Знаете каква е воопшто процедурата за носење било каков нов лек (ама вистински лек, не таму некој нерегулиран, тралала суплемент или хомеопатска органска вода) на пазарот, не па вакцина?
--
Значи.. Неповрзано. Вистината е апсолутна работа. Или нешто е вистинито, или не е.
Мене ми е многу, многу криво што живееме во време на квази-наука. Во 21-век, кога треба да се стремиме кон вистински вредности и вистини, ние се „враќаме назад“ со глупавата премиса за „старите добри времиња“, и се наметнува страв од наука, страв од технологија, страв од „неприродното“. Се наметнува квази-наука, се популаризираат хомеопати, овакви-сили-онакви-сили и им се дава глас и говорница на шарлатани, докажани преваранти и продавачи на разно-разни приказни.
Јас сум многу поподготвен да верувам на некој што студирал медицина/генетика/биологија/итн и што се занимава со тоа поле, чија што работа е подложна на peer review и потврдување и-репотврдување (aka, научен процес) отколку на некој што читал многу на интернет. Таква една „нутриционистка“ што „читала многу на интернет“ носи на душа мој познаник. Нејсе.
Да функционираше, алтернативната медицина ќе се викаше - медицина.