По тоа што читав, пребарував, да не ми се случи да имам турбо лаг, бидејки тој интеркулер од 2.0 мултиџет е со скоро 7 литри зафатнина на воздух што ја собира, додека кај мене а и речиси сите други браво модели, интеркулерот е со 4 литри зафатнина на воздух.
И со човекот од tuningcenter му го спомнав ова, ми рече има шанси на ова турбо да ти се појави турбо лаг со поголем интеркулер, неговото мислење беше ако ставам VL36 или особено Гарет од абарт моделот, тогаш да го сменам интеркулерот со поголем.
А кога му спомнав дека имам ставено заден лонец од 1.4 тјет 150 кс и изваден среден лонец и заварено права цефка, рече тоа ти е солиден бенефит за ремапов.
А за BMC филтерот за воздух, навистина прв пат го слушам, па може ли нешто совети плус ? Гледам дека е траен филтер, како оди негово одржување, што треба да се прави, како се чисти, на колку км ?