Автор Тема: Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки  (Прочитано 8336 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #75 на: 17 Февруари 2023, 13:35:44 pm »
200/300км нови плочки на стари дискови за да легнат

Нова кола со нови дискови и нови плочки, нема потреба ни од 100км.
Односно веднаш за Охрид како и со секоја друга кола :)

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 671
  • Pixel Perfect.
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #76 на: 17 Февруари 2023, 13:47:28 pm »
внимателно со новите кочници кога ќе ги монтираат, првите 200-300 километри понежно кочење (секако, доколку мора, ќе си кочиш како што треба), бидејќи сите производители на дискови и кочници препорачуваат период на bedding in, односно „налегнување“ на површините од плочките со дисковите. Исто и внимавај во тој период, кога ќе симнуваш долги надолнини, да не ти биде ногата цело време на кочница, да не се прегреат површините на дисковите.
А плус дека и колата е нова, првите 1000-2000км треба лаганица возење да се разработи моторот.
Цитат
Doing an engine break-in used to be a standard procedure with new cars. And it’s still the case that you should avoid running the engine at high RPM for the first 1,300 miles. Experts recommend a maximum 3,500 rpm and 90 mph in diesel models and 4,500 rpm and 100 mph in gas models. This will give the engine and transmission sufficient time to adjust to each other. Once you’ve reached the 1,300-mile mark, you can gradually increase your speed and your engine’s RPM. In particular, avoid to put too much strain on a cold engine. However, that’s true not just when breaking in a new car but for the whole life cycle of your car. Likewise, never turn off an engine that has been running hard. Allow it to cool down by driving a few miles at a gentle pace.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #77 на: 17 Февруари 2023, 13:51:42 pm »
Цитат
Experts recommend a maximum 3,500 rpm and 90 mph in diesel models and 4,500 rpm and 100 mph in gas models

Лаганица?


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #78 на: 17 Февруари 2023, 13:55:45 pm »
200/300км нови плочки на стари дискови за да легнат

Нова кола со нови дискови и нови плочки, нема потреба ни од 100км.
Односно веднаш за Охрид како и со секоја друга кола :)

Баш денес (од сабајле се токмев да пишам и да пуштам линкови, ама среќа избројав до 10 и спремив пуканките) ги читав препораките од порелевеантните производители на опррема за кочење, сите, до еден, ама баш сите, Брембо, Ате, Бош, ЕБЦ, Минтекс, Текстар, сите до еден препорачуваат бед-ин кога имаш нови дискови и плочки. Некои дури и до 500 милји. Може да прогуглаш, ги има на тони.
Еве јас само од брембо сајтот ќе постирам:
Цитат
Upon replacement, the pads and discs, must be road tested.
Bedding in lasts about 300 km, during which it is essential to check for vibrations and noise from the brakes, both when driving and braking. The braking must be effective and brief and gradual brakes must be performed to allow proper alignment of the pad surface in contact with the disc.

Extremely sharp or violent braking can cause overheating of the friction material of the pads and disc, eventually compromising the integrity and the performance of brakes.

https://www.bremboparts.com/europe/en/support/fitting-and-maintenance/indications-and-bedding-in-90374
« Последно менување: 17 Февруари 2023, 14:01:12 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #79 на: 17 Февруари 2023, 13:59:03 pm »
@micika контактираше некоја од надворешните служби или спонтано испадна баш денес состанокот?

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1302
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #80 на: 17 Февруари 2023, 14:04:17 pm »
@yarre

Од сервис не смее да ти го предадат возилото без затворен и потпишан од тебе налог и опис на извршени работи.
Или поинаку кажано, местото на колата и е во сервис доколку е сеуште отворен налогот.
Згора има и рок до кој можат да ти ја држат колата во сервис, над тој рок ако не успеат да ја поправат должни се да дадат ново возило.
А во меѓувреме додека ти виси колата у сервис да обезбедат заменски возило со полн резервоар.

Налог може да стои отворен со денови и месеци. Зависи колку треба да се реши некој проблем. Ако прекидач за прозор не ти работи ете во гаранција, ќе ти ја држат колата во сервис и ќе ти дадат заменска па и со полн резервар.  :)
За прекидач нема да ти ја држат колата и да ти дадат заменско возило. А налогот ќе се затвори откако ќе се реши прекидачот.

@micika имало налог или немало ?

