Автор Тема: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet  (Прочитано 13676 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #75 на: 09 Мај 2026, 20:46:59 pm »
Уу предобро! Скоро или исто ко Мито-то мое! Браво! Митото малце ми беше напорно на 140-50, ама може со браво-во да е покултурно. Некако екстра беџон позади не ми штима.. тоа 1.4 Т

Од 2500 па докај 4500-5000 вртежи е некој максимум 10% појак звук на дроне. Бидејки претходно фелицијата, а и порано кадетот, на пример при благ успон во 4та или 5та додадев полн бас, се слушаше длабок баритонски ''boooooo" звук.
Е ова е нешто слично, ама не е до толку изразено како на тие коли, ама сепак го има, така да дури и уште малку да ми е погласно од сега, нема да ми смета во секојдневно возење.
Над 5000 вртежи осетно станува бучно, јавува сериозен "drone" звук. Ама па не го терам над 5000 вртежи, секако ова турбо не е како кај 150 кс или 155 кс, така да неговиот максимум е до 4500 вртежи и до таму го терам ретко, најчесто сум опсег 2000-4000 вртежи во реално нормално возење.

Сакам таква бучава до одредено ниво, да ја слушнам, да знам дека кога давам гас, кога барам од моторот сила, да ја слушнам таа бучавост, звук дека моторот е тука, срка гориво за да оди, а не да ми е бесшумно, и само звук од гуми да слушам или од струње на ветер.

Тоа 1.4 Т ми е од Тему, јас така сакав да има ознака што мотор носи, како кај тебе што е Алфата нели 1.75 тби, знаеш што мотор носи, а кај Браво ниту еден модел позади не е фабрички означен, само напред на предната маска со малите букви т-јет или multijet.


Еве што би рекол дека те очекува кога ќе ја оставиш колата да преноќи и да се излади скроз :)

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25003.msg1248233.html#msg1248233

Ти ја пребарав темата пред некое време кога ја отворив темава за модификација на ауспухов.
Утре ке снимам и на прво палење каков ке биде звукот.
Мада и сега во гаража во затворено, осетно е појак звукот, пред тоа како конвертирана песна од јутуб во 128 кбпс ми беше, сеа живнат е звукот.


Ми праиш беља во понеделник да отидам и јас до аспо да го решам лавчево вака,само незнам како ке се вози на високи обртаи пошто кај мене и доста мука од мотор…


Sent from my iPhone using Tapatalk

Среден лонец само вадење, тие во суштина се проточни и внатре со дупчиња, и така малку придушуваат звук.


Плус и на гугл и вештачкиве интелигенции велат дека со вадењето на средниот проточен лонец, иако е проточен, сепак има улога со тие дупчиња малку да ги успори издувните гасови за да стиши, вака со права цефка се убрзува протокот на издувните гасови, а тоа во одредена мера е полезно за турбината, полесно врти, помалку развива температура.
И кога ќе размислам, има логика, турбината се врти од издувните гасови, а ако тие излегуваат побрзо, побрзо ја вртат турбината, не се задржуваат премногу на самиот издув кај турбото, автоматски помала термичка оптовареност.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #76 на: 10 Мај 2026, 14:35:31 pm »
Еве го првиот утрински звук (матно е видеото на почеток, јбг, ама барем звукот се слуша убаво)
https://imgur.com/a/As6LD7p


Споредба со на @Simo - Carrier159
https://www.youtube.com/watch?v=UwEF5BXDhl0

И на @MartinAlfista
https://www.youtube.com/shorts/RolwsyFwyrM

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18045
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #77 на: 10 Мај 2026, 14:42:14 pm »
Тоа е тоа, меракот на прва интеракција со колата во денот е инстантно зголемен :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #78 на: 10 Мај 2026, 14:52:07 pm »
Можам да замислам со проточен заден лонец какво ке биде ;D

Ама ова е мислам културен звук, ниту за мене да ми пречи во возење, а ниту за околината околу мене однадвор.
Ништо повеќе.


Е сега следни планови, следен месец план ми е да заменам глицерин бидејки 3 години се поминати од последната замена, и плус задни плочки, од некоја причина побрзо ги јаде задните, предните плочки и воопшто како да не се трошат.

Второ, ако успеам да најдам чашка за крстачот што е кај менувачот, на левата страна има прилично луфта.
Се случува при тргнување на јака нагорнина да затрза цела кола, а при втора брзина на успон ако додадам гас, како крцкање.
Проблемот е што ова иде во целост, комплетно крстач, осовина и надворешен зглоб, ако успеам само крстач и чашка да земам ќе биде супер.


