Автор Тема: Мотори осетливи на плин  (Прочитано 89877 пати)

Отсутен КарСистем

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
    • Веб Сајт на КарСистем
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #465 на: 25 Април 2014, 10:49:41 am »
А кој продава такви свекици?
Овие свеќички колку што сум информиран се продаваат некаде во Ново Лисиче. Не сум точно информиран каде точно се продаваат. Кај нас во сервис, со монтажата на плин се даваат гратис свеќички.
Каде меревте на Dyno? Дали со тие свеќици ќе се компензира загуба од 10% при конверзија на плин?
DYNO тестот беше направен во Белград. Свеќичките не се тие што ја компензираат загубата од плинот, затоа што таа и не постои. Барем кај нашиот систем, единствено што се смета за загуба е лошата смеша на плин која на големо се продава од страна на некои најзастапени бензински пумпи. Па поради истата и автомобилот троши повеќе или губи на снага. Од наше искуство, на секој кој монтира плин кај нас му се кажуваат неколку пумпи каде ние точиме и сме во целост задоволни од плинот кој тие го нудат.

ќе ми гарантира некој дека ќе добијам барем 5% зголемена снага ако ги турам тие бриск свеќиците ?
Искрено, како и што напишав, и ние не очекувавме такви резултати, но бројките си го кажаа своето. Не може да гарантираме за нешто што самата фабрика не гарантира, но можеме да гарантираме подобра работа на моторот и подобро согорување на горивото. Со самото тоа би требало да се добива и на снага. Така да според мене вреди да се проба.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #466 на: 30 Април 2014, 14:41:40 pm »
Да не има некој искуство со следново...
Прв пат се случува да титне индикаторот за плин-бензин на шалт таблата откако ќе ја изгасам колата.
Ја палам повторно и најнормално си работи на плин па и на бензин, ја гасам пак и пак титнува еднаш индикаторот. До сега не правело никогаш така.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #467 на: 30 Април 2014, 14:45:21 pm »
И мене ми правеше така, од плимонт ми кажаа дека после поминати одреден број на работни саати, почнува да титка како потсетување за редовен сервис, помини одма ќе ти го изгасат - ресетираат.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #468 на: 30 Април 2014, 15:32:44 pm »
И мене ми правеше така, од плимонт ми кажаа дека после поминати одреден број на работни саати, почнува да титка како потсетување за редовен сервис, помини одма ќе ти го изгасат - ресетираат.

Фала на инфо. После ќе тркнам, не знаев дека и за плинот има сервисен интервал.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #469 на: 30 Април 2014, 21:27:44 pm »
Има. Проверка на дизни, проток, филтри, фирмвер и слично.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #470 на: 01 Мај 2014, 14:01:45 pm »
Има. Проверка на дизни, проток, филтри, фирмвер и слично.

Бев во Мармил
Ми рекоа да ја оставам после празников 3 саата минимум кај нив.
Колку зимаат обично за филтерот? Прв сервис е ова.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #471 на: 01 Мај 2014, 14:16:26 pm »
Ќе те излажам ако ти кажам. Не сум правел и јас сеуште прв сервис. Нешто ми се врти низ глава како да е 1200 денари филтер, аи дека има два филтри уредот ама не ме фаќај за збор.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #472 на: 30 Март 2017, 12:30:05 pm »
Ај да обновиме една постара тема и вечната дилема, дали некој сретнал на Фиеста 2008 г со 1.25 моторче плин со и без капалка, дали е осетлив на трошење на вентили, лежишта и слично.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #473 на: 30 Март 2017, 23:01:11 pm »
Единствено знам дека беа малку специфични во местењето на плинот. На времето беше поскапо за нив да наместиш уред. Мислам дека немаа капалка.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #474 на: 31 Март 2017, 08:54:33 am »
Колешка купува кола па улета една таква. Нешто не ја бендиса, инаку имаше капалка, од новус беше плинот. Моторчето малку даваше hunt on idle и на бензин и на плин, претпоставувам пореметени мапи, а со мала километража ~120000км. Прв газда, купена во Мида.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #475 на: 31 Март 2017, 11:38:22 am »
Многу мотори прават hunt on idle кога работат на плин.

Најчесто ако ја однесиш на мајстор, ќе испрскаат спреј за кочници во усисната клапна да го изчистат усисот од ѓубре.

Мене Нубирата така ми праеше (пример 100-200 обртаи варираше во место) и после чистењето доста се смири, ама пак малку се слуша варирање кога работи на плин. На бензин не. НАВОДНО демек компјутерот постојано ја подесувал смесата и затоа така праела. Мене не ми делува баш најлогично ама ене работи веќе 5 години така, па никому ништо.

Мене ме нервира, татко ми ниту има забележано :D

Отсутен Slipknot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 52
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #476 на: 04 Април 2020, 07:03:43 am »
Дали некој има искуство со Голф 5 1.6 ФСИ на плин? Знам дека е скап системот (околу 800е) и троши 20% бензин, но не знам како влијае на моторот. Поздрав