Кога сум на самоуслужниве перални, не секогаш, ама пример на секое 3то или 4то перење, низ решетките прснувам со вапот према хладњакот и доле интеркулерот.
Иначе уште еден параметар не споделив од денешното тестирање, а тоа е дека во тоа оптеретување и тој буст од 1.33 бар, максимална температура на антифриз беше 86 степени.
А на рамно си држи 79 степени.
Затоа што новиот термостат Магнети Марели што го ставив отвора на 80 степени.
Иначе мислам дека за да го рокнам турбово, треба константно 4000+ вртежи да сум бидејки сега со оваа мапа сериозно повеке буст држи на 4000+, тогаш започна етапно да паѓа пикот од 1.35 бар, но и на 5000 вртежи во 4та сеуште имаше солиден буст како за мало турбо од 0.6 кај првата нагорнина што е кај Велес кај што се спојуваат автопативе.
Ама речиси никогаш константно над 4000 вртежи не сум.