Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 558373 пати)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2982
Видов дека го има и во иверка варијанта, мислам дека е U702 ST9, а медијапанот е U702 PM (PerfectMatt).
Ме замисли сега... Цената на медијапан табла (2.8m на 2m) е 16000 денари, а на иверката е 5500...
А и не го разбрав делот со без рачки разликата иверка vs медијапан, a мислам дека така сакам.

За плотна и за ѕидна облога (помеѓу плотната и горните елементи, не сакам плочки) - одбрав исто Egger, Calais Travertine.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11901
  • Архитект
Како што ти кажа колегата @MartinAlfista, медијапан е добро да го користиш ако некој ти го фарба. Ако правиш некакви заоблени работи, некакви скриени рачки, оборени ивици итн...
Ако земаш медијапан и му ставиш кант трака, ништо не си направил.  Подобро земи си иверка и свиркај си.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18190
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Обично кога се оди на кујна без рачки, горниот раб од вратичката се сече под 45° и се кантира, за да можеш да ја фатиш и отвориш вратичката полесно.

Порано тоа беше ексклузивно резервирано за MDF, сега може и иверка така да се обработи.

Од истата иверка девојка ми правеше плакари, одлично изгледа и нема потреба од MDF кога ја има истата боја.

Сметај исто, дека таблата MDF во димензии е помала од таблата иверка, па ќе ти требаат повеќе табли MDF од што би ти требале табли иверка за да го комплетираш лицето на кујната.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2939

Купатило уредување ме фати 3500 евра за 8м2  и машина за перење и сушење.
Плочки 20-30 евра м2 со лепење.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk

Не знам зошто пресметка за купатило кога мислам дека тоа си доаѓа од инвеститорот (освен нормално бела техника).
Своерачен потпис ;)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2982
Исти се таблите во димензии и за иверката и за медијапанот на Егер-ов (2800x2070x18)

Него, не го разбрав @osmica8 . Зошто не иде MDF-то и кант трака?
Јас како што разбирам - медијапан плочата што ја гледам е фабрички готова за сечење (со аплицирана боја и со фолијата), а потоа и за кантирање.
Мислиш да се фарбаат наместо кант траки?

Инаку - вчера читав по Фејсбук групи.
Има разлика во двата модели во смисла на рапавост (иверката била доста порапава и наводно доста потешко за пребришување), иако бојата технички е иста.



Не се оправдувам за да земам медијапан, чисто си ја расчистувам дилемата...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5263
  • The Spartan General
Едно прашање до експертите: Што е разликата меѓу медијапан и МДФ? Освен за вратички, за ништо друго не се користи ни едното ни другото. Едноставно материјалот собира премногу влага и вода.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18190
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Се кантира исто како иверка ама нема поента бидејќи е (буквално) 3 пати поскапо.

Осмица, а и јас, вика дека MDF (уствари HDF бил медијапанот, се извинувам) е соодветен ако сакаш онакви рустични дизајни кај што средината на панелот е како резбана/вдлабната, или ако сакаш заоблени рабови, или ако сакаш нешто трето што не може да се изведе од иверка. За сечење под 45° и кантирање, и иверка е совршена и 3 пати (буквално) поевтина.

Ако ти вреди маргинално полесно одржување 3 пати повеќе, тогаш продолжи си со мислата.

95% од мачканиците на конкретната иверка излегуваат со мокра "Виледа" и пребришување со сува крпа после. Што не излага така, излага со малце сјај или средство за стакло.

Фала ти на корекцијата за димензиите на таблата, порано HDF таблите беа помали, 2/3 од големината на иверката.

П.С. Зборот "медијапан" е веројатно балканска изведеница од "Made in Japan", што веројатно е државата од кај што дошле првите такви плочи ;D
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7429
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Мораш да одиш во живо да видиш, не му ги знам јас термините за површината, софт/хард/сјај, итн... ама ете во Битола дека имаме малку помал избор, и површината/ текстурата на медијапанот на допир и изглед е попремиум.
Пример бела иверка и бел медијапан мат разликата е небо и земја, а преку веб тие работи не се гледаат, а дали има бела иверка со премиум површина Скопје не знам.

