Автор Тема: Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки  (Прочитано 8663 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #45 на: 16 Февруари 2023, 21:52:21 pm »
Јас колку што знам, нема гаранција за потрошни материјали, специфично за кочници. Освен ако нешто не функционира во кочиониот систем. 
Мое мислење е дека е прерано да се установи грешка на кочници што не се ни разработиле како што треба. 250км се ништо за да се носат заклучоци..Може сеуште заштитниот слој не е потрошен од пакните..А може и да се трајно оштетени.

Извози 1-2000 километри и пушти се еднаш од стража надоле па после протестирај. Сепак и тогаш мислам дека немаш некое големо право на побуна..
Чисто да си знаеш, не е ова дефект. Дефект е ако не ти работат кочниците и неможеш да застанеш..

Затоа и те игнорираат за жал. Се согласувам дека треба да седнат и да ти објаснат покултурно и може сега се ќе беше ок и нема да ти се будат фрустрации..

Ова што објаснуваш е ненамерна појава на фрикција. Кај мене на Маздава, менувам два пати пакни во овластен па некогаш шкрипат, некогаш не..За мене нормално е некогаш да шкрипат, пошто возам по секакви места, топли, ладни, влажни, солени патишта, секакви улјиња на пат и што уште не..

Има тон причини што може да пореметат пакни па и дискови за после да шкрипат:
- Како да знаат дека не си поминала низ некои длабоки течности со којзнае кои хемикалии...
- Може си возела низ некои тешки фекалии низ Скопје па влијаело на материјалот па сега шкрипи..
- Може на перална кај што ја переш колата користат некој агресивен детергент.
- Може се прегреале кочниците во претходниот период па изгубиле на квалитет.
- Moже кај што паркираш има многу прашина па има песок или камчиња меѓу дискот и пакните..

И да, голем дел од нас немаат проблем а поминале низ се и сешто...Газдата мој купи нова бмв 5ка директно од Минхен, му шкрипеа кочниците ко локомотива и ги мењаше на свој трошок на прв сервис. Јебига, се дешава..

Така да, верувам дека ако смениш пакни (макар и на твој трошок), може проблемот да исчезне и да уживаш у Камикот..
За крај, честито за Шкодилакот и да му се изнавозиш

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #46 на: 16 Февруари 2023, 22:08:08 pm »
Сите спомнавте легнување, ааааа кревет????
Кај е креветот у целата прича? Најбитна работа за легнувањето.

Шала на страна.
Прими сочуство со нашите сервиси. Се надевам дека ке го решат проблемот, нема да поминуваш низ голготите на нашиот правен систем. Филмот ти е скршен, тоа е.
Максимално си во право и ако си тргнала по патот на правдата, земи си адвокат и со адвокатот во салон.

Прочитај го детално упатството, држи се стриктно до него.
Се друго е само импровизација и купување на време.
За другите коментатори. Стража, Плетвар, Ѓавато....Дечки, ај земете малку читајте кориснички упатства, а не раскажувајте прикаски за легнување и спиење.

НОВО си е НОВО и мора да финкционира беспрекорно. Не сме 16-ти век.
Ако во упатството пишува да се спушти од Стража, во право сте.
 ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #47 на: 16 Февруари 2023, 22:13:19 pm »
За 250км изминати да блокира тркалото нема да се прегреат кочниците(не сфаќајте буквално).
Ништо страшно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #48 на: 16 Февруари 2023, 23:00:27 pm »
Добро вечер,
Кај секој производител на возила можат да се протнат дефекти во призводство, а неретко се прават разни recall-и. Тоа почесто зависи од нивните добавувачи. Возејќи неколку различни возила купени од Порше Скопје, Пасат, Ауди и сега Кодиак, сите тие проблеми се решавале мислам најбрзо во однос на некои други импортери. На пасатот ми сменија радио после 2 години, на Аудито двата елетрични ретровизора и еве на Кодиакот ми сменија Акумулатор (Монбат фабрички не ми се веруваше со оглед дека марката не ја почитувам) , и еден внатрешен уред за комуникација. Не сум имал никакви проблеми ниту трошок за промените.

