Автор Тема: Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки  (Прочитано 8703 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #60 на: 17 Февруари 2023, 09:45:20 am »
@TylerMkD

Ај вака ќе расецкам.

Цитат
Пак ќе ти кажам дека не те разбирам. Овој цел дел што го објаснуваш како да се Порше Македонија УНИКАТ, е стандардна работа на секој овластен дилер и дистрибутер. Не знам дали сериозно ми објаснуваш како функционира релација дистрибутер - производител во 2022 како да е нешто невидено за мене или членови на CARCLUB форум?

Одговорот на твоите три прашања ти го дадов во првата реченица. Остатокот е да објаснам на девојката како функционира системот при евентуален проблем. Веројатно требаше да маркирам. Порше МК уникат ? Абе ајде.

Цитат
Секој од дистрибутерите реагира на гаранција. Еве јас во МИДА бев, два дела покриени под 5 годишната гаранција ми ги средија во 4-тата година. Не треба да ги фалам, едноставно тоа се подразбира. Како рече Ибрахимович - не му аплаудирате на поштарот кога ќе ви донесе пошта - тоа му е работа.

Одлично да чујам и ова. Во МК едно е да се подразбира а второ да функционира. Ете добра информација за Мида.  Не аплаудирам на поштарот. Ич.
Колку разбрав, на девојката и рекле ќе те контактираме. Постапката, макар и за факинг плочки си бара време.

Цитат
Чекорите до решение не ги прерипала девојката, туку сервисот кој очигледно се заебавал. Според мене не е комплексна ситуација да бара постови од 500+ зборови:
- Имаш нов автомобил на кој му цвичат кочниците
- Освен ако не е ЈАСНО СПЕЦИФИЦИРАНО дека кочниците може да цвичат во први X километри или е дефект кој се прифаќа, тогаш треба да се заменат

Форумските правила не го ограничуваат бројот на зборови. Како корисник можеш да прочиташ, или можеш да прескокнеш.
На автомобилот му цвичат кочниците. Тоа утврдивме. За тоа има постапка. Кај дистрибутерот и по МК закон. Таа треба да се спроведе, и има одредено време. И кај доктор со мој термин некогаш чекаш + 3 саати.   

Цитат
Пример, кај LCD монитори имаш во гаранцијата дека до 3-4 мртви пиксели (карикирам) е ниво на толеранција. Тоа е ризик кој го прифаќаш. Овде ако нема специфицирано во документација за кочниците, тогаш за што правиме муабет?

Малце незгодна споредба. Кочниците цвичат. Се крши меракот. Ама тоа не значи нефункционирање на возилото. Истото може да се вози и да се биде малку трпелив додека се реши проблемот. Неа не и рекле од“еби него дека ќе ја контактираат. Негледам зошто да не го направат тоа, со оглед дека налог и постапка се отворени.

Постапката иако некогаш сите сме со краток фитил, е во тек.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #61 на: 17 Февруари 2023, 09:46:55 am »
Potpolno ja razbiram.... Site so probuvate da gi opravdate opnete 30 000evra i da vidam kako ke se custvuvate koga bi nale problem a drugata strana ve drzi vo informativen mrak. Sramota, katastrofa

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #62 на: 17 Февруари 2023, 10:04:40 am »
Добро бе тоа стоките неписмени во сервис ги мрзи ли да стаат нови плочки да видат како ќе биде? Ебани 50€ е тоа да го направат, дебили.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #63 на: 17 Февруари 2023, 10:31:39 am »
Site so probuvate da gi opravdate opnete 30 000evra i da vidam kako ke se custvuvate koga bi nale problem a drugata strana ve drzi vo informativen mrak.

Немаше ни да отворат тема на форумов од срам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #64 на: 17 Февруари 2023, 10:46:37 am »
Цитат
Негледам зошто да не го направат тоа, со оглед дека налог и постапка се отворени.

Прво, никаков документ не е издаден.

Второ, налогот е отворен се додека возилото е на сервис.

Итн


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #65 на: 17 Февруари 2023, 10:48:53 am »

Малце незгодна споредба. Кочниците цвичат. Се крши меракот. Ама тоа не значи нефункционирање на возилото. Истото може да се вози и да се биде малку трпелив додека се реши проблемот. Неа не и рекле од“еби него дека ќе ја контактираат. Негледам зошто да не го направат тоа, со оглед дека налог и постапка се отворени.

Постапката иако некогаш сите сме со краток фитил, е во тек.

Работен налог без копија за потрошувачот, лесно се кини, женската нема никаква документација, како извештај од истиот.
Мене ми личи на класично избегнување на проблем. Купуваат време на неограничено со надеж дека ќе престанат да квичат кочниците или сопственикот ќе се помири. Ако има некој лимит во километри кога тие почнуваат да се рачунаат како потрошен материјал, дефинитивно ќе му понудат промена на плочки на сите 4 тркала, пример на прв сервис, и ко ќе можат да и наплатат.


