Автор Тема: Проблем со BMW E46 320i  (Прочитано 404 пати)

Отсутен petrolheads

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Проблем со BMW E46 320i
« на: 20 Јули 2023, 11:37:57 am »
Пред се Здраво на сите на форумов нов член сум се извинувам ако темава на погрешно место ја отварам.

Имено пред некое извесно време се подновив со BMW E46 320i бензинец 6 цилиндри, пред извесно време се соочив со проблем со виско вентилаторот кој константно работи силно на ладен старт и кога е загреана колата и се слуша звук што произлегува од вентилаторот. Виското е заменето со ново и повторно го имам проблемот што константно врти силно кога давам гас на колата и произлегува звук од вентилаторот, исто тако имам земено неколку половни виско вентилатори за проба, и повторно се соочувам со истиот проблем, температура си држи нормално моторот не прегрева, термостат имам сменето уште кога си ја купив колата. Ме интересира некој тука од членовите дали се има соочено со ваков проблем и како го има решено проблемот. Јас колку што знам виско вентилаторот треба по потреба да се уклучува а не да работи константно како што давам гас толку да врти брзо вентилаторот.

Со почит,
Никола

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Проблем со BMW E46 320i
« Одговори #1 на: 22 Јули 2023, 16:24:26 pm »
На угасната кола види рачно дали се врти слободно ? Исто внимателно задржи го со рака и заверглај (запали колата) види дали ќе стои или ќе почни да врти..
Тоа е заштрафено со обратен навој и нема шанси некако да блокира освен ако нечини виското..

Јас земав ново за кај мене 50тина евра беше и баш приметив дека на старт 20тина секунди стои вклучено врти заедно со моторот, после тоа исклучува..