Не знам, јас така сум слушал од постарите. Пример да речам зимно време пак фаќале грипови, ама тоа не го сметам за епидемија, пошто тоа е период и ако не се контролира, тоес, тие што се грипливи да се држат настрана од здравите и обратно, големо обраќање на хигиената, нормално е да се прошири. Овие денешни нови(модерни) вируси мислам дека сите се намерно предизвикани. Исто како со војната, во време на војна или епидемија, некој дебело се богати. Белки не сум во право, искрено и јас се надевам, ама денес не можам да верувам на случајност, покрај сета технологија и сите испитувања, покрај толку голема контрола врз буквално се и на крај пак да излезе нешто непредвидливо. Дај боже побргу да се спречи таа епидемија и да нема жртви. Значи сепак не е до "невакцинирање" на децата, зошто некои биле премногу мали за вакцина.