Автор Тема: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet  (Прочитано 15299 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7171
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #90 на: 20 Мај 2026, 18:03:10 pm »
Air-Oil Separator побарај и стави на местото на PCV.

Тоа е премногу мало, башка сепараторот е систем со два отвори, едниот поширок према турбо и уште еден помал отвор и тој отвор е PCV вентил, кога има буст од турбината, го затвора протокот низ помалиот отвор, додека пак се спушташ со моторно кочење или работи во лер каде има подпритисок-вакуум, тогаш отвора.

https://www.autogarage.bg/maslen-separator-karterni-gazove-55208531-prod67088.html

Ако треба кажувај ќе го земам од софија.

Веќе имам купено ново, нема поента да фрлам пари пак за ново.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7171
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #91 на: 23 Мај 2026, 18:18:20 pm »
Ставен е половниот сепаратор од прилепското браво
Добро е што отворив, стегата што е на дебелото црево баш кај сепараторот, како не знам ама беше откачена и си капело масло врз џекот од бобината на 4ти цилиндер



Стегите се вакви


Ама затоа со клешта наменета за нив (купена од тему), стегањето потоа е 2 секунди работа


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8300
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #92 на: 23 Мај 2026, 18:34:57 pm »
Значи нема по лоши стеги од овие на фиат. Очекувај за одредено време пак да се олабават.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7171
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #93 на: 23 Мај 2026, 18:44:48 pm »
Ако имаш алат за да ја стегнеш, нема мака, претходно со папагалки се мачев малку, барав низ наши продавници и не најдов таква клешта.

Затоа е Тему тука.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8300
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #94 на: 23 Мај 2026, 20:16:48 pm »
Јас на пунтото скоро сите ги сменив, си пуштаа со тек на време. Џабе беше и клешта и се кога самиот материјал беше омекнат.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7171
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #95 на: 23 Мај 2026, 21:00:40 pm »
Ги проверив сите наоколу, беа ок, така да можеби некоја наредна прилика да ги сменам со класични со штраф.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7171
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #96 на: 11 Јуни 2026, 23:04:14 pm »
Вечерва направив неколку мерења на меѓузабрзувања, по едно во 3та и 5та и три мерења во 4та брзина, резултатите се следни:

Едно мерење во 3та;
Од 40 до 80 км/ч - 6.01 секунди
Од 80 до 100 км/ч - 2.96 секунди
Вкупно 40 до 100 км/ч: 8.97 секунди

Прво мерење во 4та:
Од 60 до 100 км/ч - 8.05 секунди
100 до 120 км/ч - 4.16 секунди
120 до 140 км/ч - 4.73 секунди

Второ мерење во 4та:
Од 60 до 80 км/ч - 4.25 секунди
Од 80 до 100 км/ч - 3.43 секунди
Од 100 до 120 км/ч - 3.87 секунди
Од 120 до 140 км/ч - 4.64 секунди

Трето мерење во 4та:
Од 60 до 80 км/ч - 4.18 секунди
Од 80 до 100 км/ч - 3.57 секунди
Од 100 до 120 км/ч - 3.88 секунди
Од 120 до 140 км/ч - 4.66 секунди

Едно мерење во 5та:
Од 80 до 120 км/ч - 10.51 секунди
Од 120 до 160 км/ч - 11.95 секунди
Вкупно од 80 до 160 км/ч: 22:46 секунди


Бидејки само во 4та имам повеке мерења (фати невреме кај Петровец-Катланово автопатот иначе барем и за 5та ке направев уште две мерења), па така просек само за 4та брзина меѓузабрзувања имам:

60 – 80 км/ч: 4.22 секунди
80 – 100 км/ч: 3.50 секунди
100 – 120 км/ч: 3.97 секунди
120 – 140 км/ч: 4.68 секунди
Вкупно просечно време 60 - 140 км/ч: 16,37 секунди


Наскоро здравје апдејт, се надевам со подобри резултати ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18072
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #97 на: денес во 00:02:49 »
Бидејќи осеќам на кај оди апдејтов, да те подучам дека на оваа платформа (Giulietta, Bravo), на 1.4 T-Jet моторите можело да се наштрафи поголемиот интеркулер од 2.0 JTDm мотор, без преправки. Прилично многу осетен е heat soak на моторов, педалата за гас се осеќа како да газиш на стрес топче, го губи одзивот.

Не е задолжително, ама е многу препорачливо особено при зголемен притисок на турбината :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7171
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #98 на: денес во 00:17:56 »
Ако допринесува за подобро ладење без да се губат перформанси заради поголем интеркулер, зошто да не.
Иначе и на фабрички 120 кс во дадени моменти го имам тоа почувствувано, знам за што зборуваш.

Од друга страна, секако фабричката турбина не е за високи вртежи, 4000-4500 вртежи е опсегот каде што започнува да го губи бустот, а ке го губи и после апдејтот, толку и е капацитетот.

Ама опсег 2000-4200 вртежи би требало да подобри итекако, очекувано е да биде и подобро од фабричка 1.4 тјет 150 кс, бидејки побрзо врти помалово VL37 турбо во однос на поголемото VL36/38 во 150 кс.

Али ке го имам во обзир ова за интеркулерот.
« Последно менување: денес во 00:23:44 FiLo »