Мене ми е криво што не ставив плин на HR-V то. Тој мотор нема воопшто проблеми со плин, а извозев на бензин 110000 км.
На CR-V во дефинитивно нема да ставам плин во наредниве 5 години.
Ама слабо читате. Одговорот ти е даден ама кој да чита.
Приочитај го ова кратко е:
http://www.slideshare.net/ucsp/experimental-study-of-the-effects-of-lpg-on-spark-ignition-engine-performanceЈас сум разговарал на оваа тема со луѓе што се разбираат, а читањето одокулу да потврдува истото.
Значи не е проблемот во возењето на ЛПГ туку начинот на кој се вози.
Температурата на издувните гасови не е причината туку причината е начинот на возење.
Значи, температурата на издувните гасови на бензин е од 600 до 1500 степени зависно од режимот на возењето.
Температурата на издувните гасови на плин е од 50 до 100 степени повисока кога се вози на плин одошто кога се вози на бензин што значи се двиѓи од 650 до 1600 степени од прилика.
Ова значи дека моторот повеќе се ебава кога се вози на бензин и издувни гасови од 1200 степени отколку кога се вози на плин и издувни гасови од 1000 степени. Се е до начинот на возење. Моторот помалку се абе ако возиш 160 на бензин одошто ако возиш 120 на плин.
Од досега изнесеното во стотици страници наназад, на плин се вози за економија и не се вози на 5000 вртежи туку на 3000. Ако сакаш да возиш на 5000 вртежи перфрли на бензин, ако сакаш да возиш економично вози на плин и нема да имаш НИКАКОВ проблем.
Во Плимонт ми имаат покажано дека два идентични мотори од две идентични возила после скоро исто изминато кимолетри може да имаат покажано дијаметрално различни нивоа на оштетување на моторот, од нула штета до целосна штета. Но едниот се вози на отворено под полна гас а другиот се вози економично и совесно.
Јас не би се плашел да возам на плин откако се информирав да речам темелно на темава. Кога сакам да возам брзо на отворено и под полна гас возам на бензин, кога сакам да стигнам од точка А до точка Б возам на плин и немам никаков пробле. Затоа Крел, Субару и Хонда можат да поминат стотици иљади километри на плин а притоа да немаат НИКАКОВ проблем.