Здраво дечки, фала на сите што коментиравте и споделивте ситуации и искуства. Пак ќе кажам и ќе препорачам до сите ако имаат било каков проблем да се бунат, да пријават. Потрошувачкиет права мора да се почитуваат без разлика дали е купено нешто од 10 денари или од 27000 евра. Не смее да се прифаќа несериозен и нетранспарентен однос.
И не се расправајте меѓу себе, нема потреба. Секој имал различни искуства, некој имал помош од познати, некој земал адвокат, некој не се ни пожалил. Ама сите сме од истрата страна на потрошувачи и треба заедно да се бориме за нашите права.
Еве што се случи денеска.
Сабајле ме побара нивниот директор на постпродажба и ме покани на состанок. Бев таму, во конференциска, имаше вкупно четворица од нивниот тим и јас си носев уште една личност зашто секогаш сакам да имам сведок.
Беа сосема коректни, ја објаснија цела ситуација. До некој степен признаа дека имало дупка во комуникацијата, се извинија, ми го пуштаа видеото од Порше тука што беше споделено.
Јас им раскажав пак како беше што беше, им реков кои се проблемите, зошто сум загрижена и сето тоа. Ќе речам дека добив разбирање, дали стварно мислат дека сум во право или само сакаа да се реши проблемот без понатамошни нервози не можам да тврдам.
Ме убедуваа дека се работело на проблемот иако не сум била соодветно известена за тоа. И дека конечно денес добиле ОДОБРЕНИЕ од Шкода да ги сменат и плочките и дисковите. Прашав што било работата, и рекоа дека на сликите се гледало некаков проблем. Ме убедуваа дека освен тој проблем што е поврзан со КОМФОР дека возилото е исправно и нема никакви дефекти и е безбедно да се вози.
Едно нешто што до некаде не ми направи мерак ама ќе видиме што ќе биде е тоа што јас пак им реков дека сакам на писмено да добијам дека колата е во топ состојба и е безбедна за возење. И повторно муабетот тоа не било практика, имале се во системот. Ама јас немам пристап до системот и немам увид што е внесено, а по ова искуство не знам дали имам доверба во нивниот систем.
Бидејќи немале едно од тие две (не ме фаќајте на збор, имале плочки немале дискови или обратно), таквите се веќе порачани и ќе стигнат следна недела. Ќе ме побараат следна недела да ги сменат, па ќе правиме тест возење со нивен вработен и јас за да видиме дека е како што треба.
И ќе признаам дека генерално сакаа позитивно да се заврши ова и за мене и за нив и беа професионални. Јас се надевам дека ќе биде така, ама додека не е готово не можам да тврдам.
Засега барем имам информација што се случува и што ќе се случува и можам да очекувам средување на проблемот следна недела.