@Falanga: Првиот линк од Yahoo Questions не е релевантен. Ако сакаш ја ќе одговорам дека на плин се намалува температурата за 200 степена. Валидно е?
Второто е интересно и баш ќе го прочитам кога ќе имам малку слободно време.
И уште едно прашање.. Ако „уредно“ возење е до 3500 RPM, тогаш зошто воопшто постојат мотори за секојдневна, цивилна, уредна употреба што се вртат до рецимо 6000? Моторот е предвиден да се врти до тие 6000 вртежи. Потребно е да се врти до тие 6000 вртежи.
@krell: Факт и реалност е дека поновите мотори стануваат сè поосетливи и поосетливи на плин, и дека финансиската исплатливост сè повеќе и повеќе се одложува.
Токму тоа е и мојата поента. Не кај сите мотори е исплатлива конверзијата на плин, и не се е така црно и бело ко што некогаш се представува.
Ама мислам дека конечно добивме одоговори потребни за да секој поединечно си одлучи ПЛИН или НЕ ПЛИН.
Јас само си потврдив тоа што одлучив: ПЛИН НЕ
Ама мене ме вади второто штедливо дизел возило, па таа моја одлука за ПЛИН НЕ е уште поцврста.
HONDA CR-V 2.0 I-Vtec просечна цена за изминат КМ до сега: 8.86 MKD
Citroen C3 1.4 HDI просечна цена за изминат КМ до сега: 4 MKD
Плинаши? Колку ви е просечна цена по KM, ама земете го во обзир и потрошениот бензин, како и додадениот сервис за плинскиот уред?