Денеска е направен stage 1 ремап на моторот тука:
https://tuningcentar.com.mk/Првите импресии се, моторот прво како да нема воопшто турбо дупка, уште на 1500 вртежи имам буст, претходно тек на 1700-1800 се чувствуваше првото потегнување.
Потоа најјакиот буст е некаде на 2700-2800 вртежи, ако тука ги држам вртежите и додадам гас, колата се чувствува како да катапултира, она што го чувствував на 1800 вртежи со фабричката мапа, сега го чувствувам на 2800 вртежи кога ја додавам гаста.
Трето, колата има повеке буст и во високите вртежи, успеав преку 5500 вртежи во 5та со леснотија да ги стигнам, претходно веке над 4500 осетно го губев бустот во високите преноси.
Четврто, добив уште појак и подлабок дроне звук над 2500 вртежи во однос на фабричката мапа.
Пето, колата со многу малку гас притисната во рамни услови одржува 130 км/ч во 6та, буквално на рамно со леснотија ја движи.
Направив и вечерва мерења после изминати негде 150 км, времињата се следни (само да напоменам, разликата од вчера е што денес е 8 степени поладно во однос на вчера, но имаше релативно ветер, и вчера со фул резервоар тестирав, а денеска со 3/4)
Ова се времињата:
Прво мерење во 4та 60-140 км/ч
Од 60 до 80 - 3.58 секунди
Од 80 до 100 - 2.72 секунди
Од 100 до 120 - 3.34 секунди
Од 120 до 140 - 3.56 секунди
Второ мерење 4та 60-140 км/ч
Од 60 до 80 - 3.58 секунди
Од 80 до 100 - 3.09 секунди
Од 100 до 120 - 3.51 секунди
Од 120 до 140 - 4.24 секунди
Прво мерење 5та брзина 80-160 км/ч
Од 80 до 160 - 19.47 секунди
Второ мерење 5та 80-160 км/ч
Од 80 до 120 - 8.99 секунди
Од 120 до 160 - 10.68 секунди
На првото мерење во 4та 60-140 км/ч имам вкупно време 13.20 секунди, на второто време 14.42, просечно 13.81 секунди
Тоа е за 2.56 секунди побрзо просечно време во однос на вчеравечер
Во 5та 80-160 км/ч имам 19.47 секунди на прво и 19.67 секунди. Во однос на синокешното мерење, вечерва во 5та побрзо оди за 2.89 секунди од 80 до 160 км/ч
Секако ке направам уште едни мерења кога температурата ке биде 23-24 степени како синока со полн резервоар и кога ке оставам уште некое време ECU-to да ги поднаучи параметрите.
За почеток, јас задоволен од првичните резултати и како колата оди.