Апсолутно и на Шкода Ауто интернационалните им пишав и ги пријавив во Државен Пазарен Инспекторат. Конкретно денес не ми ги спомнаа ни едните ни другите, туку го спомнаа мојот мејл/барање за враќање на парите. А во тој мејл им реков ако не ми одговорат дека на 17.02 (денес) ќе им ја вратам колата. Ама од Шкода Ауто ми пишуваа неколку пати дека го ескалирале случајот и дека ќе ги конктактираат. Така да немам информации ама верувам дека биле во контакт.
Денес и на едните и на другите им пишав за состанокот и наводното решавање на случајот зашто и јас сакам да бидам коректна. Факт е дека ме контактираа, беа океј, ветија решавање на проблемот и ми дадоа временска рамка кога ќе се среди.
Во врска со прашањата за налог, мислам дека имаше. Првиот пат имаше некаков плав лист, мислам тоа беше налогот. Кога рекоа дека нема прашина и камчиња (а денес па едниот спомна имало камче, се гледала линија цел круг, па после вика лошо кочење било во прашање и загревање, имало сменето боја, пак контрадикторни информации ама искрено веќе гајле ми е).
Со тоа што, на сервис ќе те примат, запишуваат во компјутер нешто (немам увид што), после бркаат работа, еве потпишете тука чао чао. И искрено првиот пат некако не ми ни светна што се случува. Вториот пат дека бев веќе така повнимателна, и викам дајте ми копија од налогов, не може, држ не дај. Јас го сликнав со телефон, ама не добив копија од него. Не смеел налогот да излезе од нивниот сервис. А од Рено секогаш ми даваа се, што е сработено како е сработено. Ама ајде да речеме можеби треба да се затвори скроз па да ми дадат НЕШТО (ма да изгледа дека нема). Ама наводно постои и печатена верзија и заведен е случајот во систем. А згора на тоа возачката книшка веќе не им била физички документ туку и таа била кај нив во систем. Значи пак немам увид што пишуваат, што прават, што заверуваат. И тоа не ми се допаѓа баш. Од сега четири очи отворени пред да потпишам нешто. Во Рено пак ќе кажам си имав и книшка и таму фино наведено кога бил сервис, што се правело и потпис и печат од сервисот.
Ја имам оваа апликацијата Шкода што дава инфо на пример кога треба на сервис, промена на уље, такви работи. Ама не гледам ништо поврзано на пример со отворени налози, такви работи. Планирам повеќе за ова да ги замарам кога ќе чекам за промената.
Пак ќе кажам на страна се ова што се случува, ако некој не ти дава убави информации за твоето возило па уште под гаранција и ново, и ти прави спрепки за добивање информации што треба да ги знаеш, не е во ред и праќа лоши сигнали. Ама ајде тоа проблем за друг ден, сега прво ова да се реши.