Автор Тема: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet  (Прочитано 16734 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2860
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #105 на: 13 Јуни 2026, 15:38:58 pm »
130 евра, рамно 8000 денари.

Човекот и од лугето што ми го препорачаа и се консултирав, има долгогодишно искуство со вакви работи.

Благодарам на инфо  :D
Не знам што да правам хах, не е скапо...

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #106 на: 13 Јуни 2026, 15:40:37 pm »
И јас исто така бев на оваа мисла, ме закопка црвот, се консултирав со Симо како долгогодишен корисник на италијански возила и ке ти го пишам истото што и тој:

Да си направиш стејџ 1 ремап, 25 до 45 кс колку и да е за твојата кола, ке осетиш разлика, особено во секојдневните вртежи што ги користиш додека возиш.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16799
  • Keep it 100
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #107 на: 14 Јуни 2026, 01:01:33 am »
Ништо чудно за нијанса и плус да имам бенефит ако се стави и К&N, ама за тоа ке ми требаат преправки, не би сакал да го влече воздухот од моторниот простор.

Ако нејќеш преправки има BMC што е директна замена за фабричкиот - https://www.bmc-air-filter-shop.com/010.100.610@543-08-39/Fiat-Bravo-198-1.4-T-Jet-120-PS-2007-to-2014.htm

Јас го имам веќе 6 години, ама не се осеќа некоја разлика во звук зошто е доле во браник позади магленка.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2471
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #108 на: 14 Јуни 2026, 01:19:33 am »
Во многу наврати е докажано дека со конусни филтри од отворен тип како K&Nот се губат перформанси. Најмногу перформанси се добива од drop-in филтер како заменски за фабричкиот што пропушта повеќе воздух и од ултра скапи затворени системи. Стај BMC филтер да си добиеш нешто подобар проток на воздух и тоа е тоа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18084
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #109 на: 14 Јуни 2026, 10:09:05 am »
Мислам дека конкретново возило ќе има подобри резултати со интеркулер отколку со филтер за воздух (секако најдобро двете), а и ако имаш к'смет, можда ќе бидат и иста цена :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #110 на: 14 Јуни 2026, 12:02:58 pm »
По тоа што читав, пребарував, да не ми се случи да имам турбо лаг, бидејки тој интеркулер од 2.0 мултиџет е со скоро 7 литри зафатнина на воздух што ја собира, додека кај мене а и речиси сите други браво модели, интеркулерот е со 4 литри зафатнина на воздух.

И со човекот од tuningcenter му го спомнав ова, ми рече има шанси на ова турбо да ти се појави турбо лаг со поголем интеркулер, неговото мислење беше ако ставам VL36 или особено Гарет од абарт моделот, тогаш да го сменам интеркулерот со поголем.

А кога му спомнав дека имам ставено заден лонец од 1.4 тјет 150 кс и изваден среден лонец и заварено права цефка, рече тоа ти е солиден бенефит за ремапов.


А за BMC филтерот за воздух, навистина прв пат го слушам, па може ли нешто совети плус ? Гледам дека е траен филтер, како оди негово одржување, што треба да се прави, како се чисти, на колку км ?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16799
  • Keep it 100
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #111 на: 14 Јуни 2026, 22:15:32 pm »
Овој се дува со компресор, се чисти и се прска со ова на секој мал сервис - https://www.bmc-air-filter-shop.com/070@WA-250-500/BMC-Washing-Kit-filter-oil-%26-cleaner.htm

А имаш и од Pipercross сунѓерест што мислам дека се пере само со вода - https://pipercross.com/pipercross-panel-car-air-filter-cylindrical-px2073/

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #112 на: 14 Јуни 2026, 22:21:52 pm »
Фала ти на споделено инфо.