05.05.'25 беше денот кога морав да се помирам со судбината и да го превземам новото возило, па ред е да го паркирам во гаража

Бембарата почна да станува тесна за фамилијарно возило, па отприлика пред 5-6 месеци беше начната тема за соодветна замена, соодветна според потребите, а не желбите.
Последното патување во Хрватска само го забрза процесот.
Најголем проблем за мене беше, што не постои нормално возило со заден ред седишта каде може да се сместат тројца, па изборот беше СУВ или моноволуменец.
Моноволуменец некако одма испадна од комбинација, прво затоа што е ептен комбе, а второ изборот е само половно возило со оглед на понудата на нови возила кај нас.
СУВ беше компромисот кој морав да го проголтам и да се надевам дека е премин кон понатамошен избор.
Од она што разгледував, истражував, прашував, изборот требаше да се направи помеѓу 4-7 години старо, 80-100.000км Ауди Q7, Hyndai Santa Fe, Kia Sorento или нов Toyota RAV4, Skoda Kodiaq, Citroen C5 Aircross. А изборот беше меѓу овие возила заради задна клупа и средишен тунел на под.
Некако, варијантата на половно со толку км од овој тип на возила, сама се отфрли, па изборот се намали на она што се нуди тука и достапноста.
С5-ката не се нуди со соодветна моторизација и некако онаа достапната не ми влеваше доверба. Старата С5-ка со 2.0HDi е многу подобар избор, ама не се нуди повеќе.
Останаа 2 во игра, се спакувавме фамиљарно, прво во Шкода, па во Тојота. Јас наместив возачко седиште, другите си гледаа она што им одговара. Со тоа што кај Шкодата превртуваа очи, а Тојотата уште на паркинг пред салон „ја избраа“. Откако се сместија и разгледавме што како, едногласно си го избраа она во што сакаат да се возат. На мене остана да изберам опрема/моторизација.
Ако морав и јас да бирам, секако изборот ќе беше RAV4.
Не сакав дизел, а кај Шкода тоа беше изборот. На страна што читав за секакви искуства каде од нови возила пијат уље и тоа било нормално.
Ваму изборот беше бензин + струја, што сепак според мене е далеку подобра комбинација.
Како интересен факт, ќе напоменам дека задниот ред на Шкодата е скоро неприметно поширок. Најголемата разлика е во делот пред нозете и во должината на гепекот, односно во слободен воздух кој би се пренесувал при возење. Тојотата сепак има повеќе од доволно простор и пред колена и под предни седишта.
Шкода за било каква ставка допишана, се чека 4-6 месеци, а тие што има беа во нарачка не ми фаќаа око.
Тојотата ја имаше во Style опрема на лагер (последна) и можевме да ја земеме одма.
Шкодата беше поскапа.
И така се сторивме со јапанац.
Да го утупам малку и со искуство во овие 20-тина дена од како го имаме односно нешто над 400км поминати.
Станува збор за 2.5l бензинец со дополнително 2 електро мотори (еден на задна оска).
Технички спецификации и бројки има на нет, да не ја дотупувам.
Од опрема има се' што треба, како од безбедносни системи, адаптивен темпомат, автоматски долги светла итн. па до USB-C приклучоци, гајтан-лес КарПлеј, Андроид, 4-годишна претплата на Тојота сервер за апдејт на мапи итн.
Најважното е што не' собира, сосе пес.
Е сега, да разбијам неколку митови кои и јас си ги имав во глава, веројатно од премногу читање форуми и нерелевантни мислења.
- колата е пластикарија - не знам овие мислења врз основа на кои модели се извлечени или можеби има врска нивото на опрема, но колава е обложена со седишта од текстил/кожа (ќе ја викам кожа иако никој повеќе не става кожа), вратите се обложени од истата кожа, дел од шал-таблата, опшиено е со син конец и многу е пријатно за седење внатре. Долните делови од вратите се пластика и во џебовите нема теписонче (да речеме кај беемвето има). Пластиките се ОК и на допир и не делуваат воопшто лошо. Сите копчиња се фини, кликабилни, убаво означени, големи, дел се гумирани дополнително (клима, глас, режим за возење)
- возењето е тврдо, како на даска да се возиш - седиштата се удобни и задните исто така (можеби има разлика во опремата), колата е одлично подесена и за возење во град и на автопат. Мали нерамнини скоро да не се осеќаат, на автопат плива
- изолација 0, на автопат треба да се дереш за муабет да правиш - ова е 1 од 2-те поголеми глупости кои ги читав. Најмногу ја имам возено до 140 (пазам до 1.000км
)и никој од 6-те присатни во колата немаше потреба да повиши тон за разговор или да залае недај боже. Ништо погласно не е од да речеме еден премиум германски автомобил - ќе ти троши 12 на отворено - ова е втората од двете глупости, за која морам да признаам дека и јас бев скептик, иако еден наш членет клабер ме убедуваше дека нема да троши повеќе од бенџото
. Соодветни материјали ќе бидат проследени во соодветните теми. - CVT-то ќе ти ја пукне главата, како скутер да возиш - интересен склоп е и бара навикнување, моето беше некои 10-тина дена. После сфаќаш дека го има звукот само при нагло забрзување и потоа се губи. Моторот се буди при нагло забрзување, го слушаш на константен број вртежи, ама влече. Скроз не смета. Моторот е најгласен кога батеријата е празна и кога реално повеќе работи за да ја надополни батеријата отколку за возење, па оттука можеби и тоа чудно чувство дека врти моторот, а колата не оди (ова трае, не повеќе од 10-15 секунди)
- ако има уште нешто, пишете, да видам дали може да се разбие како мит

Генерален заклучок до сега.
Не се пронаоѓам во ваков тип на возило. Едноставно помирен сум дека е фаза од животот која ќе треба да се помине и гледам да се прилагодам.
НО, никогаш и со ниедно возило не сум осетил поголем лезет во возењето, поголема смиреност, тишина. Ја палиш, нема ништо, нема звук, нема вибрации, нема загревање. Стискаш на папуча и се движиш. Од друга страна, кога ќе запали моторот, постигнува работна температура за помалку од 1км, како - појма немам. Воланот е прелесен за манипулација во тесен простор.
Многу е прегледна, има големи стаклени површини и големи ретровизори.
Не сум имал искуство со други хибридни системи, ама овој е можеби доведен до совршенство. Ја гледам графиката со анимација како се распределува силата од мотор, батерија, предна/задна оска, како се дополнува батерија и си викам, да ти ибам тоа јапанците.
Сеуште не сум ја возел на кривулест пат од типот на Стража, Пресека, само до Велешко се пуштивме еднаш и можам да кажам дека сосема коректно вози, неочекувано коректно за мене.
Она што најмногу ме изненади, е потрошувачката. Смешна е за толкава кола. Не можам никако да си објаснам како може толкава кола да има потрошувачка како (па и пониска) од C1ce-то.
Него, ќе дополнувам во гаража како ќе се одвиваат работите, во меѓувреме некоја сликица.
Кога се местев да сликам се појави ѓубрево од никаде, ама успеав да штракнам 2 слики.


Почекав после да се расчити времето и да си фати патот, за да може да сликна нормални слики за на форум







