Дојде време да ви ја претставам мојата (за мене) нова кола: 2012 Alfa Romeo Giulietta QV со 1750 TBi моторот, кој убаво е опишан и истестиран и од Марјанот, и уште повеќе од Симо. 🙂
Барав да ги купам и бившата QV на Марјанот, и другата QV во Rosso Competizione боја - првиот никогаш не одговори на пораката, вториот кажа дека нема што да купи со парите откако ќе ја продаде. Фер, па затоа решив да има трет примерок на QV во Македонија, и да си увезам кола од Швајцарија. Па, еве ја колата 🙂






На кусо, некоја спецификација за колата (што е различно од не-QV верзии):
- 230 коњи и 340 Nm вртежен момент
- Електронски Q2 diff
- 330mm дискови со 4 клипни Brembo клешти напред
- 20mm пониска суспензија и различни амортизери
- и други ситници, ако ми текне ќе дополнам.
Примерокот ми личи како да е порачуван од првиот газда како driver's car, т.е. најлесната верзија без да се губи од комфор. Зошто го мислам тоа?
Од опрема има:
- сензори за светла и бришачи
- Bi-xenon (најскапата и најретката опција за фарови)
- целосно кожен ентериер со греачи на седишта и електрична лумбарна поддршка
- BOSE surround sound со вуфер во резервно тркало
- двозонска клима
- ладење во оставата
- сензори позади (океј можел и напред да порача ама ај)
Од опрема е исклучено:
- панорамски стаклен кров (додава тежина)
- електрика на седишта (додаваат тежина)
И од интересни ствари (повеќе за изглед отколку олеснување) што ги има колата се следните, и да се купат сега, а и порано коштаат
многу, па ве молам не ми ги крадете:
- ОЕМ Carbon Line dashboard

- OEM Carbon Line gear knob

- OEM Carbon Line boot spoiler

- OEM Carbon Line mirror caps

- OEM Aluminium fuel cap

За состојбата имам да кажам дека е класичен швајцарски примерок - како вика упатство, така сервисирана. Имаше 182400 километри кога дојде овде, денес има 184700, естетски е објективно 7.5/10, но ќе може да ја придвижиме таа оценка кон 8.5, можеби и 9.0 со тек на време.
Тоа значеше дека откако ја добив, требаше да претрпи еден екстензивен сервис со предихтување на речиси сите места од кај што може да тече масло и антифриз, интервенции на подвозје, вадење некаков tuning box што го закачил швицарац, и други разно разни ситници.
Галерија од сервисот има тука. Сервисот го правеа
Сервис Делев во Струмица, извонредно коректни и педантни дечки.
Од други зафати до сега:
- LED осветлување во кабина
- LED осветлување на таблица (поздрав
@AUUU )
- Bluetooth донгл во касета
- 3D принтан држач за телефон
- PPF на фарови
- фалеа детелинките на крила, си ги купив
- центрирање, и сигурно има нешто што заборавам
Од зафати што треба, или би сакал да се прават:
- Bilstein B6 амортизери
- прелакирање на спојлерот и капаците на ретровизори
- фарбање преден и заден браник
- санирање на избледените парчиња кожа на возачкото седиште
- или санирање или тапацирање на волан
- разно