И трето најпоследно, сега од човекот што го земав браникот и лонецот, земав и сепаратор за масло.

Што е проблемот со сепараторот ?
Па најверојатно фабричка грешка, бидејки колава во ниту едно сценарио не чади плав дим, освен само кога се спуштам подолго време со моторно кочење и првото додавање гас, исфрла плав облак и толку бидејки вакуумот е претерано јак и мембраната и пцв вентилот не успеваат да ги задржат уљените капки, па продолжуваат преку цревото кон турбото кое потоа ги турка во усисна грана.

Читано по форуми дека тие сепаратори се проблематични и решение нема, освен да се тера со фабричкото. А јас го фрлив фабричкото кога го земав ова новото....
Втора солуција е ставање Oil Catch can.

Јас ке пробам со ставање на тоа што го земав од прилепското браво.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44999
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #79 на: 10 Мај 2026, 17:20:35 pm »
Еве го првиот утрински звук (матно е видеото на почеток, јбг, ама барем звукот се слуша убаво)
https://imgur.com/a/As6LD7p


Споредба со на @Simo - Carrier159
https://www.youtube.com/watch?v=UwEF5BXDhl0

И на @MartinAlfista
https://www.youtube.com/shorts/RolwsyFwyrM

1.4 т-џет моторов ко да е со дупло поголем капацитет :) Предобро моторче.
Одлично испаднало! Со здравје да си го брчиш!
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #80 на: 19 Мај 2026, 20:52:20 pm »
Друшто, ми треба мислење што да превземам со следниот проблем што го имам, а тоа е ова чудо на сликава (сепараторот за масло)




По форуми за фиати, ова е проблематичен дел и причина за потрошувачка на масло кај 1.4 тјет моторите.
Неговата функција е да ги врати назад капките масло што излегуваат од одушакот назад во моторот, додека пареата само да отиде према турбината.

Но во реалноста, сепараторот не ги задржува маслените капки, па така тие преку оној поширок отвор од каде црево продолжува точно пред турбината го фрла маслото.
Од тука турбината го повлекува тоа масло и го турка заедно со воздухот, а подоцна и бензинот внатре во цилиндрите и така го согорува маслото овој 1.4 тјет мотор.

Најизразено ова е во ситуација кога сум на удолница со моторно кочење каде немам активно согорување и штом дојдам на рамно и додадам гас, од позади излегува плав облак, тоа е таа количина на масло што треба да ја согори.

Потоа во ниту еден друг режим на работа моторот не чади, ниту да работи во лер 20 минути па да му дадам туража до максимум, ниту под оптеретување во нагорнини.
Затоа проблемот не го ни барам во моторот бидејки ниту еден симптом не укажува дека има било каков проблем, не чади ниту на прво палење.
Само после моторно кочење во вртежи над 2500+.


Мене овој сепаратор ми е сменет со нов, а стариот го фрлив. И реално со стариот беше подобро, бев на некои 1.5 литри досипано масло на интервал од 10 000 км.
Со новиов сепаратор сум на 2 литри досипани на 5000 км.

Јас од бравото од Прилеп каде што го земав браникот и лонецот, земав и ваков сепаратор, ама и тој има масло околу поширокиот отвор, ама се надевам дека е фабрички, а фабричкиот кај мене подобро работеше отколку новиов иако е иста марка Махле.


Чаре ?
Да го пуштам цревото надоле наместо во турбина ?
Или инсталација на Oil Catch Can ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44999
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #81 на: 19 Мај 2026, 21:50:10 pm »
Да видиш мембраната под капачето во каква состојба е, дали е способна да дихтува? Такви мембрани се купуваат, пробај стави нова.
Не си играј „фичо“ финти, со цревцето под мотор :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #82 на: 19 Мај 2026, 21:54:59 pm »
Треба да го отворам, ама уште од првиот момент со ставањето на новиот сепаратор, наместо да се подобри, се влоши ситуацијата, наместо да паднам пример на макс 1 литро од интервал до интервал, мене ми дуплираше потрошувачка на масло.

Јас за почеток ке го ставам тој од прилепското браво, се надевам фабрички е, бидејки не верувам дека некој друг освен мене би се замарал баш овој дел да го менува.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8273
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #83 на: 19 Мај 2026, 21:56:56 pm »
За прво време пушти црево надоле, барем да не оди во турбина дур најдеш решение. Втора работа што ми паѓа на памет, може ли некако да се конвертира да работи без сепараторот?  Да се блокира, бајпас да се направи? Значи само давам идеи, незнам дали е возможно тоа. И трета работа, што знам дека се случува дури и кај обични бензинци, пробај смени друг бренд на уље. Знам ситуација каде што колата на спуштање од маврово, димеше плаво како да е за ремонт, а во сите други режими работеше без проблем. Проблемот се реши со друга марка на уље.