Ако си имала проблем, а очигледно имаш мислам дека барем Порше е еден од поспремните во ова поле. Испорака на дел за 24-48 часа, генерално питом однос од вработени, а Шкода како бренд е одличен избор во однос платено/добиено.
Јас после 33К км (2 години) имав сличен проблем со задњите кочници (гребење), кое не влегуваше во гаранција. Си испружив околу 5 иљадарки, си сменив задњи плочки и раат.
Она што предлагам, и веројатно си требала од почеток да направиш е да побараш да разговараш со директорот на сервисот. Верувам дека лесно би искомуницирале и нашле решение. Пред сите оние пријави и слично. Просто неверојатно ми е да тие имаат таков однос кон муштерија. Токму поради тој однос и брзина не се решавам да одам кај друг импортер.  Кај тебе веројатно е некаков сплет на различни околности.
Не ја продавај колата - ако се прашувам јас изборот топ. Верувам дека ќе го решиш пробемот брзо, и ќе си уживаш во колата и сите дополнителни тракатанци кои си ги порачала со неа.

ПС. Имаат одлични опции со апликацијата MySkoda истата услуга првата година е бесплатна, како и апдејтите на мапите и е „over the air". Може да ти ја активираат услугата со презентација на возачка дозвола (таква е постапката). Ако треба повеќе инфо - пиши.

Не ти го разбирам постов:
- Ти смениле делови под гаранција заради фабрички дефект
- Ти наплатиле кога било надвор од гаранција
- Супер се они, ама требала од почеток да бара да збори со директорот на сервисот

Нешто пропуштам или стварно не ми штима?

Да, да и да. Не знам што не би штимало во постот. Сите сервиси, вклучувајќи ги и нив имаат пренесени гаранции од производителите. Доколку утврдат квар во гарантниот рок, делот се менува со друг, а работната рака си се наплаќа од производителот. Ако за нешто не се сигурни го контактираат производителот за консултација. Нивните мрежи се поврзани, па дури и самиот производител прифаќа одредени дефекти дури и без да биде контактиран. Обично тоа го викаат акција, и делот се менува при прв нареден редовен сервис.
Заради тоа, дилерите на возила често се посетувани од самите производители на делови. Се проверуваат деловите кои се заменети во гаранција, или се бара записник со фотографии за уништени а заменети делови.
Со оглед дека на дилерот му е покриено СЕ во гарантен рок ( во се мислам на делови кои подлежат на гаранција со соодветно користење) , него му е во прилог тоа да го смени, без прашина. И мислам дека тоа барем во Порше го прават.
Делумно го размирам скршениот филм на девојката со цвилењето на кочниците, но мислам дека чекорите до решение се малку прерипани.
Наместо да го малку намали револтот, требала да побара асистенција од некое лице (таму) кое е на повисока позиција во однос на сервисот. Претпоставката дека тоа е директор на сервис, бренд менаџер или слично.
Фестивалот со контактирање на Шкода, пишување во форум, повторно треба да заврши во истиот сервис. Сигурно Шкода нема да и рече донеси ја колата во Млада Болеслава да ти ја средиме, туку повторно ќе упати на овластениот сервис тука.

Се надевам дека на крајот ќе го чуеме и епилогот од ова.

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #49 на: 16 Февруари 2023, 23:14:13 pm »
Па прашина и камчиња рекоа дека нема при првиот визулен преглед. Така да тоа не е.

Не знам како поинаку да кажам дека е нова кола од салон земена. Стигна во Скопје почеток на годинава, ја земав 02.02.2023. И да стоела, стоела еден месец и тоа во нивниот магацин беше (барем како што ми рекоа од продажба), значи не на прашина.
Не сум ја перела ни еднаш. Повторно, почна да шкрипи по 3-4 дена возење. Ако одење до Сопиште и назад по асфалтиран пат е некој екстремен терен, што ли ќе биде кога ќе ја носам на вистинска планина или по патишта со песок близу плажи.
Не живеам во пустина за да има прашина на паркинг.
И како за среќа или несреќа, немаше тој период некое сериозно невреме со поплави за да се рече дека биле потопени тркалата во било што. Најчесто ми е паркирана под зграда, таму не ја ни фаќа дожд.

И секогаш ми е многу интересно како некој ќе се фати што ЈАС сум правела за да го имам овој проблем небаре било кој сака ваква непотребна драма. Јас си планирав веќе да одам на пат, ама наместо тоа си го трошам времето со неспособни што не знаат да комуницираат.

Не е потрошен материјал ако е доставен оштетен. Ако купиш нови патики со изеден ѓон, мислам дека ќе сакаш да ги вратиш. А ако ги носиш три години и ти се изеде ѓонот, тоа е нормално и твоја одговорност.