Предлагам клаберска комисија и разгледување на возилото после завршената работа.  ;D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #81 на: 17 Февруари 2023, 14:19:42 pm »
@micika контактираше некоја од надворешните служби или спонтано испадна баш денес состанокот?
Nekoj cita tuka ili nekoj prenesuva. Ne veruvam so slucajnosti.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #82 на: 17 Февруари 2023, 14:28:14 pm »
Апсолутно и на Шкода Ауто интернационалните им пишав и ги пријавив во Државен Пазарен Инспекторат. Конкретно денес не ми ги спомнаа ни едните ни другите, туку го спомнаа мојот мејл/барање за враќање на парите. А во тој мејл им реков ако не ми одговорат дека на 17.02 (денес) ќе им ја вратам колата. Ама од Шкода Ауто ми пишуваа неколку пати дека го ескалирале случајот и дека ќе ги конктактираат. Така да немам информации ама верувам дека биле во контакт.

Денес и на едните и на другите им пишав за состанокот и наводното решавање на случајот зашто и јас сакам да бидам коректна. Факт е дека ме контактираа, беа океј, ветија решавање на проблемот и ми дадоа временска рамка кога ќе се среди.

Во врска со прашањата за налог, мислам дека имаше. Првиот пат имаше некаков плав лист, мислам тоа беше налогот. Кога рекоа дека нема прашина и камчиња (а денес па едниот спомна имало камче, се гледала линија цел круг, па после вика лошо кочење било во прашање и загревање, имало сменето боја, пак контрадикторни информации ама искрено веќе гајле ми е).

Со тоа што, на сервис ќе те примат, запишуваат во компјутер нешто (немам увид што), после бркаат работа, еве потпишете тука чао чао. И искрено првиот пат некако не ми ни светна што се случува. Вториот пат дека бев веќе така повнимателна, и викам дајте ми копија од налогов, не може, држ не дај. Јас го сликнав со телефон, ама не добив копија од него. Не смеел налогот да излезе од нивниот сервис. А од Рено секогаш ми даваа се, што е сработено како е сработено. Ама ајде да речеме можеби треба да се затвори скроз па да ми дадат НЕШТО (ма да изгледа дека нема). Ама наводно постои и печатена верзија и заведен е случајот во систем. А згора на тоа возачката книшка веќе не им била физички документ туку и таа била кај нив во систем. Значи пак немам увид што пишуваат, што прават, што заверуваат. И тоа не ми се допаѓа баш. Од сега четири очи отворени пред да потпишам нешто. Во Рено пак ќе кажам си имав и книшка и таму фино наведено кога бил сервис, што се правело и потпис и печат од сервисот.

Ја имам оваа апликацијата Шкода што дава инфо на пример кога треба на сервис, промена на уље, такви работи. Ама не гледам ништо поврзано на пример со отворени налози, такви работи. Планирам повеќе за ова да ги замарам кога ќе чекам за промената.

Пак ќе кажам на страна се ова што се случува, ако некој не ти дава убави информации за твоето возило па уште под гаранција и ново, и ти прави спрепки за добивање информации што треба да ги знаеш, не е во ред и праќа лоши сигнали. Ама ајде тоа проблем за друг ден, сега прво ова да се реши.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #83 на: 17 Февруари 2023, 14:55:13 pm »
200/300км нови плочки на стари дискови за да легнат

Нова кола со нови дискови и нови плочки, нема потреба ни од 100км.
Односно веднаш за Охрид како и со секоја друга кола :)

Баш денес (од сабајле се токмев да пишам и да пуштам линкови, ама среќа избројав до 10 и спремив пуканките) ги читав препораките од порелевеантните производители на опррема за кочење, сите, до еден, ама баш сите, Брембо, Ате, Бош, ЕБЦ, Минтекс, Текстар, сите до еден препорачуваат бед-ин кога имаш нови дискови и плочки. Некои дури и до 500 милји. Може да прогуглаш, ги има на тони.
Еве јас само од брембо сајтот ќе постирам:
Цитат
Upon replacement, the pads and discs, must be road tested.
Bedding in lasts about 300 km, during which it is essential to check for vibrations and noise from the brakes, both when driving and braking. The braking must be effective and brief and gradual brakes must be performed to allow proper alignment of the pad surface in contact with the disc.

Extremely sharp or violent braking can cause overheating of the friction material of the pads and disc, eventually compromising the integrity and the performance of brakes.

https://www.bremboparts.com/europe/en/support/fitting-and-maintenance/indications-and-bedding-in-90374
Се сеќаваш колку линкови за дпф постирав убедувајќи го Vlatko klp за пасивна регенерација на дпф?


