Гледам се развила дискусија. Јас лично сега немам многу што да правам освен да чекам повик од нив и да видам дали ќе се среди проблемов откако ќе се направи промената.
Инаку, рекоа дека ќе сменат и дискови и плочки, комплет. Само што јас првично сфатив дека ќе ги сменат сите, ама после си го враќав муабетот дека се гледало каде има проблем. Па си викам да не сменат само на тоа тркало. Не можам да тврдам, ете ќе дознаам кога ќе ме викнат.
И тоа пишав, дека едното од тие (дисковите или плокчките) го немале на лагер, порачано е, и ќе стигне со следната пратка. Искрено тоа не ми е некој проблем, некогаш има некогаш нема делови. За тоа никогаш не сум негодувала. Не е во ред со нова кола да треба да чекам, ама не е ни крај на свет.
Кога ќе заврши процесот, ќе видам и дали ќе добијам нешто во писмена форма или дали нешто ќе се појави на апликацијата. И мислам дека рекоа дека ќе одам во сервисот на Порше Скопје, не во Шкода. Така барем сфатив, ама повторно за ова ќе дадам повеќе информации кога ќе има нешто ново на темата.
А за проблемов конкретно јас кажав, Порше немало ни да прават такво видео за шкрипење на сопирачките ако не си ја ишкаат мувата од капата. И мислам дека треба тоа видео да го пуштаат на секој купувач пред да им ги плати парите ако сакаат да се вистински транспарентни, а не откако има проблем ЕВЕ ВИДЕТЕ ГО ВИДЕОВО. Ама повторно, тоа е проблем и муабет за друг ден.