Се надевам дека помогнав.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #84 на: 19 Мај 2026, 22:03:29 pm »
Три типови на масло сум користел, 77лубрикант, селенија, моментално Мотул.

Со сите масла го прави истото.

За ремонт ќе беше ако под оптеретување чади, пример на успон во пониски вртежи, ако тогаш фрла плав дим низ ауспух, тогаш е за ремонт.

Овдека не е тој случај бидејки првиот пат кога го менував сепараторот, ми беше скинато големото црево пред турбото.
После 1 месец кога ми стаса новото и кога го менував и тоа, повторно имаше поприлично масло дојдено преку цревото од сепараторот.

Да се преправи овој сепаратор е само ставање oil catch can, друга опција освен пуштање цревото надоле слободно да издишува во атмосферата нема.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8273
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #85 на: 19 Мај 2026, 22:51:52 pm »
Претпоставувам 5w30 ставаш. Да пробаш ликви моли да ставиш, или 5w40 да пробаш. Некако многу е 4л на 10000км. Не викам дека не бега уље од сепараторот ама 4 литра да избегаат премногу е.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18045
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #86 на: 19 Мај 2026, 22:56:31 pm »
Пробај и со Shell Helix HX8 ECT масло, мене ова речиси ич не ми го трошеше, поминував цел интервал со досипани 200-300 милилитри не од реална потреба, туку од желба да ми биде на макс. Се друго што пробав, вклучувајќи и Мобил и Мотул, знаеше да потроши меѓу 1 и 1.5 литар.

За сепараторот, јас читав кога го купив Митото дека знае да е проблем, и го чистев фабричкиот со две конзерви брејк клин. Излезе доста ѓубре од внатре, и така го вратив назад. При истражувањето исто читав дека мембраната е главниот проблем, а вториот е затнување од ретки промени на масло.

Ако веќе сакаш да го вадиш твојот, отвори ја мембраната и види што се случува внатре. Ако е нов, не мора да значи дека е квалитетен. Можда можеш да ја искористиш мембраната од половниот, и да склопиш нова пластика со стара поквалитетна мембрана.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7148
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #87 на: 19 Мај 2026, 22:56:45 pm »
5w-40 ставам според фабричката Fiat 9.55535-S2 спецификација.

Селенијата е к-пуре, а мотулот е 8100 х-clean.

Сеуште бев на селенија кога го менував сепараторот и напротив, повеќе почнав да досипувам, и бидејки селенијата к-пуре ја нема во 4 или 5 литарска канта и е премногу скапо, одлучив Мотулот да го земам.

Ама количината на досипување остана иста како и со селенијата после промената на сепараторот.

По форуми пишуваат многу дека проблематичен дел е и дека во најголем дел од случаевите е не дирај лава док спава.

Ама ја не само што го имав сменето со нов, туку и го фрлив оригиналниот мој сепаратор надевајки се дека ќе биде подобро. После тоа читав по форуми откако наместо подобро, отиде на полошо ;D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6887
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #88 на: 20 Мај 2026, 10:01:22 am »
Air-Oil Separator побарај и стави на местото на PCV.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3441
  • Хюндай Тюсон
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #89 на: 20 Мај 2026, 11:20:55 am »
5w-40 ставам според фабричката Fiat 9.55535-S2 спецификација.

Селенијата е к-пуре, а мотулот е 8100 х-clean.

Сеуште бев на селенија кога го менував сепараторот и напротив, повеќе почнав да досипувам, и бидејки селенијата к-пуре ја нема во 4 или 5 литарска канта и е премногу скапо, одлучив Мотулот да го земам.

Ама количината на досипување остана иста како и со селенијата после промената на сепараторот.

По форуми пишуваат многу дека проблематичен дел е и дека во најголем дел од случаевите е не дирај лава док спава.

Ама ја не само што го имав сменето со нов, туку и го фрлив оригиналниот мој сепаратор надевајки се дека ќе биде подобро. После тоа читав по форуми откако наместо подобро, отиде на полошо ;D

Нов бунар копај во стариот не плукај. Или у денешно време на бившите секад честитај роденден, никад не знаеш кога некоја ќе стави силикони. :D

https://www.autogarage.bg/maslen-separator-karterni-gazove-55208531-prod67088.html

Ако треба кажувај ќе го земам од софија.