Дали психички дали физички.
650-700 евра ќе ти дадат во првиот Стокомак кај што ќе влезеш и уште 200-250 ќе си извозиш Волт ако баш сакаш да дојдеш барем до 900. Лесно не е, но барем секој може да дојде до некоја пара.
Во Силбо за 12 часовна смена нудат две плати.
Ова се огласи на кои што секој ќе добие шанса. Буквално секој.
Брату, ако ти мислиш дека од 24 часа треба да работиш 15, океј оди, работи. Белким ќе живееш 110 години и ќе имаш време за сè, бидејќи само ќе работиш и нема да имаш време за ништо друго.
Тогаш ти не си роб, ти си патриот што си ја сака државата и местото каде што живее, бидејќи ти е убаво.Да те подсетам 2026 година нека трепка 26илјади е минимална плата помалку од 500 евра. И не ми збори за ништо друго крај на приказна.
Наместо да прогресираме како секој нормален континент, како Европа, каде што има систем, каде што колку-толку знаеш дека утре ќе дочекаш пензија и ќе имаш достоинствен живот, ние се убедуваме дека решението е да работиш 15 работи и дека 400 евра плата е супер одлично.
Друже, татко ми е онколошки пациент, со 38 години стаж, и зема ебени 22–23 илјади денари пензија. Здравјето си го остави на работа зошто и за кого? За да му праќаме пари за да преживее?плус тоа што плаќал здравство нема ништо и му одбивале за што му одбивале за да ме убедуванекој дека треба некој да работи ебени 15 работи и дека 400 евра е супер.
И доста со тие: „Ќе работиш во маркет“, „ќе работиш ваму“, „ќе работиш таму“, „после работа ќе фатиш уште нешто“. Заеби тоа! Ти зборувам за среден систем, колку-толку нормален систем во кој човек може пристојно да живее од својата работа.Се знае работа колку е значи таа ЕВРОПА 300 МИЛИОНИ СЕ БУДАЛИ а сами ние Во Македонија сме најпаметни со 400 евра и ке мудруваме како треба м?!
Абе, една Хрватска е поуредена и попристојна, па да не навлегувам во подлабоките пори на проблемот.
Не брани нешто што не се брани. Само си создаваш штета на сопствената иднина.
Ама добро, модерно време — ќе се гледаме преку камери, 1.200 километри далеку од дома.
Бидејќи со 400 евра не се живее. И никој нема толку време во животот за да работи 15 работи само за да преживее.
Свестен си и самиот за сè што зборувам.