Никој што дава совети тврдам дека не би бил лабав и среќен ако ја има мојава ситуација со нова кола. Искрено и се надевам дека нема да ја има. Не се ситам на туѓи маки, баш напротив се надевам дека некој ќе спаси глава од овие нервози.

И не знам како да ви објаснам дека пред оваа Рено Каптур аутоматик возена под исти околности - не шкрипеше. Пред таа кола мануелна Киа Сид, возена под исти околности - не шкрипеше. По совет со пријатели што возат со години, никому не шкрипат без причина особено не неколку дена по купување на возилото. Така да вие што сте прифатиле како нормална работа, можеби треба да одите на сервис и можеби ако повеќе луѓе ги пријавуваат овие проблеми веднаш наместо да прифаќаат дека ете така се погодило, нема дилерите да се однесуваат вака несериозно.

Кога ќе купиш нешто ново, треба да е во беспрекорна состојба. Се да работи како што треба, без шкрипење, без гребење, без тропкање. Затоа и купува човек ново. Со кола на старо може и ќе се зезнеш, нешто непланирано ќе искочи. Ама кола на ново значи во топ состојба до прв сервис.

И повторно најбитното, сум пријавела веднаш кај нив, така? Нека кажат, однесете ја не перење, возете ја до Стража, кочете нагло, било што. А да кријат работи и да ги нема со денови, тоа е само нетранспарентно и непрофесионално однесување. А ВИП треман е да прво да се фини, второ да ме пуштат преку ред, трето можеби да ме частат нешто како извинување. Обично одговарање и информирање за производ купен пред неколку дена од кај нив не е ВИП третман, тоа им е должност.

И треба да разберете дека немам јас потреба да барам менаџер или директор. Ако вработената смета дека не е нејзин домен, треба да рече извинете ова не е мој домен ќе ве исконтактира претпоставениот. Тоа е професионален однос во професионално претпријатие. Јас можам и да барам познати и другарчиња да ми средат, јасно ми е како иде кај нас. Ама не сакам да го правам тоа зашто нивниот однос не е праведен. Јас направив доволно кога им пријавив еднаш и отидов до таму. Па пријавив втор пат и отидов до таму и чекав 3 саати.

„Извинете. Ќе провериме, ќе средиме, не се секирајте, за толку и толку денови очекувајте одговор.“ Тоа ќе беше доволна комуникација за да ги нема овие нервози. И никој не може да ги оправда зашто јас од првиот момент бев коректна и отворена за соработка, а од нивна страна не добив ништо. И мило ми е што не бев сама за да имам сведок за сите глупости што ги збореа токму за фаците што брзо и лесно заклучуваат како имало неоснован револт.

А за епилог ќе видиме, секако ќе пишам. И вие што сте многу чил ако сакате ќе ви ја продадам уште утре, возете си со шкрипење убава кола, уживајте во неа. Јас ќе си најдам некоја што не шкрипи.  ;D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #50 на: 16 Февруари 2023, 23:55:03 pm »
Реално едни нови плочки се смешен трошок за производител или дистрибутер, подобро би било за нив на сопствен трошок да ти ги променат, наместо да си дозволат да губат потенцијални муштерии со тоа што ќе се зборува лошо за нив и нивниот бренд.

Оди му секој ден, да му стани јасно дека немаш намера да се откажиш и да ти звучи колата како Фап кога застанваш на семафор.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #51 на: 17 Февруари 2023, 06:03:28 am »
Јас колку што знам, нема гаранција за потрошни материјали, специфично за кочници. Освен ако нешто не функционира во кочиониот систем. 


Good one, еве ти цитат директно од Шкода

After six months or 6,500 miles, wear and tear and mechanical adjustment items will not be accepted for warranty repairs unless a manufacturing defect can be identified by a member of the ŠKODA Authorised Network as the cause.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #52 на: 17 Февруари 2023, 06:12:39 am »
Добро вечер,
Кај секој производител на возила можат да се протнат дефекти во призводство, а неретко се прават разни recall-и. Тоа почесто зависи од нивните добавувачи. Возејќи неколку различни возила купени од Порше Скопје, Пасат, Ауди и сега Кодиак, сите тие проблеми се решавале мислам најбрзо во однос на некои други импортери. На пасатот ми сменија радио после 2 години, на Аудито двата елетрични ретровизора и еве на Кодиакот ми сменија Акумулатор (Монбат фабрички не ми се веруваше со оглед дека марката не ја почитувам) , и еден внатрешен уред за комуникација. Не сум имал никакви проблеми ниту трошок за промените.