- Проблемот продолжи и на 13.02.2023 им ја однесов да ја проверат убаво зашто ем немаше ни 15 денови поминато, ем под гаранција.
- Односот нула, нешто као сликаа, 3 саати во сервис седев, никаква информација не даваат што прават, што се случува. На крај само ми ги вратија клучевите, демек сликале, ќе ме побарале ама не знаат кога. Одбија да ми дадат некаков извештај од сработеното, буквално немам никаков доказ дека сум била таму ни дека нешто е направено. И они ќе решеле според нивните слики дали има дефект или не, а јас немам увид во сликите на пример?

Или чекаат одговор од „производителот“ со дозвола за промена на плочки/дискови на трошок на производителот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #66 на: 17 Февруари 2023, 10:49:50 am »
Пак ќе кажам, не е проблем со Шкодата, со Порше Скопје е проблемот.
Кола ко кола, нормално е за секој производител да има некоја утка од фабрика кај одредено возило.
Затоа е гарантен рок да се санираат тие работи.

Јас мислам оддамна Порше Скопје ќе изгубеше екслузивитет за Шкода во Скопје, да не беа дел од корпорацијата.

@micika 02 260 3744 Љупчо им е главен за вакви работи и јас со него пепел се имам направено. Слободно можеш и ти да му накажеш што треба.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #67 на: 17 Февруари 2023, 11:11:19 am »
Недавање документ со потпис и печат за прием на возило и опис е еднакво како ситуацијата што ја пријавуваш да не постоела.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #68 на: 17 Февруари 2023, 11:43:49 am »
@TylerMkD

Ај вака ќе расецкам.

Цитат
Пак ќе ти кажам дека не те разбирам. Овој цел дел што го објаснуваш како да се Порше Македонија УНИКАТ, е стандардна работа на секој овластен дилер и дистрибутер. Не знам дали сериозно ми објаснуваш како функционира релација дистрибутер - производител во 2022 како да е нешто невидено за мене или членови на CARCLUB форум?

Одговорот на твоите три прашања ти го дадов во првата реченица. Остатокот е да објаснам на девојката како функционира системот при евентуален проблем. Веројатно требаше да маркирам. Порше МК уникат ? Абе ајде.

Цитат
Секој од дистрибутерите реагира на гаранција. Еве јас во МИДА бев, два дела покриени под 5 годишната гаранција ми ги средија во 4-тата година. Не треба да ги фалам, едноставно тоа се подразбира. Како рече Ибрахимович - не му аплаудирате на поштарот кога ќе ви донесе пошта - тоа му е работа.

Одлично да чујам и ова. Во МК едно е да се подразбира а второ да функционира. Ете добра информација за Мида.  Не аплаудирам на поштарот. Ич.
Колку разбрав, на девојката и рекле ќе те контактираме. Постапката, макар и за факинг плочки си бара време.

Цитат
Чекорите до решение не ги прерипала девојката, туку сервисот кој очигледно се заебавал. Според мене не е комплексна ситуација да бара постови од 500+ зборови:
- Имаш нов автомобил на кој му цвичат кочниците
- Освен ако не е ЈАСНО СПЕЦИФИЦИРАНО дека кочниците може да цвичат во први X километри или е дефект кој се прифаќа, тогаш треба да се заменат

Форумските правила не го ограничуваат бројот на зборови. Како корисник можеш да прочиташ, или можеш да прескокнеш.
На автомобилот му цвичат кочниците. Тоа утврдивме. За тоа има постапка. Кај дистрибутерот и по МК закон. Таа треба да се спроведе, и има одредено време. И кај доктор со мој термин некогаш чекаш + 3 саати.   

Цитат
Пример, кај LCD монитори имаш во гаранцијата дека до 3-4 мртви пиксели (карикирам) е ниво на толеранција. Тоа е ризик кој го прифаќаш. Овде ако нема специфицирано во документација за кочниците, тогаш за што правиме муабет?

Малце незгодна споредба. Кочниците цвичат. Се крши меракот. Ама тоа не значи нефункционирање на возилото. Истото може да се вози и да се биде малку трпелив додека се реши проблемот. Неа не и рекле од“еби него дека ќе ја контактираат. Негледам зошто да не го направат тоа, со оглед дека налог и постапка се отворени.

Постапката иако некогаш сите сме со краток фитил, е во тек.