Дали специфичната иверка и медијапан шо ги бараш се исти во текстурата не знам, ама ако се различни мораш на лице место да си пресечиш, а дали вреди или не тоа е лична работа.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Исти се таблите во димензии и за иверката и за медијапанот на Егер-ов (2800x2070x18)

Него, не го разбрав @osmica8 . Зошто не иде MDF-то и кант трака?
Јас како што разбирам - медијапан плочата што ја гледам е фабрички готова за сечење (со аплицирана боја и со фолијата), а потоа и за кантирање.
Мислиш да се фарбаат наместо кант траки?

Инаку - вчера читав по Фејсбук групи.
Има разлика во двата модели во смисла на рапавост (иверката била доста порапава и наводно доста потешко за пребришување), иако бојата технички е иста.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Не се оправдувам за да земам медијапан, чисто си ја расчистувам дилемата...
И јас ставив иверка 702 ст9 во кујната и плакари во ходник, инаку не е воопшто рапаво за да прави проблем при чистење.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2982
Да да, фала Мартин на деталното објаснување. И фала Дудин, еве од прва рака имам мислење за тој модел.
Ништо, ќе остане да видам крајната цена колку ќе е разликата (тишлерот треба да ми каже колку табли ќе ми требаат) и да ги видам/опипам двата модела во живо.

@dudin - А внатрешно во кујнските елемени како ги реши (полиците/преградите и задните плочи)?
Бела иверица или?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4432

Купатило уредување ме фати 3500 евра за 8м2  и машина за перење и сушење.
Плочки 20-30 евра м2 со лепење.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk

Не знам зошто пресметка за купатило кога мислам дека тоа си доаѓа од инвеститорот (освен нормално бела техника).

Јас сега брзо гледав едни станови во градба, за некој месец готови ќе се. Им велам каков под ќе има, ми вели тоа на вас е...треба да си одбериме а вие да наместите? Ми велат не, сами да си платиме под, плочки внатрешни врати, сами мајстори да си најдиме за нив. Му велам кој при здрав разум купува од вас стан...
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Да да, фала Мартин на деталното објаснување. И фала Дудин, еве од прва рака имам мислење за тој модел.
Ништо, ќе остане да видам крајната цена колку ќе е разликата (тишлерот треба да ми каже колку табли ќе ми требаат) и да ги видам/опипам двата модела во живо.

@dudin - А внатрешно во кујнските елемени како ги реши (полиците/преградите и задните плочи)?
Бела иверица или?
Полиците бели да, инаку грешка сум со 702 ст9, на крај одбравме U156 за лицето на кујната и плакарите заради тоа што U156 изгледаше многу подобро без светло и се вклопуваше подобро со 3154 st9 (втората иверка за вратичките). Без директна светлина 702 беше многу сива (U156 има примеси на црвена), столарот донесе мустра од двете иверки и кога ги ставивме една до друга на позицијата кај што е кујната огромна разлика имаше - ако имаш можност истото да го направиш обавезно направи таков тест. Работна површина и ѕидна облога ставивме Egger F237 st76

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2605
Како и да го опремиш за многу кратко време ќе се навикнеш и нема да ти биде гајле. Глеј да имаш удобен кревет, удобна гарнитура, удобни трпезариски столици и фин тв. Најголемиот луксуз е што ќе имаш твој стан и ќе живееш на мир.

Што ќе ти остане од парите потроши на авионски карти.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2982
За каква разлика прави квалитетен душек (па и генерално подлоги за лежење/седење) свесен сум за одамна.

А за ТВ - ќе изненадам  ;D
Циљам на OLED, но буџетот кочи, ама може да се погоди некоја акција од продавнициве...

Eве уште некоја сликичка од дрон, од минатата недела:















« Последно менување: 31 Август 2026, 12:01:39 pm balanar »

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637

Бела техника 2000-2500 евра ( фрижидер, машина за садови, аспиратор, плотна и рерна) висока класа Бош, ЛЏ итн


2000 евра за бела техника во кујна од Бош само најефтините работи од Бош ако ги земаш (а нејќеш да ги земаш најефтините). Јас би буџетирал 3000 за средна класа Бош (индукциска плотна, солидна рерна). Во едниот стан имам Бош Серија 4 рерна а во другиот Серија 6. Серија 6 загрева 3 пати побрзо од 4, а е 2 генерации постара.