Ако си имала проблем, а очигледно имаш мислам дека барем Порше е еден од поспремните во ова поле. Испорака на дел за 24-48 часа, генерално питом однос од вработени, а Шкода како бренд е одличен избор во однос платено/добиено.
Јас после 33К км (2 години) имав сличен проблем со задњите кочници (гребење), кое не влегуваше во гаранција. Си испружив околу 5 иљадарки, си сменив задњи плочки и раат.
Она што предлагам, и веројатно си требала од почеток да направиш е да побараш да разговараш со директорот на сервисот. Верувам дека лесно би искомуницирале и нашле решение. Пред сите оние пријави и слично. Просто неверојатно ми е да тие имаат таков однос кон муштерија. Токму поради тој однос и брзина не се решавам да одам кај друг импортер.  Кај тебе веројатно е некаков сплет на различни околности.
Не ја продавај колата - ако се прашувам јас изборот топ. Верувам дека ќе го решиш пробемот брзо, и ќе си уживаш во колата и сите дополнителни тракатанци кои си ги порачала со неа.

ПС. Имаат одлични опции со апликацијата MySkoda истата услуга првата година е бесплатна, како и апдејтите на мапите и е „over the air". Може да ти ја активираат услугата со презентација на возачка дозвола (таква е постапката). Ако треба повеќе инфо - пиши.

Не ти го разбирам постов:
- Ти смениле делови под гаранција заради фабрички дефект
- Ти наплатиле кога било надвор од гаранција
- Супер се они, ама требала од почеток да бара да збори со директорот на сервисот

Нешто пропуштам или стварно не ми штима?

Да, да и да. Не знам што не би штимало во постот. Сите сервиси, вклучувајќи ги и нив имаат пренесени гаранции од производителите. Доколку утврдат квар во гарантниот рок, делот се менува со друг, а работната рака си се наплаќа од производителот. Ако за нешто не се сигурни го контактираат производителот за консултација. Нивните мрежи се поврзани, па дури и самиот производител прифаќа одредени дефекти дури и без да биде контактиран. Обично тоа го викаат акција, и делот се менува при прв нареден редовен сервис.
Заради тоа, дилерите на возила често се посетувани од самите производители на делови. Се проверуваат деловите кои се заменети во гаранција, или се бара записник со фотографии за уништени а заменети делови.
Со оглед дека на дилерот му е покриено СЕ во гарантен рок ( во се мислам на делови кои подлежат на гаранција со соодветно користење) , него му е во прилог тоа да го смени, без прашина. И мислам дека тоа барем во Порше го прават.


Пак ќе ти кажам дека не те разбирам. Овој цел дел што го објаснуваш како да се Порше Македонија УНИКАТ, е стандардна работа на секој овластен дилер и дистрибутер. Не знам дали сериозно ми објаснуваш како функционира релација дистрибутер - производител во 2022 како да е нешто невидено за мене или членови на CARCLUB форум?

Секој од дистрибутерите реагира на гаранција. Еве јас во МИДА бев, два дела покриени под 5 годишната гаранција ми ги средија во 4-тата година. Не треба да ги фалам, едноставно тоа се подразбира. Како рече Ибрахимович - не му аплаудирате на поштарот кога ќе ви донесе пошта - тоа му е работа.

Чекорите до решение не ги прерипала девојката, туку сервисот кој очигледно се заебавал. Според мене не е комплексна ситуација да бара постови од 500+ зборови:
- Имаш нов автомобил на кој му цвичат кочниците
- Освен ако не е ЈАСНО СПЕЦИФИЦИРАНО дека кочниците може да цвичат во први X километри или е дефект кој се прифаќа, тогаш треба да се заменат

Пример, кај LCD монитори имаш во гаранцијата дека до 3-4 мртви пиксели (карикирам) е ниво на толеранција. Тоа е ризик кој го прифаќаш. Овде ако нема специфицирано во документација за кочниците, тогаш за што правиме муабет?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #53 на: 17 Февруари 2023, 07:41:33 am »
На 250км буквално се подлежи под гаранција, дури и прскалка за стакло ако не прска убаво.
Значи не да не прска, туку да не прска убаво.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #54 на: 17 Февруари 2023, 07:42:40 am »
Реално едни нови плочки се смешен трошок за производител или дистрибутер, подобро би било за нив на сопствен трошок да ти ги променат, наместо да си дозволат да губат потенцијални муштерии со тоа што ќе се зборува лошо за нив и нивниот бренд.