Купувам нова кола во 21 век и веднаш возам најнормално, а вие со половните терајте лаганица😀

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #84 на: 17 Февруари 2023, 14:59:37 pm »
@yarre

Од сервис не смее да ти го предадат возилото без затворен и потпишан од тебе налог и опис на извршени работи.
Или поинаку кажано, местото на колата и е во сервис доколку е сеуште отворен налогот.
Згора има и рок до кој можат да ти ја држат колата во сервис, над тој рок ако не успеат да ја поправат должни се да дадат ново возило.
А во меѓувреме додека ти виси колата у сервис да обезбедат заменски возило со полн резервоар.

Налог може да стои отворен со денови и месеци. Зависи колку треба да се реши некој проблем. Ако прекидач за прозор не ти работи ете во гаранција, ќе ти ја држат колата во сервис и ќе ти дадат заменска па и со полн резервар.  :)
За прекидач нема да ти ја држат колата и да ти дадат заменско возило. А налогот ќе се затвори откако ќе се реши прекидачот.

@micika имало налог или немало ?

Предлагам клаберска комисија и разгледување на возилото после завршената работа.  ;D
Алооо, се затвара налогот чим возилото го напушта сервисот, а во него мора да стои опис на сработено, или што треба да се сработи.
Битно се затвора налог.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #85 на: 17 Февруари 2023, 15:40:10 pm »
Цитат
Негледам зошто да не го направат тоа, со оглед дека налог и постапка се отворени.

Прво, никаков документ не е издаден.

Второ, налогот е отворен се додека возилото е на сервис.

Итн



Да се произнесе девојката дали има или нема налог. Чудно би било да нема ако коларта влегла во сервис. Ако има, тој стои отворен дур не се реши проблемот, бар така треба да биде.

Цитат
1. Зар има дистрибутери кои не активираат гаранција? Ајде да ги пишеме со имиња, нема зашто да ги криеме

Не знам. Какви чудни закључоци изведуваш.

Цитат
2. Девојката пиша дека од 02.02 го има проблемот, пријавено е на двапати и сеуште нема никаква информација. Дури нема ни информација за тоа кога ќе има информација.

Тоа секако е грешка на Порше, но сепак не знаеме детали. Имаме само искуство од корисник. Разочаран од цвиленње на (функционални) кочници. Ич не ги оправдувам очигледно требале да најдат начин како да го решат проблемот иако се работи за минорен момент. Не е се црно и бело има и сиво.

Цитат
3. Правеле слики и не дале извештај за сработеното, значи за проблемот во моментов формално нема прием (ако јас добро разбрав).

Ако работата е во тек тогаш нема извештај до решавање на проблемот.

Цитат
4. Кочниците цвичат, ама работи возилото. Ова е опасна корелација, зашто тогаш цела козметичка штета пример ќе биде неважна се додека работи возилото. Има корозија? Што е проблем, работи возилото.

Шефе, да и нови кочници, и на нова кола и при промена знаат да цвичат. Производителите на делови цело време се довиваат да намалат трошок на производство. И за жал сите на ѓутуре тоа го премолчуваат.
Релација со козметичка заштита не би го мешал со цвилење на кочници. Точно има гаранција за козметичка заштита. За кочници што цвичат а работат - не знам, останува со ова да научиме.

Цитат
Повеќе не ми е јасно што уште третираш дека и прават услуга на девојкава, малтене другиве (ако купела Цитроен, Хјундаи, Форд итн) ќе и плеснеле врата во фаца и ќе ја избацеле од салон.

Не сум го рекол тоа. Незнам од каде си го извлекол овој твој погрешен заклучок. Постапката за утврдување на дефект во Порше е релативно брза, а испораката на заменскиот или резервен дел е ултра брз. 24-48 часа. Незнам колку си чекал испорака за воланот. Тука на Порше да, може капа да им се симне, во донос на другите.

Цитат
Едит - еве ти ситуација во гаранција со мене во Ми-Да. Воланот почна да ми цвичи на вртење, во одредени периоди. Уредно документирано, на редовен сервис констатирано (во рок од 1 час), добив информација дека за поправка мора да сигнализираат до Хјундаи и да добијат одобрување за истото. Сето ова завршено во 1 ден за 4 години стар автомобил.
Единствено не добив информација кога би било, но се додека е во некои мои граници на нормала нема да им досаѓам.

