Апдејт - Задните дискови и плочки беа заменети со нови од страна на Порше, проблемот изгледаше дека е решен.
По неколку возење повторно шкрипат и тоа поприлично гласно. Најновото шкрипење по удолница во East Gate Mall.
Здраво на сите, нов член тука и за жал зашто си имам мака со Skoda Kamiq аутоматик, со највисоко ниво на операма и додатоци, платена 27.000 еур.
Ја отварам темава со две намени. Едната е искрено да ги предупредам сите што сакаат да купат Skoda Kamiq па и Skoda воопшто да размислат убаво и убаво да истражат онлајн. И да не земат возило без тест возење до средно Водно и назад и активно користење на сопирачки да видат дали ќе шкрипат. Возилото внатре е убаво и се тоа, ама кога вака се однесуваат при проблеми, за мене тоа е лош знак. Зашто никогаш не знаете дали баш вашето возило ќе има некаков дефект и после Порше ќе ве маткаат и ќе ве прават ненормални.
А втората ако успеам да најдам уште некој со истиов проблем, зашто открив дека од минатата година до сега покрај мене има уште два вакви случаи. Едниот е мануелен, мојата е аутоматик, за третиот немам повеќе инфо. Онлајн најдов и информации дека проблемот го имаат и низ Европа од сопственици на Шкоди што споделувале нивни искуства, и ми се чини дека можеби се работи за поголем и чест проблем, а не нешто инцидентно.
Повеќето од луѓето онлајн што имаа пишувано на крај сами си ги смениле дисковите и проблемот исчезнал. Ама јас искрено немам намера тоа да го правам на нова скапа кола со продолжена гаранција. Пре ќе се тужакам со нив.
Така што, ако сте купиле нова Skoda и сопирачките веднаш ви шрипат и во сервис ме маткаат/маткале, ве молам пишете ми да се преброиме.
Инаку што е проблемот накратко.
- Возило купено и земено од салон на 02.02.2023.
- Речиси на првото подолго возење почнаа сопирачките да шркипат, веднаш пријавив.
- Таму глумеа изненадени, правеа некаков си визуелен преглед, не открија ништо, ме откачија.
- Проблемот продолжи и на 13.02.2023 им ја однесов да ја проверат убаво зашто ем немаше ни 15 денови поминато, ем под гаранција.
- Односот нула, нешто као сликаа, 3 саати во сервис седев, никаква информација не даваат што прават, што се случува. На крај само ми ги вратија клучевите, демек сликале, ќе ме побарале ама не знаат кога. Одбија да ми дадат некаков извештај од сработеното, буквално немам никаков доказ дека сум била таму ни дека нешто е направено. И они ќе решеле според нивните слики дали има дефект или не, а јас немам увид во сликите на пример?
- Ме прашаа дали кочам по удолници? Па после тврдеа дека сите нови коли шкрипеле. Арно ама јас возам 15 години, сум возела и мануелни и автоматици и буквално ниедна кола не ми шкрипела при кочење освен кога им било време на кочниците да се менуваат.
Вчера им пратив мејл дека ќе им ја вратам, не знам што ќе испадне зашто ги нема од 13.02.2023, ама искрено многу сум разочарана. Особено што си го продадов Каптурот што еден проблем немаше за да се нервирам со овие несериозни и нетранспарентни.
Им пишав и на Шкода во Чешка, од таму ми се извинуваа ама сепак Порше биле должни за решавање проблемот. Што кажува дека и они се несериозни, воопшто мува не ги лази како нова кола им е дефектна, а овие тука се однесуваат како тајни агенти не даваат ни информации ни извештаи. Тоа искрено и најмногу ме разочара.
Ако имате искуство со ова или знаете некој што имал би сакала да прочитам дали ги смениле или не сопирачките, што ви рекле, колку време им требало. Инаку според гаранцијата, они имаат 30 дена да го решат проблемот, а според закон нели потрошувачот има 15 дена да врати производ и тука малку контрадикторно. Затоа јас и им побарав враќање на парите, ама којзнае што ќе биде. Искрено после ова екстремно негативно исксутво не сакам никаков контакт да имам ни со Шкода ни со Порше никогаш повеќе.
Поздрав до сите!