Автор Тема: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet  (Прочитано 16729 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #90 на: 20 Мај 2026, 18:03:10 pm »
Air-Oil Separator побарај и стави на местото на PCV.

Тоа е премногу мало, башка сепараторот е систем со два отвори, едниот поширок према турбо и уште еден помал отвор и тој отвор е PCV вентил, кога има буст од турбината, го затвора протокот низ помалиот отвор, додека пак се спушташ со моторно кочење или работи во лер каде има подпритисок-вакуум, тогаш отвора.

https://www.autogarage.bg/maslen-separator-karterni-gazove-55208531-prod67088.html

Ако треба кажувај ќе го земам од софија.

Веќе имам купено ново, нема поента да фрлам пари пак за ново.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #91 на: 23 Мај 2026, 18:18:20 pm »
Ставен е половниот сепаратор од прилепското браво
Добро е што отворив, стегата што е на дебелото црево баш кај сепараторот, како не знам ама беше откачена и си капело масло врз џекот од бобината на 4ти цилиндер



Стегите се вакви


Ама затоа со клешта наменета за нив (купена од тему), стегањето потоа е 2 секунди работа


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8317
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #92 на: 23 Мај 2026, 18:34:57 pm »
Значи нема по лоши стеги од овие на фиат. Очекувај за одредено време пак да се олабават.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #93 на: 23 Мај 2026, 18:44:48 pm »
Ако имаш алат за да ја стегнеш, нема мака, претходно со папагалки се мачев малку, барав низ наши продавници и не најдов таква клешта.

Затоа е Тему тука.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8317
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #94 на: 23 Мај 2026, 20:16:48 pm »
Јас на пунтото скоро сите ги сменив, си пуштаа со тек на време. Џабе беше и клешта и се кога самиот материјал беше омекнат.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #95 на: 23 Мај 2026, 21:00:40 pm »
Ги проверив сите наоколу, беа ок, така да можеби некоја наредна прилика да ги сменам со класични со штраф.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #96 на: 11 Јуни 2026, 23:04:14 pm »
Вечерва направив неколку мерења на меѓузабрзувања, по едно во 3та и 5та и три мерења во 4та брзина, резултатите се следни:

Едно мерење во 3та;
Од 40 до 80 км/ч - 6.01 секунди
Од 80 до 100 км/ч - 2.96 секунди
Вкупно 40 до 100 км/ч: 8.97 секунди

Прво мерење во 4та:
Од 60 до 100 км/ч - 8.05 секунди
100 до 120 км/ч - 4.16 секунди
120 до 140 км/ч - 4.73 секунди

Второ мерење во 4та:
Од 60 до 80 км/ч - 4.25 секунди
Од 80 до 100 км/ч - 3.43 секунди
Од 100 до 120 км/ч - 3.87 секунди
Од 120 до 140 км/ч - 4.64 секунди

Трето мерење во 4та:
Од 60 до 80 км/ч - 4.18 секунди
Од 80 до 100 км/ч - 3.57 секунди
Од 100 до 120 км/ч - 3.88 секунди
Од 120 до 140 км/ч - 4.66 секунди

Едно мерење во 5та:
Од 80 до 120 км/ч - 10.51 секунди
Од 120 до 160 км/ч - 11.95 секунди
Вкупно од 80 до 160 км/ч: 22:46 секунди


Бидејки само во 4та имам повеке мерења (фати невреме кај Петровец-Катланово автопатот иначе барем и за 5та ке направев уште две мерења), па така просек само за 4та брзина меѓузабрзувања имам:

60 – 80 км/ч: 4.22 секунди
80 – 100 км/ч: 3.50 секунди
100 – 120 км/ч: 3.97 секунди
120 – 140 км/ч: 4.68 секунди
Вкупно просечно време 60 - 140 км/ч: 16,37 секунди


Наскоро здравје апдејт, се надевам со подобри резултати ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18084
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #97 на: 12 Јуни 2026, 00:02:49 am »
Бидејќи осеќам на кај оди апдејтов, да те подучам дека на оваа платформа (Giulietta, Bravo), на 1.4 T-Jet моторите можело да се наштрафи поголемиот интеркулер од 2.0 JTDm мотор, без преправки. Прилично многу осетен е heat soak на моторов, педалата за гас се осеќа како да газиш на стрес топче, го губи одзивот.

Не е задолжително, ама е многу препорачливо особено при зголемен притисок на турбината :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #98 на: 12 Јуни 2026, 00:17:56 am »
Ако допринесува за подобро ладење без да се губат перформанси заради поголем интеркулер, зошто да не.
Иначе и на фабрички 120 кс во дадени моменти го имам тоа почувствувано, знам за што зборуваш.

Од друга страна, секако фабричката турбина не е за високи вртежи, 4000-4500 вртежи е опсегот каде што започнува да го губи бустот, а ке го губи и после апдејтот, толку и е капацитетот.