Овој дел не ми е јасен. Толку просто, а толку едноставно.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #55 на: 17 Февруари 2023, 08:04:29 am »
Порше не можат да го оправдаат квичењето пред Шкода за да си ги наплатат плочките, ќе треба од нивни џеб 50€ од осовина да дадат.

Со овие изгледа треба будала да се правиш, не ја повозија колата изгледа за да бараат видео од квичењето.
Треба изгледа со паника да му влезиш и му викаш „не кочи колата, квичи многу ама одвај застанува, страв ми е да ја возам“.

Или пред салон, напред назад, чкрипи со кочниците како будала, не можат 30минути да те игнорираат.  ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #56 на: 17 Февруари 2023, 08:30:34 am »
1. Согласно Закон за заштита на потрошувачи, било кој и каков дел подлежи на гаранција од 6 месеци. Значи и кочници/филтри/акумулатор итн

2. Производ што е направен по нарачка (читај сакам таква и таква кола, не од залиха) не е предмет на замена. Башка колата е возена. Исклучок е акп самите сакаат.

3. Секаква коресподенција со Порше по писмен пат и извештај за сработеното

4. Најди вешто лице да ти го потврди проблемот, шознам некој на Машински, жртвувај некој денар ако треба да ти даде извештај за состојбата

5. Откако ќе комплетираш ситуација, Приговор до Државен пазарен инспекторат, со прилог се погоре од документација. Ако накдеш некој таму, уште подобро.

Со среќа и немој да се разочаруваш од колата, сигурен сум дека поради голема побарувачка, квалитетот на проверка/делови малку затаил. Ова е лесно финансиски решлив проблем.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #57 на: 17 Февруари 2023, 08:39:45 am »
- Имаш нов автомобил на кој му цвичат кочниците
- Освен ако не е ЈАСНО СПЕЦИФИЦИРАНО дека кочниците може да цвичат во први X километри или е дефект кој се прифаќа, тогаш треба да се заменат

Ова е единствениот правен аргумент. Затоа реков да се прочита упатството. Тоа е клучот за решение на сите проблеми. И адвокат за придружба. Но ако пишува дека постои веројатност да чкрипат во првите 6500 км, па после да исчезне шкрипењето, тогаш да се извозат 6500, па ако шкрипењето остане, на 6501км пак на сервис .

Само мислам дека на форумов Шкода е мајка и маќеа, така да се е дозволено и оправдано и да не сум чул лош збор за нив :D

1. Согласно Закон за заштита на потрошувачи, било кој и каков дел подлежи на гаранција од 6 месеци. Значи и кочници/филтри/акумулатор итн

2. Производ што е направен по нарачка (читај сакам таква и таква кола, не од залиха) не е предмет на замена. Башка колата е возена. Исклучок е акп самите сакаат.

3. Секаква коресподенција со Порше по писмен пат и извештај за сработеното

4. Најди вешто лице да ти го потврди проблемот, шознам некој на Машински, жртвувај некој денар ако треба да ти даде извештај за состојбата

5. Откако ќе комплетираш ситуација, Приговор до Државен пазарен инспекторат, со прилог се погоре од документација. Ако накдеш некој таму, уште подобро.

Со среќа и немој да се разочаруваш од колата, сигурен сум дека поради голема побарувачка, квалитетот на проверка/делови малку затаил. Ова е лесно финансиски решлив проблем.

Дај боже да му помогнат од ДПИ...Јас со нив сум имал многу лошо искуство, да не должам.
Само тужба преку адвокат поткрепена со правни аргументи и цитирани закони.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #58 на: 17 Февруари 2023, 08:51:22 am »
Јасни ми е, сепак е администрација, клучно е тврдењата да се поткрепени со докази, затоа наведувам што и како ќе и треба инаку лесно ќе ја откачат.

Јас сум имал мн ок искуства со нив, неколку пати до сега, е сеа јас генерално сум читал и Закон, па сум наведувал по кои членови сум оштетен.... Штета колку малку луѓе се запознаени, па не "возат" фирмиве како сакаат.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #59 на: 17 Февруари 2023, 09:17:11 am »
абе добро е што не и кажале во сервис: „Па Шкода е, да не сакаш да не квичи“ ;D

мислам дека за почеток, повик до агенција за заштита на потрошувачи е доволно и дека ќе се реши проблемот
срамно е до каде дојден односот према потрошувачот