Извини не знам како се прави мултицитат тука - не ми успеа. Ќе пробам со точки:

1. Зар има дистрибутери кои не активираат гаранција? Ајде да ги пишеме со имиња, нема зашто да ги криеме
2. Девојката пиша дека од 02.02 го има проблемот, пријавено е на двапати и сеуште нема никаква информација. Дури нема ни информација за тоа кога ќе има информација.
3. Правеле слики и не дале извештај за сработеното, значи за проблемот во моментов формално нема прием (ако јас добро разбрав).
4. Кочниците цвичат, ама работи возилото. Ова е опасна корелација, зашто тогаш цела козметичка штета пример ќе биде неважна се додека работи возилото. Има корозија? Што е проблем, работи возилото.


Јас ти зборам за граници на толеранција, инаку се знае како треба и не треба да работи возило. Ако не треба да цвичат кочници, тогаш треба да и ги заменат. Ако треба да цвичат, мора да е специфицирано некаде.

Повеќе не ми е јасно што уште третираш дека и прават услуга на девојкава, малтене другиве (ако купела Цитроен, Хјундаи, Форд итн) ќе и плеснеле врата во фаца и ќе ја избацеле од салон.

Едит - еве ти ситуација во гаранција со мене во Ми-Да. Воланот почна да ми цвичи на вртење, во одредени периоди. Уредно документирано, на редовен сервис констатирано (во рок од 1 час), добив информација дека за поправка мора да сигнализираат до Хјундаи и да добијат одобрување за истото. Сето ова завршено во 1 ден за 4 години стар автомобил.
Единствено не добив информација кога би било, но се додека е во некои мои граници на нормала нема да им досаѓам.

Ги прашав дали е проблем од механички аспект, односно да не ја возам колата - рекоа дека нема гајле.

Што е толку комплицирано тука?

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #69 на: 17 Февруари 2023, 12:24:22 pm »
Цитат
Негледам зошто да не го направат тоа, со оглед дека налог и постапка се отворени.

Прво, никаков документ не е издаден.

Второ, налогот е отворен се додека возилото е на сервис.

Итн



Да се произнесе девојката дали има или нема налог. Чудно би било да нема ако коларта влегла во сервис. Ако има, тој стои отворен дур не се реши проблемот, бар така треба да биде.

Цитат
1. Зар има дистрибутери кои не активираат гаранција? Ајде да ги пишеме со имиња, нема зашто да ги криеме

Не знам. Какви чудни закључоци изведуваш.

Цитат
2. Девојката пиша дека од 02.02 го има проблемот, пријавено е на двапати и сеуште нема никаква информација. Дури нема ни информација за тоа кога ќе има информација.

Тоа секако е грешка на Порше, но сепак не знаеме детали. Имаме само искуство од корисник. Разочаран од цвиленње на (функционални) кочници. Ич не ги оправдувам очигледно требале да најдат начин како да го решат проблемот иако се работи за минорен момент. Не е се црно и бело има и сиво.

Цитат
3. Правеле слики и не дале извештај за сработеното, значи за проблемот во моментов формално нема прием (ако јас добро разбрав).

Ако работата е во тек тогаш нема извештај до решавање на проблемот.

Цитат
4. Кочниците цвичат, ама работи возилото. Ова е опасна корелација, зашто тогаш цела козметичка штета пример ќе биде неважна се додека работи возилото. Има корозија? Што е проблем, работи возилото.

Шефе, да и нови кочници, и на нова кола и при промена знаат да цвичат. Производителите на делови цело време се довиваат да намалат трошок на производство. И за жал сите на ѓутуре тоа го премолчуваат.
Релација со козметичка заштита не би го мешал со цвилење на кочници. Точно има гаранција за козметичка заштита. За кочници што цвичат а работат - не знам, останува со ова да научиме.

Цитат
Повеќе не ми е јасно што уште третираш дека и прават услуга на девојкава, малтене другиве (ако купела Цитроен, Хјундаи, Форд итн) ќе и плеснеле врата во фаца и ќе ја избацеле од салон.

Не сум го рекол тоа. Незнам од каде си го извлекол овој твој погрешен заклучок. Постапката за утврдување на дефект во Порше е релативно брза, а испораката на заменскиот или резервен дел е ултра брз. 24-48 часа. Незнам колку си чекал испорака за воланот. Тука на Порше да, може капа да им се симне, во донос на другите.

Цитат
Едит - еве ти ситуација во гаранција со мене во Ми-Да. Воланот почна да ми цвичи на вртење, во одредени периоди. Уредно документирано, на редовен сервис констатирано (во рок од 1 час), добив информација дека за поправка мора да сигнализираат до Хјундаи и да добијат одобрување за истото. Сето ова завршено во 1 ден за 4 години стар автомобил.
Единствено не добив информација кога би било, но се додека е во некои мои граници на нормала нема да им досаѓам.