Супер, се надевам Порше МК чита и ќе унапреди. Бирократијата очигледно е поголема кај поголемите дилери во однос на помалите. Во мојата бранша е така.
Но не значи дека проблемот нема да се реши. Јас ќе се воздржам од понатамошни коментари дур не добиеме финале од девојката.



Мислам дека од толку пишување, не сфаќаш колку си контрадикторен сам на себе.

Еве што ми пиша во постот на кој ти реплицирав претходно:

TylerMkD - Секој од дистрибутерите реагира на гаранција. Еве јас во МИДА бев, два дела покриени под 5 годишната гаранција ми ги средија во 4-тата година. Н

Yarre - Одлично да чујам и ова. Во МК едно е да се подразбира а второ да функционира. Ете добра информација за Мида.

И сега после ова ми зборуваш дека чудни заклучоци изведувам дека дистрибутерите од МК не почитуваат гаранција? Читај си ја реченицата и сам изведи си заклучок.

Муабетот завршува тука, со ваков апологист на Порше Скопје не планирам да правам муабет и да трошам веќе енергија.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #86 на: 17 Февруари 2023, 15:41:47 pm »
@micika контактираше некоја од надворешните служби или спонтано испадна баш денес состанокот?
Nekoj cita tuka ili nekoj prenesuva. Ne veruvam so slucajnosti.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk



Дај боже, чекам и јас повик од МИДА тогаш за 400еур цена за екранот во Тусон.  8)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #87 на: 17 Февруари 2023, 15:57:36 pm »
@micika контактираше некоја од надворешните служби или спонтано испадна баш денес состанокот?
Nekoj cita tuka ili nekoj prenesuva. Ne veruvam so slucajnosti.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk



Дај боже, чекам и јас повик од МИДА тогаш за 400еур цена за екранот во Тусон.  8)
Да беше во гаранција, ќе беше и 0.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #88 на: 17 Февруари 2023, 16:16:20 pm »
@micika контактираше некоја од надворешните служби или спонтано испадна баш денес состанокот?
Nekoj cita tuka ili nekoj prenesuva. Ne veruvam so slucajnosti.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk



Дај боже, чекам и јас повик од МИДА тогаш за 400еур цена за екранот во Тусон.  8)
Да беше во гаранција, ќе беше и 0.

Хехе, да беше Волксваген, сега ќе можев на битпазар да го купам делот.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1302
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #89 на: 17 Февруари 2023, 17:23:29 pm »
@Mikius

Цитат
Алооо, се затвара налогот чим возилото го напушта сервисот, а во него мора да стои опис на сработено, или што треба да се сработи.
Битно се затвора налог.

Сврти нула. На алото. Не си во право. Постапката не е завршена и налогот стои отворен. Провери во билокој овластен сервис. Овие со кочнициве налогот ќе го затворат наредната недела.

@TylerMkD

Цитат
Мислам дека од толку пишување, не сфаќаш колку си контрадикторен сам на себе.

Еве што ми пиша во постот на кој ти реплицирав претходно:

TylerMkD - Секој од дистрибутерите реагира на гаранција. Еве јас во МИДА бев, два дела покриени под 5 годишната гаранција ми ги средија во 4-тата година. Н

Yarre - Одлично да чујам и ова. Во МК едно е да се подразбира а второ да функционира. Ете добра информација за Мида.

И сега после ова ми зборуваш дека чудни заклучоци изведувам дека дистрибутерите од МК не почитуваат гаранција? Читај си ја реченицата и сам изведи си заклучок.

Муабетот завршува тука, со ваков апологист на Порше Скопје не планирам да правам муабет и да трошам веќе енергија.

Не сум Баба Ванѓа да знам што мислиш а заклучокот не ми е јасен. Ако има некој кој разбрал молам да ми разјасни.
Плус апологист на Порше  :D  Еве, на пат сум кон нив да си ја земам провизијата.  ;D

Не баце, искуство со нив, каде сум имал дискусии и препирки со нив. Имало проблеми кои се решавале со денови, клипчиња докажувања. Па тоа искуство и препирки ми дава за право да те информирам за работи кои ги знам, и постапката на решавање.
Се потрудив да ти реплицирам на сите (за мене битни) ставови за кои не се сложувам со тебе. Ти одлучи да заземеш генерален став. И накалемиш.

Ете и налог - имало...