Уу предобро! Скоро или исто ко Мито-то мое! Браво! Митото малце ми беше напорно на 140-50, ама може со браво-во да е покултурно. Некако екстра беџон позади не ми штима.. тоа 1.4 Т
Од 2500 па докај 4500-5000 вртежи е некој максимум 10% појак звук на дроне. Бидејки претходно фелицијата, а и порано кадетот, на пример при благ успон во 4та или 5та додадев полн бас, се слушаше длабок баритонски ''boooooo" звук.
Е ова е нешто слично, ама не е до толку изразено како на тие коли, ама сепак го има, така да дури и уште малку да ми е погласно од сега, нема да ми смета во секојдневно возење.
Над 5000 вртежи осетно станува бучно, јавува сериозен "drone" звук. Ама па не го терам над 5000 вртежи, секако ова турбо не е како кај 150 кс или 155 кс, така да неговиот максимум е до 4500 вртежи и до таму го терам ретко, најчесто сум опсег 2000-4000 вртежи во реално нормално возење.
Сакам таква бучава до одредено ниво, да ја слушнам, да знам дека кога давам гас, кога барам од моторот сила, да ја слушнам таа бучавост, звук дека моторот е тука, срка гориво за да оди, а не да ми е бесшумно, и само звук од гуми да слушам или од струње на ветер.
Тоа 1.4 Т ми е од Тему, јас така сакав да има ознака што мотор носи, како кај тебе што е Алфата нели 1.75 тби, знаеш што мотор носи, а кај Браво ниту еден модел позади не е фабрички означен, само напред на предната маска со малите букви т-јет или multijet.
Еве што би рекол дека те очекува кога ќе ја оставиш колата да преноќи и да се излади скроз 
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25003.msg1248233.html#msg1248233
Ти ја пребарав темата пред некое време кога ја отворив темава за модификација на ауспухов.
Утре ке снимам и на прво палење каков ке биде звукот.
Мада и сега во гаража во затворено, осетно е појак звукот, пред тоа како конвертирана песна од јутуб во 128 кбпс ми беше, сеа живнат е звукот.
Ми праиш беља во понеделник да отидам и јас до аспо да го решам лавчево вака,само незнам како ке се вози на високи обртаи пошто кај мене и доста мука од мотор…
Sent from my iPhone using Tapatalk
Среден лонец само вадење, тие во суштина се проточни и внатре со дупчиња, и така малку придушуваат звук.
Плус и на гугл и вештачкиве интелигенции велат дека со вадењето на средниот проточен лонец, иако е проточен, сепак има улога со тие дупчиња малку да ги успори издувните гасови за да стиши, вака со права цефка се убрзува протокот на издувните гасови, а тоа во одредена мера е полезно за турбината, полесно врти, помалку развива температура.
И кога ќе размислам, има логика, турбината се врти од издувните гасови, а ако тие излегуваат побрзо, побрзо ја вртат турбината, не се задржуваат премногу на самиот издув кај турбото, автоматски помала термичка оптовареност.