Ама опсег 2000-4200 вртежи би требало да подобри итекако, очекувано е да биде и подобро од фабричка 1.4 тјет 150 кс, бидејки побрзо врти помалово VL37 турбо во однос на поголемото VL36/38 во 150 кс.

Али ке го имам во обзир ова за интеркулерот.
« Последно менување: 12 Јуни 2026, 00:23:44 am FiLo »

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #99 на: 13 Јуни 2026, 00:35:22 am »
Денеска е направен stage 1 ремап на моторот тука: https://tuningcentar.com.mk/

Првите импресии се, моторот прво како да нема воопшто турбо дупка, уште на 1500 вртежи имам буст, претходно тек на 1700-1800 се чувствуваше првото потегнување.
Потоа најјакиот буст е некаде на 2700-2800 вртежи, ако тука ги држам вртежите и додадам гас, колата се чувствува како да катапултира, она што го чувствував на 1800 вртежи со фабричката мапа, сега го чувствувам на 2800 вртежи кога ја додавам гаста.
Трето, колата има повеке буст и во високите вртежи, успеав преку 5500 вртежи во 5та со леснотија да ги стигнам, претходно веке над 4500 осетно го губев бустот во високите преноси.
Четврто, добив уште појак и подлабок дроне звук над 2500 вртежи во однос на фабричката мапа.
Пето, колата со многу малку гас притисната во рамни услови одржува 130 км/ч во 6та, буквално на рамно со леснотија ја движи.


Направив и вечерва мерења после изминати негде 150 км, времињата се следни (само да напоменам, разликата од вчера е што денес е 8 степени поладно во однос на вчера, но имаше релативно ветер, и вчера со фул резервоар тестирав, а денеска со 3/4)

Ова се времињата:
Прво мерење во 4та 60-140 км/ч
Од 60 до 80 - 3.58 секунди
Од 80 до 100 - 2.72 секунди
Од 100 до 120 - 3.34 секунди
Од 120 до 140 - 3.56 секунди

Второ мерење 4та 60-140 км/ч
Од 60 до 80 - 3.58 секунди
Од 80 до 100 - 3.09 секунди
Од 100 до 120 - 3.51 секунди
Од 120 до 140 - 4.24 секунди


Прво мерење 5та брзина 80-160 км/ч
Од 80 до 160 - 19.47 секунди

Второ мерење 5та 80-160 км/ч
Од 80 до 120 - 8.99 секунди
Од 120 до 160 - 10.68 секунди


На првото мерење во 4та 60-140 км/ч имам вкупно време 13.20 секунди, на второто време 14.42, просечно 13.81 секунди
Тоа е за 2.56 секунди побрзо просечно време во однос на вчеравечер

Во 5та 80-160 км/ч имам 19.47 секунди на прво и 19.67 секунди. Во однос на синокешното мерење, вечерва во 5та побрзо оди за 2.89 секунди од 80 до 160 км/ч



Секако ке направам уште едни мерења кога температурата ке биде 23-24 степени како синока со полн резервоар и кога ке оставам уште некое време ECU-to да ги поднаучи параметрите.

За почеток, јас задоволен од првичните резултати и како колата оди.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6071
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #100 на: 13 Јуни 2026, 14:44:50 pm »
Сеа и помалку троши кога одржуваш 120/130 на автопат 😁

Sent from my 23021RAAEG using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #101 на: 13 Јуни 2026, 15:11:22 pm »
Па теоретски ако константо се одржува брзина, со помалку притисната гас, да треба да троши нешто помалку.

Најбитно е што сега има баш момент за престигнување, баш тој опсег 2500-3000 вртежи секогаш сум го држел кога сакам да престигнам, сега е далеку поизразено потегнувањето во тие вртежи отколку со фабричката 120 кс мапа.

Според оваа слика како репер за стејџ 1 што ја имам најдено,во целокупен режим бустот е зголемен за просек 0.3 бари. Итекако е добредојдено тоа што веке од 2800 вртежи имам солидно појако забрзување од претходно.
За ова придонесува и олеснетиот издув, извадениот среден лонец и ставено права цефка и задниот лонец од 150 кс моделот кој е попроточен од мојот фабрички.
Ништо чудно за нијанса и плус да имам бенефит ако се стави и К&N, ама за тоа ке ми требаат преправки, не би сакал да го влече воздухот од моторниот простор.

,

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45074
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #102 на: 13 Јуни 2026, 15:31:06 pm »
Сеа и помалку троши кога одржуваш 120/130 на автопат 😁

Sent from my 23021RAAEG using Tapatalk



Само 1.9 TDi (со две или повеќе црвени) троши помалку со ремап! :D Друга кола - не знам!
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2860
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #103 на: 13 Јуни 2026, 15:36:06 pm »
Колку те чинеше зафатот?
Се мислам и јас да направам ремап на стејџ 1 на Леонов...

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #104 на: 13 Јуни 2026, 15:37:19 pm »
130 евра, рамно 8000 денари.

Човекот и од лугето што ми го препорачаа и се консултирав, има долгогодишно искуство со вакви работи.