Супер, се надевам Порше МК чита и ќе унапреди. Бирократијата очигледно е поголема кај поголемите дилери во однос на помалите. Во мојата бранша е така.
Но не значи дека проблемот нема да се реши. Јас ќе се воздржам од понатамошни коментари дур не добиеме финале од девојката.

« Последно менување: 17 Февруари 2023, 12:33:08 pm yarre »

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #70 на: 17 Февруари 2023, 12:41:29 pm »
Здраво дечки, фала на сите што коментиравте и споделивте ситуации и искуства. Пак ќе кажам и ќе препорачам до сите ако имаат било каков проблем да се бунат, да пријават. Потрошувачкиет права мора да се почитуваат без разлика дали е купено нешто од 10 денари или од 27000 евра. Не смее да се прифаќа несериозен и нетранспарентен однос.

И не се расправајте меѓу себе, нема потреба. Секој имал различни искуства, некој имал помош од познати, некој земал адвокат, некој не се ни пожалил. Ама сите сме од истрата страна на потрошувачи и треба заедно да се бориме за нашите права.

Еве што се случи денеска.

Сабајле ме побара нивниот директор на постпродажба и ме покани на состанок. Бев таму, во конференциска, имаше вкупно четворица од нивниот тим и јас си носев уште една личност зашто секогаш сакам да имам сведок.

Беа сосема коректни, ја објаснија цела ситуација. До некој степен признаа дека имало дупка во комуникацијата, се извинија, ми го пуштаа видеото од Порше тука што беше споделено.  :)

Јас им раскажав пак како беше што беше, им реков кои се проблемите, зошто сум загрижена и сето тоа. Ќе речам дека добив разбирање, дали стварно мислат дека сум во право или само сакаа да се реши проблемот без понатамошни нервози не можам да тврдам.

Ме убедуваа дека се работело на проблемот иако не сум била соодветно известена за тоа. И дека конечно денес добиле ОДОБРЕНИЕ од Шкода да ги сменат и плочките и дисковите. Прашав што било работата, и рекоа дека на сликите се гледало некаков проблем. Ме убедуваа дека освен тој проблем што е поврзан со КОМФОР дека возилото е исправно и нема никакви дефекти и е безбедно да се вози.

Едно нешто што до некаде не ми направи мерак ама ќе видиме што ќе биде е тоа што јас пак им реков дека сакам на писмено да добијам дека колата е во топ состојба и е безбедна за возење. И повторно муабетот тоа не било практика, имале се во системот. Ама јас немам пристап до системот и немам увид што е внесено, а по ова искуство не знам дали имам доверба во нивниот систем.

Бидејќи немале едно од тие две (не ме фаќајте на збор, имале плочки немале дискови или обратно), таквите се веќе порачани и ќе стигнат следна недела. Ќе ме побараат следна недела да ги сменат, па ќе правиме тест возење со нивен вработен и јас за да видиме дека е како што треба.

И ќе признаам дека генерално сакаа позитивно да се заврши ова и за мене и за нив и беа професионални. Јас се надевам дека ќе биде така, ама додека не е готово не можам да тврдам.

Засега барем имам информација што се случува и што ќе се случува и можам да очекувам средување на проблемот следна недела.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #71 на: 17 Февруари 2023, 13:11:56 pm »
Истиов звук го имам забележано и на Шкода Октавиа и Карок, итоа од далеку се слушаше кога прикочуваа луѓето а нови возила. Квалитетот е во прашање. Не им попуштај на тие и Порше да се заозбилат и да си го решат проблемот

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #72 на: 17 Февруари 2023, 13:13:50 pm »
Значи го читаат форумов и реагираат соодветно уште сабајлечки :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #73 на: 17 Февруари 2023, 13:23:26 pm »
@yarre

Од сервис не смее да ти го предадат возилото без затворен и потпишан од тебе налог и опис на извршени работи.
Или поинаку кажано, местото на колата и е во сервис доколку е сеуште отворен налогот.
Згора има и рок до кој можат да ти ја држат колата во сервис, над тој рок ако не успеат да ја поправат должни се да дадат ново возило.
А во меѓувреме додека ти виси колата у сервис да обезбедат заменски возило со полн резервоар.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #74 на: 17 Февруари 2023, 13:30:00 pm »
Таман спремив ќесата пуканки, ама ете... среќно заврши филмот :)

@micika внимателно со новите кочници кога ќе ги монтираат, првите 200-300 километри понежно кочење (секако, доколку мора, ќе си кочиш како што треба), бидејќи сите производители на дискови и кочници препорачуваат период на bedding in, односно „налегнување“ на површините од плочките со дисковите. Исто и внимавај во тој период, кога ќе симнуваш долги надолнини, да не ти биде ногата цело време на кочница, да не се прегреат површините на дисковите.

Со среќа и без проблеми да си го возиш новото возило понатака :)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.